Акцијата за собирање граѓански потписи против најавената изградба на американска Амбасада на локалитетот Градиште продолжува и денеска. Собирањето потписи започна во четвртокот, а зад иницијативата стои Координативното тело за одбрана на скопската тврдина Кале.
АКЦИЈА ЗА ЗАШТИТА НА ГРАДИШТЕ Потписите за заштита на местото Кале-Градиште, каде што САД планираат да изградат амбасада, ќе се собираат до понеделник. Во првиот ден од акцијата се собраа девет илјади потписи, а вчера до 15 часот се потпишаа уште околу шест илјади граѓани.
Акцијата на Координативното тело за одбрана на Скопската тврдина продолжува и идната недела Девет илјади граѓани од Скопје, но и од Куманово, Велес, Кавадарци... се изјаснија со потписи против најавата за изградба на американска амбасада на Кале.
ПРОДОЛЖУВА СОБИРАЊЕТО ПОТПИСИ ЗА ОДБРАНА НА ГРАДИШТЕ Чија историја бранат Македонците на Калето кога на телевизискиот клип се вели дека тоа место е на царот Милутин и на царот Душан - прашува министерот за транспорт и врски Агрон Буџаку во изјавата за вчерашниот број на дневниот весник на албански ...
Уводник - Бранко Ѓорѓевски Кога сите заедно со разбудената стручна совест навремено ќе станеме во одбрана на секој сантиметар од просторот во Скопје, ќе имаме чист образ да се спротивставуваме и на губењето на Калето. Тогаш нема да има потреба од тајни продажби, протести, петиции со кои сакаме да ...
Околу 14 илјади граѓани досега се потпишале на иницијативата против изградбата на американската амбасада на Кале. Скопјани, во одбрана на Калето, велат дека тоа е историски локалитет и белег на Скопје. „Никој нема право да руши, она што е историја.
ГРАЃАНСКА АКЦИЈА ПРОТИВ ИЗГРАДБАТА НА АМЕРИКАНСКА АМБАСАДА Катерина Нешкова Повеќе од седум илјади граѓани вчера на плоштадот „Македонија“ отворено го изразија својот револт против идејата на Владата и на властите на САД новата американска амбасада да се изгради во непосредна близина на скопското ...
СКОПЈАНИ СЕ ПОТПИШУВААТ ЗА ЗАШТИТА НА ГРАДИШТЕ Во првите час и половина од акцијата, и покрај дождот, се собраа повеќе од 1.500 потписи, а до 15 часот се потпишаа околу 8.000 граѓани Батлер, зошто баш на Кале?, "Голем срам за Македонија е да го дадеме Кале", "Моќта е во народот", "Американци, ние ...
ВЧЕРА НА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД Само вчера пред стоковната куѓа "Типо" за два часа беа собрани повеќе од 2.500 потписи, а поради масовниот одsив на граѓаните акцијата е продолжена до недела Пред стоковната куќа "Типо", на плоштадот Македонија, вчера многу луѓе се потпишуваа и го ставаа своето "НЕ" за ...
Координативното тело за заштита на локалитетот Градиште вчера ја почна акцијата за собирање потписи од граѓаните На иницијативата вчера се потпишаа стотици граѓани Со пораките ?Кале е срцето на Скопје", ?Мојот потпис против одлуката за продажба на дел од Кале за изградба на американска амбасада", ...
Дождот и лошото време не ги спречи скопјани да излезат на плоштадот "Македонија", пред стоковната куќа "Типо", и да го дадат својот потпис против одлуката за продажба на дел од Калето за изградба на американска Амбасада. Во двете книги - една за потписи, а другата за сугестии, предлози и коментари, ...
Скопјани масовно одговорија на повикот да се потпишат на иницијативата против изградбата на американската амбасада на Кале. Велат во скопското Кале е историјата на нашата Македонија. „Тоа му припаѓа на градот. Таму можеме да ги развиваме културните вредности на Скопје и Македонија и затоа оваа ...
Над 6 илјади скопјани денеска го дадоа својот потпис против изградбата на американска амбасада на скопското Кале. Списоците се отворија во 10 часот на плоштадот Македонија. Организаторите велат локацијата има симболика - точно пред нас е нашата гордост, К Над 6 илјади скопјани денеска го дадоа ...
РЕАКЦИЈА НА АМБАСАДАТА НА САД Новата амбасада на САД во Македонија нема да биде лоцирана на историското Кале, туку на просторот наречен Градиште, кој е повеќе од еден и пол километар оддалечен од Тврдината. Овој простор не се наоѓа на највисоката точка на ридот, ниту пак на највисоката точка во ...
РЕАКЦИЈА Новата амбасада на САД во Македонија нема да биде лоцирана на Кале, туку на просторот наречен Градиште, што е оддалечен околу 1,5 километар од тврдината, наведува американската амбасада во Скопје во вчерашното соопштение до медиумите.
ЖИВКО ПОПОВСКИ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА КООРДИНАТИВНОТО ТЕЛО ЗА ОДБРАНА НА КАЛЕТО Скопјани денеска од 10 часот на плоштадот „Македонија“ ќе може да се потпишат против идејата американска амбасада да се изгради на локалитетот Градиште, во непосредна близина на скопското Кале.
ПОЧНУВА СОБИРАЊЕТО ПОТПИСИ Скопјани денеска на градскиот плоштад Македонија од 10 часот ќе можат да го дадат својот потпис за заштита на локалитетот Градиште, каде што САД планираат да градат амбасада. На плоштадот во близина на стоковната куќа "Типо" ќе бидат отворени две книги, една за потписи, а ...
Писмо Во последно време, на јавните електронски медиуми, го следиме апелот за зачувување на Калето, но, за жал, апел што длабоко ги навредува националните чувства на македонскиот народ. Ако го проследите апелот, а не обрнете многу внимание на содржината, се е во ред.
Според Координативното тело за локалитетот Градиште во Скопје Утре во Скопје ќе стартува акцијата за собирање граѓански потписи ?Ниту во Генералниот урбанистички план за Скопје, ниту во Детаљниот урбанистички план за локалитетот Кале, што е дел од највисокиот устав во архитектурата и во ...
КООРДИНАТИВНО ТЕЛО ЗА ЗАШТИТА НА КАЛЕ-ГРАДИШТЕ Бројот на скопјаните што утре ќе се потпишат против отуѓувањето на Градиште ќе зборува за нашиот однос кон Калето, вели Поповски Владата да ја повлече одлуката за продажба на 46.000 квадратни метри од локалитетот Градиште за изградба на американска ...
ДЕНЕСКА НА ПЛОШТАДОТ Без разлика како ќе заврши оваа акција и дали ќе се гради амбасада или не, ние сметаме дека е корисно луѓето да дознаат што се се случувало со локалитетот и кој што одобрувал, изјави вчера архитектот проф.
Коментар - Тодор Пендаров Требаше да се одржи дипломатски турнир во тенис за посредно да дознаеме колку ни е безбедна државава. Неговата екселенција американскиот амбасадор Лоренс Батлер, додека се освежуваше со банани, не почести со две изјави за намерата на САД да изградат своја Амбасада на ...
КООРДИНАТИВНОТО ТЕЛО ВО АКЦИЈА Со акцијата за собирање потписи против идејата за изградба на американска амбасада на Кале нема да кажеме ништо ново, но ќе ја тестираме власта и ќе видиме дали таа ќе се однесува самоволно или пак ќе ги почитува законите, велат членовите на координативното тело за ...
Државната комисија за спречување на корупцијата нема заклучок Општина Центар треба да документира за измените во ДУП Државната комисија за спречување на корупцијата и по вчерашната седница на која расправаше за изградбата на амбасада на Кале сў уште немаше доволно основи за да го соопшти својот ...
ЛОКАЦИЈАТА ЗА НОВАТА АМЕРИКАНСКА АМБАСАДА СЕ УШТЕ СПОРНА Државната комисија за спречување на корупцијата и вчера остана на ставот дека Владата не треба да го продаде локалитетот "Градиште" на скопското Кале за изградба на амбасадата на САД, бидејќи не ги добила потребните документи со кои би се ...
Антикорупциската комисија на вчерашната седница не расправаш е за Калето, како што беше најавено. Според нашите сознанија, претседателот на Комисијата, Јован Трпеноски, ги информирал членовите за минатонеделната средба со премиерот Хари Костов на која се разговараше за продажбата на гасоводот, за ...
Координативното тело за заштита на локалитетот Скопско Кале - Градиште ги повикува граѓаните утре во 10 часот, на плоштадот "Македонија" да ја поддржат нивната иницијатива и да го дадат својот потиспротив изградбата на Американската амбасада на овој древен стратешки простор.Според Живко Поповски, ...
Во Македонија не владее правото, обвинување упатено директно кон премиерот Костов од експертите - архитекти, луѓето кои застанаа во одбрана на калето, а против изградба на американската амбасада. Образложението - на ова место никој не предвидел да се градат дипломатски претставништва.
СЕ УШТЕ СПОРНА ИЗГРАДБАТА НА АМЕРИКАНСКА АМБАСАДА Антикорупциската комисија се уште смета дека Владата не смее да дозволи САД да градат амбасада на скопското Кале, а американскиот амбасадор Лоренс Батлер вели дека нема друг локалитет безбеден за персоналот на американската амбасада.
Елена Ристеска Е па, некои работи не се купуваат со пари. Меѓу нив и земјиштето околу скопското Кале за изградба на новата американска амбасада. Затоа што се бесценети историските моменти од почетоците на градот, трагите од живеењето на балканските кралеви и сведоштвата за големиот земјотрес.
СПОРЕД АНТИКОРУПЦИСКАТА КОМИСИЈА Државната комисија за спречување на корупцијата смета дека се уште не се исполнети условите за Владата да го потпише договорот за купопродажба на земјиштето на Кале за изградба на американска амбасада, вели Слаѓана Тасева.
АМЕРИКАНСКИОТ АМБАСАДОР ТВРДИ Американскиот амбасадор Лоренс Батлер изјави дека неговата идеја не е американското знаме да се вее на највисокото место во Скопје. Амбасадата ќе биде на ниско, скромно место, со многу зеленило во дворот, рече тој.
Акцијата за собирање на потписи од граѓаните за трајна заштита на локалитетот Скопско Кале - Градиште ќе почне в четврток во 10 часот на плоштадот “Македонија”, најави на денешната прес-конференција Координативното тело за заштита на локалитетот Скопск Акцијата за собирање на потписи од граѓаните ...
Според Слаѓана Тасева "Комисијата за спречување на корупцијата на Македонија не го промени својот став во врска со изградбата на амбасадата на САД на скопското Кале", вчера за Макфакс изјави членот на Комисијата Слаѓана Тасева.
Антикорупциската комисија, на утрешната седница, ќе го дефинира својот став за изградбата на американската амбасада на Кале. Слаѓана Тасева вели дека Комисијата не го сменила својот став по средбата со премиерот Костов минатата недела, бидејќи засега нема никакви аргументи и документи дека се ...