TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Блер под жесток притисок за поразот на локалните избори

А1 - 12.06.2004

Британскиот премиер Тони Блер е под жесток притисок по катастрофалниот пораз што го доживеаја лабуристите на локалните избори. Изгубени се преку 460 советнички места и раководењето со осум локални совети, меѓу кои се наоѓаат и долгогодишните лабуристички „тврдини“ Њукасл, Лидс, Кардиф и Оксфорд.

Најстрашната ноќ за Тони Блер

Утрински - 12.06.2004

Тежок пораз на Лабуристичката партија на локалните избори во Велика Британија Своевиден преседан во политичката историја на земјата, каде што не е забележано партијата на власт со освоени 26 отсто гласови да биде дури третопласирана во класирањето на главните партии Од нашиот дописник Томислав ...

Блер ја губи поддршката

Време - 12.06.2004

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ ВО БРИТАНИЈА Лабуристичката партија на британскиот премиер Тони Блер убедливо губи на делумните локални избори за 166 локални совети. Според првичните резултати, владејачката Лабуристичка партија освоила само 26 проценти од гласовите.

Изборна катастрофа на лабуристите на Блер

Дневник - 12.06.2004

НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ Аналитичарите во Лондон очекуваат Блер сепак да ја води партијата на парламентарните избори в година, па дури и да победи Лабуристичката партија на премиерот Тони Блер претрпе катастрофални порази на парцијалните локални избори, јави Ројтерс.

Тежок пораз на Лабуристите на локалните избори во Велика Британија

А1 - 11.06.2004

Владејачката Лабуристичка партија на премиерот Тони Блер претрпе тежок пораз на дополнителните локални избори за членови на 166 локални совети. Според првите нецелосни резултати, Лабуристичката партија има освоено само 26 отсто од гласовите што е нејзин најлош резултат досега на локалните избори и ...

Големите губат, а малите партии можат да изненадат

Утрински - 11.06.2004

Во Велика Британија се одржаа и локални избори, а Лондон избираше и градоначалник "Гардијан" смета дека партијата на Тони Блер може да се најде дури на третото место, што ќе биде "цената што мора да се плати за Ирак и војната" Од нашиот дописник Томислав Ивановски ЛОНДОН - Во Велика Британија денес ...

Избори за Европарламентот и органите на локалните власти во Британија

А1 - 10.06.2004

Во Велика Британија денеска се одржуваат избори за пратеници во Европскиот парламент, додека во Англија и Велс се спроведува гласање за членови на 166 локални совети, кои не беа одржани за време на минатогодишните локални избори.

Малите избори - голем тест за Тони Блер

Утрински - 09.06.2004

Избори во Велика Британија за пратеници на европарламентот и за локалните совети во Англија и во Велс Неповолниот развој на ситуацијата во Ирак води кампања за смена на Блер со неговиот најсилен конкурент во партијата, Гордон Браун Од аншиот дописник Томислав Ивановски ЛОНДОН - Само неколку дена ...