TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Србија и Црна Гора - стара фирма за нова држава

Вест - 16.03.2002

РЕАКЦИИ ПО УКИНУВАЊЕТО НА ИМЕТО ЈУГОСЛАВИЈА Бришењето на Југославија се оценува како "алхемија на Солана" БАРСЕЛОНА, 16 март - Претставникот на Европската унија за надворешна и безбедносна политика Хавиер Солана оцени дека создавањето на нова држава на Србија и Црна Гора ќе има позитивни политички ...

Пет заеднички ресори на новата држава

Утрински - 16.03.2002

Како ќе функционира новата држава Србија и Црна Гора Србија и Црна Гора ќе биде новото име на редефинираната сојузна држава, се наведува во Спогодбата под назив Појдовни основи за преуредување на односите на Србија и Црна Гора.

Збогум Југославијо, добар ден Србија - Црна Гора

Утрински - 16.03.2002

Потпишаниот Договор во Белград предизвика големи реакции во светот "Мило Ѓукановиќ секогаш бил прагматичен. Меѓутоа, неверојатна е промената на Воислав Коштуница. Од мошне идеологизиран човек кој пред една година се појави на самитот во Бијариц, па до овој денес, кога покажа смисла за реалност, за ...

СРЈ последниот меч со тоа име ќе го одигра против Бразил

Дневник - 16.03.2002

ПО ОДЛУКА ЗА ПРОМЕНА НА ИМЕТО НА ДРЖАВАТА Фудбалскиот сојуз на СР Југославија го сопре печатењето на дресовите на таа репрезентација по политичката одлука за престанок на постоењето на таа држава под името СРЈ. Завчера СРЈ беше преименувана во Србија и Црна Гора.

Промоција на новата балканска држава во Барселона

Дневник - 16.03.2002

САМИТ НА ЕУ Претседателите на Србија и Црна Гора вчера беа гости на самитот на Европската Унија во Барселона, каде што разговараат за иднината на новата заедничка држава на двете републики, јави Ројтерс. - Европската Унија постигна голема победа - изјави еврокомесарот Хавиер Солана, кој посредуваше ...

Реакции на договорот за идните односи меѓу Белград и Подгорица

А1 - 15.03.2002

„Договорот за идните односи меѓу Србија и Црна Гора означува дефинитивен раскин со минатото и истиот ќе помогне во забрзувањето на приемот на оваа држава во Советот на Европа“, стои во заедничкото соопштението на претседателот на Парламентарното собрание, Питер Шредер и генералниот секретар на ...

Трајковски го поддржа договорот меѓу Србија и Црна Гора

А1 - 15.03.2002

Претседателот Борис Трајковски денеска изрази поддршка по повод вчерашниот договор меѓу Србија и Црна Гора за преуредување на односи, оценувајќи дека тој договор е многу значаен бидејќи до него е дојдено со изразена желба за компромис на двете републики во интерес на стабилизирање на нивните ...

Србите и Црногорците го обновија договорот за федерација

Вест - 15.03.2002

БЕЛГРАД, 15 март (Ројтерс) - Србија и Црна Гора вчера потпишаа договор за повторно оформување на Југословенската федерација - потег што западот се надева ќе ја оттргне Црна Гора од идејата за независност и ќе ги спречи натамошните насилства на Балканот.

Новата држава ќе се вика "Србија и Црна Гора"

Утрински - 15.03.2002

Потпишан договор за идниот државно-правен статус на СРЈ Белград - Највисоките државни претставници на Југославија, Србија и Црна Гора вчера во Белград потпишаа договор со кој се предвидува радикално преуредување на југословенската федерација.

Југославија повеќе не постои

Дневник - 15.03.2002

ДОГОВОР БЕЛГРАД - ПОДГОРИЦА Државните раководства на Србија и Црна Гора, придружувани од европскиот комесар Хавиер Солана, вчера во Белград потпишаа договор за измена во државното уредување на Југославија и формирање лабава федерерација на двете републики.

Југославија замина во историјата

А1 - 14.03.2002

Единствен претседател за Србија и Црна Гора, петчлен министерски совет, единствен судски орган, како и укинување на досегашното име - федерална држава, се појдовните основи на договорот за преуредување на односите меѓу Белград и Подгорица.

Црна Гора не се откажува од независноста

А1 - 13.03.2002

„Не треба да се очекува Црна Гора да се откаже од стекнатата независност, особено во економската сфера“, изјави за радио „Слободна Европа“ советникот на црногорскиот претседател, Миодраг Вуковиќ. Тој изрази сомневање дека „швајцарскиот модел“ е добро решение за идните српско - црногорски односи.

Солана денеска во Белград

А1 - 13.03.2002

Високиот претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Хавиер Солана денеска ќе допатува во Белград, потврдија извори од кабинетот на Солана за белградската агенција „Фонет“. Пристигнувањето на европскиот дипломат е најавено за попладневните часови, по што тој ќе разговара со ...

Солана утре во Белград

А1 - 12.03.2002

Во очекување конечен договор за преуредување на југословенската федерација, високиот претставник на Европската унија Хавиер Солана најави дека утре ќе допатува во Белград на нова рунда разговори со политичките претставници на СРЈ, Србија и Црна Гора.