TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Баросо: Се надевам дека Македонија ќе го добие статусот кандидат

Макфакс - 04.12.2005

Брисел Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо попладнево изјави дека очекува Македонија да го добие кандидатскиот статус на претстојната средба на челниците на Европската унија. “Се надевам дека на претстојната средба на високо ниво Македонија ќе го добие статусот кандидат за ...

Неизвесен кандидатскиот статус

Дневник - 03.12.2005

ЕВРОИНТЕГРАЦИЈАта на македониЈа заглавена во бриселските лавиринти Неизвесно е дали Македонија ќе добие кандидатски статус на самитот во декември и покрај препораката од Европската комисија, тврдат високи извори од Европската Унија.

Декемврискиот кандидатски статус, во јануари?

Време - 03.12.2005

НА МАКЕДОНИЈА И СЕ БРЗА, ЕУ ТАКТИЗИРА Боби Христов Несогласувањата за идниот буџет на Унијата може да ја одложат одлуката за кандидатскиот статус на Македонија што се очекува на самитот во средината на декември, предупредуваат западни дипломати и аналитичари.

Одлуката за Македонија одложена за Самитот на ЕУ

Макфакс - 03.12.2005

Брисел Европскиот совет ќе го има последниот збор за препораката на Европската комисија на Македонија да и биде доделен статус на земја кандидат за членство во Европската унија. Советот, што го сочинуваат шефовите на држави или влади на сите 25 земји-членки на ЕУ, одлуката за Македонија треба да ја ...

Поради Франција се уште е неизвесен кандидатскиот статус за Македонија

Макфакс - 02.12.2005

Брисел Судбината на кандидатскиот статус на Македонија за членство во Европската унија се уште е неизвесна, пред се поради противењето на Франција. Советот на министрите попладнево излезе со заклучок дека „Мислењето (на Европската комисија) ќе се разгледува од Европскиот совет“.

Советот на ОБСЕ го поздрави кандидатскиот статус на Македонија

Макфакс - 02.12.2005

Виена Постојаниот совет на Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ) ја поздрави одлуката на Европската унија (ЕУ) на Македонија да и додели статус-кандидат за членство во Унијата. Заклучокот, како што пренесува Макфакс, е донесен денеска, на последното заседание на постојаниот совет ...

Министерски состанок на ЕУ - тема и кандидатурата на Македонија

Макфакс - 02.12.2005

Брисел Важен министерски состанок на ЕУ се оддржува денеска во Брисел на кој треба да биде решено дали Македонија на самитот во четврток ќе биде на дневниот ред за добивање официјален статус на земја кандидат за Европската унија.

Франција, Холандија и Данска го кочат статусот за Македонија

Макфакс - 01.12.2005

Брисел - На почетокот на идната седмица британското претседателство на ЕУ ќе предложи да се дискутира за решение дали прашањето да се стави на дневен ред на претстојниот самит, прецизираат изворите.на Ројтерс. Европската комисија минатиот месец препорача Македонија да добие статус на кандидат за ...

Холандија го поддржува кандидатскиот статус на Македонија

Макфакс - 01.12.2005

Скопје Холандија не е во групата земји кои го проблематизирале кандидатскиот статус за во ЕУ на Македонија. „Холандија ја поддржува Македонија во интеграциите во Европската унија и добивањето статус кандидат на земјата за членство во Унијата“ - изјавил холандскиот премиер Јан Петер Балкененде во ...