TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Наезда на "пиратки" (Време на "пиратки")

Вечер Прес - 10.12.2005

Близу 170 илјади парчиња од популарните "пиратки", ама и друг вид петарди и светлечки ракети, се запленети во изминатиот претпразничен период во повеќе акции во Скопје што во рамките на своите надлежности ги презедоа припадници на МВР.

Клум е "запалена" по Фиго

Вечер Прес - 10.12.2005

Манекенката Хајди Клум (32 г.) го разубави синоќешното фудбалско друштво на церемонијата од извлекувањето на ждрепката за Светското првенство наредната година во Германија, што се одржа во Лајпциг. Во исчекување на противниците од завршницата на "мундијалот" и борбата за драгоцениот пехар на ФИФА, ...

Директорот "негувал" мртовци

Вечер Прес - 10.12.2005

Директорот на Центарот за социјални работи во Струга ненаменски ги трошел средствата од Министерството за труд и социјала, давал пари за помош на лица кои се во војска и примал документи за нега на починати лица или потпишани од мртовци. Поради ваквото работење струшкиот директор е сменет.

Универзитетот се сели од "монополот"

Вечер Прес - 09.12.2005

Државниот универзитет во Тетово веќе почна да се преселува од објектот на "Тетово табак", познат како "Монопол". Оттаму се изнесуваат досиејата на студентите, административен материјал и документација. "Ги префрлуваме досиејата во други објекти, бидејќи тие функционираат подобро и нудат подобри ...

На местото на култната "Влае" ќе се гради бензиска

Вечер Прес - 09.12.2005

Култната кафеана "Влае" ќе биде дислоцирана, а на нејзино место ќе се гради нова бензинска пумпа. Оваа измена од нацрт-одлуката за донесување на новиот ДУП за градската четврт Карпош 3, урбан блок 1 ги разбранува реакциите на советниците кои на последната седница на Советот требаше да ја изгласаат ...

"ГРАДЕН КРСТ" ЗА ПРОТОЈЕРЕЈ БОШКО КИПРОВСКИ

Вечер Прес - 09.12.2005

Со одлука на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква, протојереј Бошко Кипровски од Велес е одликуван со највисокото црковно признание "Граден крст". Признанието на завечерашната богослужба, во пресрет на големиот христијански празник Св.

Светлото "Писмо" на Соња Тарчуловска

Вечер Прес - 09.12.2005

Популарната и преубава фолк-пејачката Соња Тарчуловска, пркосејќи на животните премрежја низ кои поминува, го исполни ветувањето дека ќе објави албум. Од завчера таа истапи пред публиката од светлата страна, со своето "Писмо" составено од единаесет нови фолк песни, и со многу верба дека народот ќе ...

"Зборувај со нас - разбираш ли"

Вечер Прес - 09.12.2005

Институтот "Отворено општество Македонија" ја организира едукацијата на 70 деца од турска народност од населените места Ѓопчели и Куртамзали кои се школуваат во училиштето "Кочо Рацин" во Нов Дојран, но не го познаваат добро македонскиот јазик.

"Црвена панделка" од свеќи

Вечер Прес - 09.12.2005

Симболот за борбата против сидата - црвената панделка, вчера светна на плоштадот Македонија. Неколку стотини млади членови и приврзаници на движењето на Црвениот крст со свеќи во рацете учествуваа во "Парадата на светилките" со која традиционално и годинава заврши неделата за борба против чумата на ...

Тоше ќе пее на плоштадот "Македонија"

Вечер Прес - 09.12.2005

Скопјани годинава ќе имаат можност најлудата ноќ да ја дочекаат заедно со нашата мега ѕвезда Тоше Проевски, и групите "Синтезис" и "Блејзери", кои ќе настапат на плоштадот "Македонија". Надлежните додаваат дека засега овие изведувачи се сигурни, а во тек се преговори и со други врвни македонски ...

"Разговараа" Скопје, Лондон...

Вечер Прес - 09.12.2005

- Македонија со своите духовни вредности е светилник во големото европско море на цивилизациите и културите. А библиотеките во тој светилник не треба да ги оставиме заталкани во магла. Како центар на демократијата на доживотното учење и напредок, библиотеките треба да бидат во институции од прв ред ...

Промовран "Скопје базаар"

Вечер Прес - 08.12.2005

Времето на "Лева патика" е зад него, но времето на спотот за "Скопје базаар" доаѓа. Рамиз Јусифи-Цики, клавијатуристот на некогашната група "Лева патика", која остана безвременска со песната "Неправда", вчера на пладне во "Спа кафе"- Беверли Хилс се огласи со спот за неговата инструментална тема ...

"13" со Бојан отстранета од програмата

Вечер Прес - 08.12.2005

Колегиумот на Македонската телевизија, Програмскиот колегиум на Македонската радио-телевизија реши да го прекине емитувањето на забавната емисија "13" на надворешниот соработник Бојан Јовановски што се емитуваше на првиот канал на МТВ, секој понеделник во 23.15 часот.

Владата ја "издиши" Берзата

Вечер Прес - 08.12.2005

Неизвесноста што ја предизвика Министерствот за финансии со криењето на даноците за капитална добивка од продажбата на акции и данокот на добивка на котираните компании, предизвика невидени нарушувања на пазарот на капитал. Имателите на акции, во очекување на даноци, панично ги распродаваат акциите ...

Повреден возач на "рено"

Вечер Прес - 08.12.2005

Едно лице е потешко повредено во сообраќајната несреќа, која во вторникот попладнето се случи на патот Крива Паланка - Куманово, кај месноста Стаболиски Кривини во атарот на Конопница. Автобус на "Југ-Турист" со кумановски таблички се судри со автомобил "рено-каравес".

Работнички К. ги "собира" наградите?

Вечер Прес - 08.12.2005

Петок, 23 декември, е денот што Фудбалската федерација на Македонија го резервира да ги изведе последните активности во тековната година. Според планот, на тој ден би требало да се одржи редовниот состанок на прволигашите, кога Комесарот за натпревари Миле Спирковски би ја извршил и ждрепката за ...

Отворен патот до македонски "матрикси"

Вечер Прес - 08.12.2005

"Знаеме дека иднината на граѓаните на Република Македонија е во континуирано создавање високообразована младина, која ќе може да се вклучи во светските образовни процеси. За да изгради просперитет, секоја земја мора да воведува иновации со кои се отвораат нови работни места.

"Машала, машала", химна за невестите

Вечер Прес - 07.12.2005

"Машала, машала" е весела свадбарска песна, разиграна, ја опејува македонската невеста, традиција, веселиот дух на нашиот народ, и сакаме да стане химна на невестите. Да се пее на свадби, накусо велат од скопската фолк група "Мелодија" за својот спот "Машала, машала" снимен неодамна во Скопска Црна ...

Нова автобуска линија "2-а"

Вечер Прес - 07.12.2005

Жителите на скопската населба Гази Баба наскоро ќе добијат нова автобуска линија со бројот" 2-а". Оваа идеја ќе стане реалност на предлог на советничката во општина Гази Баба, Аница Пупиновска, која побара од советниците и градоначалникот на општината да ја поддржат и во иднина линијата со број "2 ...

Буфон "бега" од свадба

Вечер Прес - 07.12.2005

Чешката манекенка со руски корени Алена Середова е во конфузија, бидејќи избраникот на нејзиното срце Џанлуиџи Буфон во последно време и посветува многу малку внимание. Голманот на Јувентус и репрезентацијата на Италија последните три месеци заздравуваше по операцијата на рамото и поголемиот дел од ...

Папата доби чек од 950.000 евра од "Ферари"

Вечер Прес - 07.12.2005

Шефот на "Ферари" Лука ди Минтеѕемоло и претставник на компанијата беа на аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква папата Бенедикт Шеснаесетти. Монтеѕемоло во таа прилика му врачил чек во вредност од 950.000 евра, собрани во хуманитарна аукција.

СЦГ во посебен "шешир"

Вечер Прес - 07.12.2005

По многу расправии ФИФА ги одреди носителите на групите за претстојното СП 2006 во Германија. Светската фудбалска куќа остана доследна на критериумите за утврдување на првите фаворити на групите, не потклекнувајќи на инсистирањето на Холандија да се земе в предвид нивното одлично котирање на ...

"Петка" нема да вози по "Партизанска"

Вечер Прес - 07.12.2005

Две автобуски линии ќе ги поврзат населбите Тафталиџе и Хром, на потегот од Студентскиот дом "Гоце Делчев" до блокот згради Порта Влае. Според најавите од Градот, веќе од идната недела ќе бидат пренасочени автобусите број "5", а приватниците, најверојатно, ќе ја пренасочат линијата "73", која ќе ...

Фиксното "ало" може да поскапи и само со одлука

Вечер Прес - 07.12.2005

Бизнис планот на "Македонски телекомуникации" за наредната година, кој вчера го усвои Бордот на директори, не предвидува зголемување на цените во фиксната телефонија и на телефонската претплата. Меѓутоа, се остава можност да има зголемување, и тоа само со одлука на Бордот на директори.

Пандев "пакува" голови

Вечер Прес - 06.12.2005

Македонскиот репрезентативен центарфор Горан Пандев беше најзаслужен за победата на Лацио на "Олимпико" над Сиена со 3:2. Младиот струмичанец на теренот влезе во 68 минута на местото на стрелецот, на дотогаш, единствениот гол за Лацио, Паоло ди Канио.

"Ајде да..” со манекен(к)ите на Интермодел

Вечер Прес - 06.12.2005

Околу 40-тина манекени, манекенки и фотомодели од модната компанија "Интермодел" неодамна го завршија првиот курс и им беа доделени дипломи. Со тоа почнува обуката за втор степен и обука за прв степен за нови 30 момчиња и девојки.

ДУИ "си легна на брашното"

Вечер Прес - 06.12.2005

Претседателите на СДСМ и ДУИ, Владо Бучковски и Али Ахмети, ги "испеглале" разликите во ставовите за уставните амандмани. Партиски извори потврдија дека на состанокот, одржан пред вчерашната владина седница, лидерите ги усогласувале ставовите и се договориле да го поддржат амандманот на Жарко ...

За "Попова Шапка" - 100 милиони лева!

Вечер Прес - 06.12.2005

Атрактивниот терен "Попова Шапка" во центарот на бугарскиот главен град Софија, до неодамна сопственост на војската, се очекува наскоро да биде продаден. Експертите се едногласни дека цената од 100 милиони лева за 35 декари земјиште е соодветна.

Цвета "сајбер" криминалот во Македонија

Вечер Прес - 06.12.2005

Македонските компјутерџии и понатаму пазарат на Интернет-мрежата со туѓи кредитни картички. Трендот на "Интернет-шопинг", од пред неколку години, се рашири меѓу младите во Македонија, а потоа нагло се забави откако полицијата почна да поднесува кривични пријави за "навлегување во комјутерски ...

"Пакетот" засега тајна

Вечер Прес - 06.12.2005

Владата донесе одлука да почне со постприватизација на малцинскиот дел од акциите што ги поседува во Телеком. Намерата да ги продава акциите Владата ги обелодени во објаснувањата за буџетот за идната година, а вчера јавно ја потврди првиот финансиер во државата, Никола Поповски.

Прифати го и "другиот"

Вечер Прес - 06.12.2005

"Покривање на различностите - надминување на етничките предрасуди и неизбалансираноста на медиумското известување" е проектот во кој се вклучени студентите по новинарство и млади новинари, кој деновиве почна да се работи во новинарската лабораторија на Правниот факултет.

Одврзување на ќесето за најмоќните "амбасадори"

Вечер Прес - 06.12.2005

За поддршка на културата, образованието, науката и спортот во државата неопходно е што побрзо да се донесе законска регулатива со која би се уредиле донаторството и спонзорството во овие области. Има кон што и кон кого да се насочат инвестициите, но државата треба да најде начин како на стопанските ...

Љубовни "Траги по патот"

Вечер Прес - 05.12.2005

Новиот филм на режисерот Антонио Митриќески, своевидна музичка драма со работен наслов "Траги по патот" го чека одговорот од Министерството за култура за дозаокружување на буџетот од околу милион евра. Македонскиот продуцент "Хоризонт филм" влегува во копродукција со продуценти од Полска, Франција, ...

"Скриено" - најдобар европски филм

Вечер Прес - 05.12.2005

Европските филмски награди, пандан на Оскарот, осумнаесетти пат беа доделени во саботата во Берлин. Пред 1200 гости, со придружба од Фламанскиот симфониски оркестар, за најдобар европски филм беше прогласен "Скриено" на Мајкл Ханеке, кој го гледавме и на "Браќа Манаки" во Битола.

Почна судењето за двојното убиство на "Пиво-фест"

Вечер Прес - 05.12.2005

Во Основниот суд во Прилеп, во петокот започна судењето за Диме Христовски-Жабата (31) кој е обвинет за двојното убиство што се случи на манифестација "Пиво-фест" во Прилеп. Обвинетиот за убиството на Никола Мојсовски-Војводата (37) и убиство од небрежност на Елена Талеска (4) во своја одбрана пред ...

"Шутекс" и "Еко-шопинг" никој не ги сака

Вечер Прес - 05.12.2005

Раководството на АД ГТЦ брза да го продаде деловниот простор во Градскиот трговски центар со кој стопанисува. На крајот на годинава, која за менаџерскиот тим на ГТЦ беше доста успешна, овојпат на продажба се 12 слободни локали и 23 простории што не беа откупени од закупците при последната продажба, ...

Нема спас од "партизирани" избирачки органи

Вечер Прес - 05.12.2005

Кој ќе влезе во изборните органи како најголема опозициона партија е главна дебата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО-Народна. Поради недостиг на законска одредба ДПМНЕ тргнува од резултатите од последните парламентарни избори во 2002 година, а Народна според бројот на пратеници на денот на распишувањето на ...

Порно кралица му се "пушта" на Паулета

Вечер Прес - 05.12.2005

Клара Морган, поранешна порно глумица, е лудо вљубена во португалскиот напаѓач и голгетер на ПСЖ, Педро Паулета. Долго време прекрасната Французинка ги потиснувала емоциите, но се позачестените радувања на Паулета, зачинети со задолжителното соблекување на дресот, ја натераа Морган да преземе ...

Вардарци без осигурување од "поплави"

Вечер Прес - 05.12.2005

Вистинска сензација се случи на средбата Вардар Осигурување - Црн Дрим. Малку кој можеше да претпостави дека вардарци, дома, ќе доживеат тежок пораз од тимот кој се бори за "гол живот". Кај стружани центарот Срѓан Станковиќ беше во елемент, како сакаше ги "работеше" домаќините Кралевски и ...