Светско првенство во нордиски дисциплини во Вал ди Фиеме Норвежанката Бенте Скари, стигна до својот втор златен медал на Светското нордиско првенство во Вал ди Фиеме, откако во класичен стил најбрзо ја мина 10 км. долгата патека, за време од 25,47 минути.
Норвежанката Бенте Скари го освои вториот златен медал на Светското првенство во нордиски дисциплини во италијанскиот зимски центар Вал Ди Фијеме. Само два дена по триумфот на 15 километри, најуспешната во Светскиот куп победи на 10 километри класично и ја зголеми личната колекција на пет ...
Во италијанскиот зимски центар Вал Ди Фиеме отворен Светскиот шампионат во нордиско скијање. По алпскиот мундијал во Сент Мориц, сезоната на елитни натпреварувања ќе заврши со борбите на најдобрите во скијачки скокови, во скијачко трчање и во нордиска комбинација. Првенството трае до 2-ри март.