Најмалку 10 лица загинаа, а 27 се ранети во експлозија на автомобил бомба во шиитскиот кварт во Багдад, соопшти денеска ирачката полиција. Автомобилот бомба бил паркиран во северозападниот дел на Багдад, кога доцна синоќа бил активиран експлозивот.
Багдад Најмалку 20 лица загинаа, а исто толку се ранети во напад што бомбаш - самоубиец го изврши денеска во еден ресторан во центарот на Багдад. Во нападот загинаа и најмалку пет ирачки полицајци. Бомбашот го активирал експлозивот за време на ручек кога во ресторанот имало многу луѓе.
Нов бран самоубиствени бомбашки напади во Ирак БАГДАД - Во експлозии на автомобили-бомби што се случија вчера во Багдад и северниот дел на Ирак, загинаа најмалку 19 лица, а повеќе од 40 беа повредени, и претставуваат најнов бран самоубиствени бомбашки напади во кои од април загинаа стотици лица.
БАГДАД, 8 јуни (Ројтерс) - Четворица самоубијци бомбаши вчера извршија напади во Багдад и во северен Ирак во кои загинаа најмалку 14 луѓе, а 22 беа повредени. БАГДАД, 8 јуни (Ројтерс) - Четворица самоубијци бомбаши вчера извршија напади во Багдад и во северен Ирак во кои загинаа најмалку 14 луѓе, а ...
Најмалку 22 лица го загубија животот, а 39 се ранети во 4 одвоени напади во северен Ирак. До првиот напад дошло во градот Хавиџа, 240 километри северно од Багдад. Експлозијата ја предизвикала поставена бомба, а потоа следувале уште три самоубиствени напади во Бигар, Дибис и на влезот во Хавиџа.
Багдад Бомбаш самоубиец активира автомобил бомба пред влезот во една џамија во багдадскиот кварт Камалија, при што неколку лица се убиени, соопшти полицијата. Бомбашот го активирал експлозивот во моментот кога верниците излегувале од џамијата по петочната молитва.
Киркук Најмалку 14 лица загинаа во експлозии на три автомобили – бомби што речиси истовремено се случија денеска во северниот ирачки град Хавиџа. Болнички избори соопштија дека бројката на загинати не е конечна, бидејќи во нападите се ранети 19 лица, од кои неколку се во тешка состојба.
Багдад Засега непознати лица денеска во Багдад го убија високиот полициски претставник Ријад Абдел Карим, соопшти ирачката полиција. Заменик началникот на полицијата бил убиен пред неговата куќа во Багдад. Најмалку четворица полицајци загинаа, а 14 лица се повредени во силната експлозија ...