Претседателот на Државната изборна Комисија (ДИК) Стево Пендаровски и претседателката на македонскиот Хелсиншкиот комитет(ХК) за човековите права Мирјана Најчевска, денеска излегоа со сосема спротивставени ставови за вториот круг на неодамнешните претседателски избори, на кои и официјално победи ...
Црвенковски нема утре да биде инаугуриран за шеф на државата. Спикерот Јордановски најави дека седницата ќе ја закаже најверојатно за в среда, бидејќи се уште не го добил дописот од Државната изборна комисија со кој се потврдува дека изборите се завршени, и дека Црвенковски е избран за претседател.
ИНТЕРВЈУ: СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДИК Одлуката на Врховниот суд јасно ги разграничува работите и остава простор за флексибилно постапување и на највисокиот изборен орган. Не ми е пријатно сознанието дека Врховниот суд, а не ДИК, која имаше таква шанса, донесе ваква одлука, за која лично ...
ВРХОВЕН СУД Врховниот суд уважил дел од 18-те жалби што овластениот предлагач на претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Сашко Кедев ги поднел за претходните решенија, со кои Државната изборна комисија (ДИК) ги одби сите 184 приговори за нерегуларности во изборниот процес.
Инаугурацијата на Бранко Црвенковски најверојатно ќе се случи в понеделник, 10 мај Со владиниот кабинет раководат Шекеринска и Манасиевски КАТИЦА ЧАНГОВА Бранко Црвенковски ќе стапи на новата функција претседател на државата, најверојатно, в понеделник, на 10 мај, а во јуни ќе имаме нов премиер и ...
Избори Изборниот штаб на претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Сашко Кедев, преку Државната изборна комисија вчера упати до Врховниот суд 18 поднесоци во вид на жалби на одлуката на ДИК за одбивање на приговорите упатени до неа во врска со нерегуларностите за време на изборите.
НАЈАВА Свечената собраниска седница на која Бранко Црвенковски ќе биде инаугуриран за нов шеф на македонската држава ќе се одржи на 7 или на 10 мај, најави во изјавата за медиумите претседателот на Собранието и в.д.претседател на државата, Љупчо Јордановски.
Опозицијата ќе се жали до Врховниот суд Одлуката на Државната изборна комисија да ги одбие сите приговори на овластениот претставник на претседателскиот кандидат Сашко Кедев, што се однесуваат на 184 избирачки места, е вовед во апсолутистичко владеење на СДСМ, оцени вчера портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, ...
Изборниот штаб на СДСМ ги отфрла обвинувањата "Победата на Црвенковски е чиста како солза", изјави вчера Борис Кондарко, портпарол на социјалдемократите, во врска со обвинувањата дека СДСМ "фатила врски" во ДИК да ги отфрли приговорите од штабот на Кедев.
СДСМ ТВРДИ Приговорите за текот на гласањето што ги поднесе ВМРО-ДПМНЕ се апсурдни и неосновани, велат во СДСМ. - Одлуката на ДИК да ги отфрли сите приговори покажа дека забелешките на ВМРО-ДПМНЕ се неосновани и дека изборите се спроведоа во согласност со законот, коректно и демократски - изјави ...
ЦРВЕНКОВСКИ СЕ ПРОСТИ ОД ПРЕМИЕРСКИОТ КАБИНЕТ Диана Младеновска Премиерот Бранко Црвенковски, кој како претседателски кандидат на СДСМ, според се уште неконечните резултати на Државната изборна комисија (ДИК), освоил мнозинство гласови на претседателските избори, вчера на владината седница им се ...
ВМРО-ДПМНЕ ОБВИНУВА За нас Црвенковски е старото грдо лице на Македонија, вели Владимир Ѓорчев, партиски портпарол Државната изборна комисија се стави во служба на Бранко Црвенковски и на воведувањето на апсолутизмот во Македонија, оцени вчера ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ тврди Државната изборна комисија со тоа што ги отфрли приговорите поднесени од ВМРО-ДПМНЕ постапи правилно, бидејќи целосно им беа неосновани, тврди Борис Кондарко, портпарол на СДСМ. Според него, се покажа дека целта на раководството на ВМРО-ДПМНЕ не била да се намали разликата помеѓу ...
ВМРО-ДПМНЕ ја обвини Државната изборна комисија-ДИК дека со одбивањето на 184-те приговори поднесени за изборни неправилности од претседателскиот кандидат Сашко Кедев, се ставила во служба на СДСМ. Портпаролот Влатко Ѓорчев изборниот процес го нарече "лажиран и лакрдија".
Како решавала Државната изборна комисија по поплаките на ВМРО-ДПМНЕ за изборни неправилности во вториот круг Силата на мнозинството, во сооднос 7 спрема 2, 6 спрема 3 и најтесната 5 спрема 4, била секогаш решавачки фактор за да се одбијат приговорите на ВМРО-ДПМНЕ, па дури и тогаш кога биле ...
СДСМ смета дека сите приговори доставени до Државната изборна комисија од ВМРО-ДПМНЕ немаат никаква правна основа и не држат вода, соопшти вчера пртпаролот на Социјалдемократите Борис Кондарко. Тој застана во одбрана на решенијата на ДИК по приговорите, велејќи дека изборите биле согласно сите ...
Откако Државната изборна комисија ги одби сите поднесени приговори на ВМРО ДПМНЕ за нерегуларности во изборниот процес, социјалдемократите констатираат дека приговорите биле неосновани и без правна основа. ВМРО ДПМНЕ поднеле приговори и за избирачки места каде што нивниот кандидат победил, вели ...
ВМРО ДПМНЕ очекува дека Врховниот суд ќе ги прифати приговорите на оваа партија поднесени за нерегуларности во вториот круг од изборите, кои државната изборна комисија ги одби сите до еден. ВМРО ДПМНЕ ја обвини комисијата дека се ставила во функција на Црвенковски, зашто досега во ниту еден изборен ...
По разгледување на жалбите за неправилности во вториот изборен круг Решението ВМРО-ДПМНЕ ќе го обжали до Врховниот суд на Македонија, а ќе бара и меѓународна експертиза Државната изборна комисија во текот на вчерашниот ден ги одби како неосновани сите 184 приговори за постапката на гласање ...
ВМРО-ДПМНЕ ОБВИНУВА ВМРО-ДПМНЕ не се откажува од намерата да побара независни меѓународни експерти да извршат анализа на целосниот изборен материјал Ќе се жалиме до Врховниот суд зашто некои од членовите на ДИК едноставно не сакаат да видат дека на денот на изборите е извршено брутално силување на ...
Коментар - Тодор Пендаров Од 184 приговори што беа поднесени од ВМРО-ДПМНЕ, а се однесуваат на вториот круг на претседателските избори, Државната изборна комисија не прифати ниту еден! Одлука која зачудува ако се има предвид дека и домашните и меѓународните набљудувачи регистрираа груби инциденти ...
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА Комисијата утврдила дека девет приговори на ВМРО-ДПМНЕ се издржани, но ги отфрлила зашто прегласувањето немало да влијае на конечниот резултат Државната изборна комисија вчера ги отфрлила како неосновани сите 184 приговори за неправилности во постапката за гласање, кои ги ...
ДИК ГИ ОДБИ СИТЕ ПРИГОВОРИ Државната изборна комисија ги отфрли сите 184 приговори од овластениот претставник на претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Сашко Кедев, за гласањето во вториот круг од претседателските избори. ВМРО-ДПМНЕ најави дека по добивањето на решенијата за отфрлање на ...
Државната изборна комисија не прифати ниту еден од 184-те приговори што ги поднесе ВМРО-ДПМНЕ во врска со постапката на гласањето. „ДИК рано изутрина ги разгледа 184 приговори кои поднесени од официјалниот преставник на претседателскиот кандидат Сашко Кедев.