TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Суспендирани двајца затворски чувари

Дневник - 28.09.2006

Се' уште е во бегство криминалецот Енвер Зимери, кој во неделата вечерта избега од истражниот затвор „Шутка“. Полицијата презеде засилени мерки за апсење на озлогласениот криминалец, но не соопштува дали Зимери избегал преку државната граница или се крие во земјава.

Двајца чувари суспендирани

Време - 28.09.2006

ЗАТВОР ШУТО ОРИЗАРИ Двајца чувари се суспендирани, а Костадинчо Ефремов, директорот на Управата за извршување на санкции бил разрешен поради бегството на притвореникот Енвер Зимери од скопскиот затвор во Шуто Оризари, соопшти Михајло Маневски, министерот за правда.

Суспендирани двајца стражари

Вест - 28.09.2006

ПО СПЕКТАКУЛАРНОТО БЕГСТВО НА ЗАТВОРЕНИК ОД ЗАТВОРОТ ВО ШУТКА Двајца надзорници се суспендирани, а во текот на денешниот ден се очекува да биде поведена и дисциплинска постапка и против двајца други раководители во затворот во Шутка одговорни за спектакуларното вооружено бегство на Енвер Зимери, ...

Суспендирани двајца надзорници во затворот Шутка

А1 - 27.09.2006

Двајца надзорници вработени во затворот Шутка се суспендирани. Мерка која доаѓа по бегството на Енвер Зимери пред три дена. Министерот Маневски најави дека за случајот се води истрага. „За случајот со бегството мислам дека веќе се суспендирани двајца надзорници.

Суспендирани двајца чувари во „Шутка“ - се утврдува кој се го посетувал избеганиот Зимери

Канал5 - 27.09.2006

Притворениот Енвер Зимери кој избега по само 12 дена поминати во истражниот затвор „Скопје“ најмалку два пати имал посета од надворешни лица, тврдат за Канал 5 извори во затворот. Притворениот Енвер Зимери кој избега по само 12 дена поминати во истражниот затвор Скопје најмалку два пати имал посета ...

Бегалецот имал помош и од чувари во затворот

Време - 27.09.2006

СКОПСКИОТ ПРИТВОР ПРЕПОЛН И ПРЕОТВОРЕН Александар Божиновски Енвер Зимери, притвореникот од Чаир што во саботата со помош на своите браќа успеал да избега од истражниот затвор во Шуто Оризари, сигурно имал помош однатре, велат чувари во затворот со кои разговаравме, а директорот Златко Христовски ...

Под истрага чуварите од „Шутка“

Дневник - 27.09.2006

Директорот на затворот Златко Христовски тврди дека вчера била покрената дисциплинска постапка, но се' уште се чека да заврши истрагата Осуммина невооружени чувари го обезбедувале истражниот затвор „Скопје“ за време на холивудското бегство на притвореникот Енвер Зимери, во неделата вечерта.

Затворите без управници, затворениците преку ѕидовите

Утрински - 27.09.2006

Сменетите директори се збунети и веќе еден месец работат по инерција ДАНИЕЛА ТРПЧЕВСКА Филмско бегство од истражниот затвор „Скопје". Затвореник избегал од Клиничкиот центар додека надзорникот бил во тоалет. Ова се најновите бегства на затворениците од скопските затвори, кои се случија во ...

Дом за бегалци

Дневник - 27.09.2006

Како ќе се справиме со криминалците? Оние за кои се распишани потерници најчесто им се „лизнуваат“ низ раце на полицајците, а и оние што се уапсени во други земји не можеме да ги дочуваме кога ќе ни ги испорачаат во земјава Како ќе се справиме со криминалците? Оние за кои се распишани потерници ...

Ниту трага од бегалецот Енвер Зимери

А1 - 26.09.2006

Ниту трага од Енвер Зимери, бегалецот кој завчера со закана од оружје избега од истражниот затвор Скопје. Со пиштол добиен од надвор пукал кон затворските чувари и избегал од затворот. Неговото бегство повторно ги отвори старите проблеми со македонските затвори.

Избегал затвореник со јаже преку sид

Вест - 26.09.2006

УШТЕ ЕДНО ВООРУЖЕНО БЕГСТВО ОД ЗАТВОРОТ ВО ШУТКА Енвер Зимери (25) од Скопје, водач на киминална банда од Чаир, кој бил на издржување на затворска казна во затворот во Шутка, завчервчера по вооружен престрелка со стражарското обезбедување со помош на јаже ги прескокнал затворските зидини и избегал.

Уште едно филмско бегство на притвореник

Време - 26.09.2006

ИСТРАЖЕН ЗАТВОР „СКОПЈЕ“ Огнен Чанчаревиќ Притвореник, водач на една скопска банда, завчеравечер успеал да побегне од истражниот затвор „Скопје“ во населбата Шутка. Бегството било однапред испланирано, а во него учествувале членови на бандата на притвореникот, кои го чекале со автомобил.

Вооружен затвореник избега од „Шутка“

Дневник - 26.09.2006

При бегството притвореникот Енвер Зимери со пиштол пукал во затворските чувари и избегал со автомобил што го чекал пред затворот Вооружен притвореник завчера на спектакуларен начин избега од истражниот затвор „Скопје“ во населбата Шуто Оризари.

Филмско бегство од истражниот затвор во Шутка

Утрински - 26.09.2006

Вооружениот притвореник Енвер Зимери ја исекол решетката од ќелијата и бегајќи пукал во затворските чувари Ново филмско бегство од истражниот затвор „Скопје" во Шуто Оризари. Енвер Зимери (25), осомничен за убиство, успеал да побегне откако ја пресекол решетката од ќелијата, а потоа од пиштол пукал ...

Бегалецот од Шутка го нема, управата на затворите чека директор

Канал5 - 26.09.2006

Полицијата засилено го бара, но од него нема ни трага ни глас. Енвер Зимери кој завчера успеа спектакуларно да избега од истражниот затвор и натаму е на слобода. Полицијата засилено го бара, но од него нема ни трага ни глас. Енвер Зимери кој завчера успеа спектакуларно да избега од истражниот ...

Во оружен напад - грабнат криминалец

Вечер Прес - 26.09.2006

Затвореникот со алатка, што се претпоставува дека е "дијамантски конец", успеал да пресече една од решетките од ќелијата, а потоа го скршил прозорецот. Го претрчал просторот до оградниот ѕид, висок околу 6 метри. Таму го чекало јаже и се префрлил надвор преку ѕидот.

По оружена престрелка избега притвореник од Шутка

А1 - 25.09.2006

Со пиштол добиен однадвор и пријатели кои го чекале, Енвер Зимери избегал вчера вечер од истражниот затвор во Шутка. Според извори на А1, притвореникот ги исекол шипките од прозорецот на ќелијата 26, пукал кон двајцата полицајци кои биле во обиколка и избегал со автомобилот на пријателите кои го ...

Спектакуларно „филмско“ бегство на затвореник од Шутка

Канал5 - 25.09.2006

Затвореникот Енвер Зимери, осомничен за убиство, и баран по потерница на Швајцарија, синоќа околу 23 часот успеал на спектакуларен начин да избега од истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари. Затвореникот Енвер Зимери, осомничен за убиство, и баран по потерница на Швајцарија, синоќа околу 23 ...