Рускиот милијардер, кој живее во егзил, Борис Березовски, ги обвини француските власти дека сакале "да го задоволат" Владимир Путин, вршејќи претрес во неговата вила на Азурниот брег. "Тоа е операција на Франција, на француските власти, за да го поддржат и да го задоволат Путин", рече Березовски.
Сопственикот на Тампа Беј Баканирс, клуб од професионалната фудбалска лига во САД, Малком Глејзер вложи околу 790 милиони фунти за да стане доминантен сопственик во англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед. Тој купи 28,7 проценти од акциите на клубот што им припаѓаа на ирските сопственици на ...
Книгата "Иконите од Музејот на Македонија" ја понесе наградата од илјада американски долари за најдобар визуелнографички дизајн за печатен труд што ја доделува Фондацијата Институт отворено општество Македонија (ФИООМ). Наградата е востановена од минатата година, а има за цел да ги поттикне ...
Владата ги мие рацете околу изборот на грчката Градежна компанија "Терна", која е извесно дека ќе ја гради втората фаза од обиколницата на Скопје. Ресорниот министер за транспорт и врски Џемали Мехази, вчера рече дека Владата немала простор да одлучува околу изборот, бидејќи правилата на игра биле ...
Асиметрични линии, силни нијанси и гламур, зачинет со висококвалитетни производи од Сцхњарзопф се главните атрибути на "Холивуд-фризурата" која завчера претставниците на фризерските студија "Скопје" и "Крис" ја промовираа пред посетителите на Саемот за убавина.
Сказната "Снежната кралица" од Ханс Кристијан Андерсен е најновата постановка која премиерно ќе биде изведена в недела (12.30 ч.), на сцената на Театарот за деца и младинци. Режијата и драматизацијата на оваа романтична бајка се на гостинот од Бугарија, Николај Бојаџиев.
Кога и да е. Каде и да е. Кој и да ги слушне звуците на тапанот и зурлите при изведбата на "Тешкото", се наежува. За ова ремек-дело од Македонија постои предлог пред УНЕСКО, да влезе во Светската ризница на вредности на духовното творештво.
ММФ и Светската банка не се против евробондовите.Од нив се плашат стерилните и неуки економисти и министри кои немаат капацитет да ги убедат меѓународните финансиери за економската исплатливост за земјата од нивното воведување.
Хрватската полиција се опреми со десет "супер брзи" автомобили и од денеска ќе почнат да крстосува по патиштата во потрага и "натпревар" со оние за кои знаците за ограничување на брзината се само украси. Новите автомобили имаат мотори со над 200 коњски сили, а брзинскиот максимум (не прецизираат) ...
Некогашниот лидер на групата "Фобија", Вангел Васов, многу попознат како Геле, деновиве е навистина многу активен. Дури три спотови во изминатите неколку месеци произлегоа од неговата продукција "Фитбек" врзани за неговото име.
За расчистување на долговите во здравството ќе се користат пари од Буџетот, но и од продажбата на аптеките и другите објекти кои ќе се покажат како вишок во националната здравствена мрежа. Од овие извори ќе се настојува да се обезбеди и технолошкото осовременување на здравствениот сектор, а ...
"Нашиот главен проблем се појавува токму во овој период од годината кога цветаат тополите. Овие дрвја ни го загорчија животот. Не служат за ништо друго освен што предизвикуваат алергии на кои подеднакво реагираме и ние возрасните, но и децата.
"Авторските права отсекогаш биле во војна со новите технологии... Меѓутоа сето тоа секогаш завршува со прилагодување". Ова е тезата која ја развиваше м-р Маја Богатај, магистер по право на Харвард, и основач на Институтот за интелектуална сопственост во Словенија, на конференцијата за Авторските ...
На македонското здравство му се неопходни најмалку меѓу 20 и 25 милиони евра за да не "издише". Во прв ред за неопходното техничко-технолошко освежување, односно за поправка и набавка на апаратурата и опремата која во огромен дел е целосно амортизирана, како и за обнова, поправка и адаптација на ...
Вооружен разбојник во средата попладнето ги нападна и ограби вработените во клубот за игри на среќа "Сити", на улицата "Маршал Тито", во центарот на Скопје. Од касата напаѓачот зел 1.500 евра и побегал. Полицијата извесно време потоа изврши увид и документирање на случајот.
Педесетгодишнината од смртта на американската џез "икона" Чарли Паркер, односно "трибјутот" за него, се основните одредници на концертот кој вечерва (20,30) во старата битолска чаршија, во кафе-галеријата "ВАН" ќе го одржи нашиот познат ТВ и филмски режисер, новинар и џез-пијанист, Аљоша ...
На рафтовите во најголем број аптеки нема "парацетамол", ниту со рецепт ниту пак за пари. Проблемите во снабдувањето на овој препарат за снижување на температура се манифестираа пред повеќе недели, но состојбата стана "жешка" откако се истенчија залихите.
Македонија во најновиот извештај на Светската банка за работењето на владите во околу 200 земји од светот, годинава заработи пониски оценки во однос на оние што ги имаше добиено пред осум години. Во овој извештај нашава земја е сместена во делот каде што работењето на Владата се оценува преку ...
Најавената химна на Фондацијата "МобиМак за Македонија", се сними завчера на десетти мај, во студиото на Дарко Димитров. Химната насловена "Мали чуда", ја создадоа музичките пријатели на Фондацијата "МобиМак за Македонија", во име на хуманите граѓани на Македонија.
Од 15 мај сите општински организации на СДСМ ќе треба да спроведат конференција на кој ќе се гласа доверба за локалните партиски раководства. Со ова практично ќе отпочне кадровското преструктурирања во партијата, кое беше најавено по изборот на Владо Бучковски за претседател на СДСМ, во ноември ...
По пауза од речиси година и пол, "Тутунски комбинат Куманово" од вчера повторно почна со производство на цигари. За почеток се ангажирани 150 работници од вкупниот број вработени во кумановскиот монопол. Тие ќе ги произведуваат цигарите "МТ" меко и тврдо пакување, како и цигарите "драва", наменети ...
Ракометарките на македонскиот женски првак, Кометал Ѓ.Петров ја сефтосаа новата подлога во "Кале", на полуфиналната средба со Олимпик, во рамките на плеј-офот за државен првак. Без разлика што имаа недораснат противник, ѓорчепетровки умешно се снајдоа на новата подлога, што беше генерална проба ...
На 1 јуни, од Скопје ќе тргне марш под мотото "Македонските спортисти во обединета Европа", исклучителен подвиг кој ќе го изведе Емил Илиќ, нашиот сограѓанин, познат спортски работник и поранешен успешен спортист во карате, џудо, ракомет, пливање, кој моментно работи како спортски директор на ...
Повикот што го добив тој ден и турата што ја извозив, ќе ја паметам цел живот. Такво нешто не се заборава, особено не таков патник. Сум возел секакви луѓе, и стари и млади, зборлести и намќори, но овој беше посебен. Таков не се вози, или барем јас мислев така.
Енергични, решителни и концизни, студентите од Клубот на оратори при Правниот факултет во Скопје, вчера им одржаа лекција по ораторство на пратениците, покажувајќи им како може за помалку од десет минути да се претстави суштината на проблемот и притоа да се задржи вниманието на присутните во салата.
ПИШУВА: Виолета ЦВЕТКОВСКА Почна со министрите за финансии и економија, па се префрли на гувернерот и вицепремиерот, за да се круниса на премиерот и претседателот. Тоа би била нагорната линија на креирање конфликти и конфликтни ситуации, наводно,констурктивни разлики внатре властите во гледањата за ...
Скопските градоначалници треба најитно да се сретнат со министерот за финансии и директорот на Електро-Скопје, со цел да се реши проблемот со дисбалансот на услугите што ги нуди ова претпријатие и начинот на кој ќе се наплатуваат средствата од општините.
Фотографиите доловуваат дел од атмосферата при снимањето на новиот спот на Тоше Проески, за песната на Миро Буљјан "Кој ли ти гризе образи". Се снимаше минатиот викенд во Софија, повеќе од 20 часа во продукција на "Свет филма". Режијата е на Јане Кортошев, камерата на Ненад Радоевиќ.
"Имам досие за тебе", "Медиумите плачат за ваква афера", "Не само што си љубител на младо женско месо, ти си бил невнимателен кога си се плеткал со жени, не само во Македонија туку и надвор" "Знам и за посетите во софиските хотели и педерите" ова е само мал дел од наводите на компромитирачкото што ...
Италијанскиот премиер Силвио Берлускони смета дека тој е заслужен за успехот на церемонијата што во Москва беше организирана по повод 60-годишнината од победата над фашизмот. "Во неделата вечерта, Буш и Путин пет часа срдечно разговараа, затоа што јас грижливо ги подготвив двајцата, а тие ми рекоа ...
Да нема недоразбирање, борењето за кое пишуваме нема врска со борењето какво што ние го подразбираме: слободен или грчко-римски стил, најчесто со влакнести и мускулести лути мажиња, туку, една сосема обратна варијанта, би рекле-празник за очите.
Од денеска па до петок ќе стартуваат финалните натпревари во кошарка, во кои ќе се натпреваруваат повеќе екипи од основните и средните училишта од територијата на Општина Карпош. Сите натпревари ќе се одржат во спортската сала "Расадник".
Денеска, во Кан се отвора 58. Интернационален филмски фестивал што ќе трае до 22 мај. Учествуваат повеќе прославени светски режисери, па филмските критичари очекуваат голема борба за награди. Меѓу дваесетте филмови, кои влегоа во официјална трка се: "Историја на насилството" од Давид Кроненберг, ...
Стоковната куќа "Типо" во строгиот центар на Скопје, дефинитивно, оди на барабан. "Комерцијална банка", која објектот го доби по основ на долговите што "Типо" ги имаше кон Банката, се премисли и наместо овој објект да го пренамени во деловен центар, реши да го продаде.
Германците и Русите 60 години по Втората светска војна имаат главно позитивно мислење едни за други, покажува репрезентативното испитување на јавното мислење. Авторите на студијата оценија дека по 60 години од крајот на Војната во двете земји дошло до значителни промени, така што луѓето меѓу себе ...
Со екот на камбаните и заповедите на командантите на парадните ешалони, вчераутро на Црвениот плоштад во Москва, почна свечената воена парада, што се одржа во чест на 60-годишнината од победата над фашизмот, во Втората светска војна.
Се поприсутниот сајберкриминал опфаќа широка лепеза: од ширење вируси, до неовластен пристап во компјутерската мрежа, преку пиратерија, до порнографија и ограбување банки, но, сепак, најчести се злоупотребите на платежните картички.
Три дена во Рим ќе ги славиме деновите на светите Кирил и Методиј. Со државната и црковната делагација, покрај бизнисмени ќе одат и уметниците: Фолклорниот ансамбл "Танец", Влатко Стефановски и Тоше Проески. Македонија ќе се обиде да остави свој оригинален белег во Рим.
На местото на планираната Руслана, која само го отвори "Евросонгот" со ланската победничка песна "Диви танци" и со новата химна, Евровизијата во Киев на 19 и 21 мај ќе ја води убавата Украинка Марија Ефросинина, заедно со Диџеј Паша( на фотосот со годинешниот победнички трофеј).
Министерот за регионални работи на Италија, Енрико Ла Лоџа, кој престојуваше во посета на својот колега, министерот за локална самоуправа, Ризван Сулејмани, ги вознемири новинарите. На прес-конференцијата, одржана по средбата, тој неколку пати ја спомна федерализацијата, како тема на нивните ...
Вака изгледа момент од снимањето на спотот на Тоше и Тони Цетински, за песната "Лагала нас мала". Спотот е снимен во местото Скрадин, во околина на Шибеник, а го режираше Жељко Петреш. Девојката во спотот е познатата хрватска актерка Антонија Шола, а во спотот освен неа се појавува и хрватскиот ...
- Нема да кажам "Сезаме отвори се", бидејќи внатре нема никакво богатство. Само ќе кажам повелете, влезете во вашиот дом, вака претседателот на Собранието, Љупчо Јордановски, вчера симболично ја отвори манифестацијата "Денови на Собранието" и ги покани граѓаните да го разгледаат Парламентот.
Дваесет и тригодишниот Георге Хордораба падна во рацете на романската полиција после, оправдано се претпоставува, бројни, многу необични измами кои ги направил над дамите што ги заведувал. Неговиот модус бил единствен. Георге, секогаш беспрекорно дотеран и изгланцан, ги заведувал дамите, така што ...
Повеќе важни личности, припадници на европскиот крем, си обезбедија билети за "Евросонгот". Освен претседателот и премиерот на Украина, во публика ќе бидат членовите на британското кралско семејство, министерот за туризам на Грција, како и премиерот на ...
Минатата недела, Тоше Проески и хрватскиот пејач Тони Цетински го снимија спотот за дуетската песна "Лагала нас мала". Видео изданието е снимано на море, во Скрадин, место до Шибеник. Во спотот глумат актерката Антониа Шола и боксерот Стјепан Божиќ, кој ќе се бори за светска титула следниот месец.
ПИШУВА: Предраг ДИМИТРОВСКИ "Кој со ѓаволот тикви сади, нему по глава", порача неодамна заменик-претседателот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи, асоцирајќи притоа на дружењето на СДСМ и ДУИ. Но, колку и да одѕвонува оваа изрека како можна вистина онаму каде што беше наменета и ...
Македонската металургија со рестартот на големите преработувачки капацитет, како што се ФЕНИ, Силмак, Бучим и останатите доживува ренесанса. Некогашните социјалистички најголеми загубари и промашени инвестиции со влез на странски капитал покажаа дека можат да работат и да обезбедат во овој момент ...
Денес почнува втората рунда на "пеглањето" на законот за работни односи. Тет- а тет ќе се најдат на заедничка маса двајца од тројцата клучни моделатори на "работничкиот закон", кои треба да ги направат најфините финеси од законот за работни односи, а за кој не постоеше консензус во првата фаза.
Работник на "Електро-Кочани" во петокот бил нападнат од куче-скитник. Настанот се случил во кочанското село Подлог, кога работникот Јорданов требало да ја исклучи струјата на едно семејство поради неплатен долг. Меѓутоа, одненадеж зад него се нашло куче-скитник, кое го каснало и му скинало делови ...
Државниот пазарен инспекторат во петокот имаше вистинска “хајка” против пиратеријата по цедетеките и видеотеките низ земјата. Целта на инспекциски надзор на продажни објекти и видеотеки, од аспект на заштита на авторските и сродни права, беше спречување на продажба и издавање на пиратски изданија ...
СТРУГА.- Сала "Нико Нестор". Гледачи 500. Судии: Диковски и Мицевски од Скопје. Резултат по четвртини: 21:17, 6:10. 17:17, 7:12. ФОН: Трајковски 3, Рајковиќ, Баснарков, Цаноски 2, Петровски 9, Крстевски 14, Костовски, Миневски, Неделков 8, Дуганов 3, Павловски 12.
Веднаш по Риека, Драмскиот театар од Скопје ќе слета во Шведска, каде од 11 до 15 мај, во Стокхолм, Гетеборг и во Малме се одржуваат Деновите на македонската култура. Со претставата "Жив чоек" од Горан Стефановски, во режија на Дејан Дамјановски, Драмски ќе биде дел од програмата во која ...
Сала "Јане Сандански". Гледачи 700. Судии: Златевски и Денковски од Скопје. Резултат по четвртини: 18:17, 24:19, 13:20, 26:15. МЗТ СКОПЈЕ: Караџовски 14, Пенов, Петровски 5, Миленковиќ, Караколев, Софковски 3, Гаштарски 17, Деспотовиќ 4, Хаџивасилев 11, Николовски, Талевски 19, Књазев 8. ВАРДАР О.
Со свеченото примопредавање на преминот Долно Блаце, Граничната полиција која дејствува во рамките на МВР, од саботата и официјално почна да ја обезбедува северната граница кон Србија и Црна Гора и во делот на Косово. Полицијата, надлежна за тој дел на државната граница, е предвидено да брои 1.000 ...