TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Миле Новаковиќ размислува да ја тужи Македонија

Утрински - 03.10.2003

Пензионираниот потполковник од војската на Србија и Црна Гора по апсењето во Скопје се попишмани ГОРАН НАУМОВСКИ Пензионираниот потполковник Миле Новаковиќ, по враќањето во Србија и Црна Гора, на прес-конференција во Белград, како што пренесува "Политика", најави тужба против македонската држава.

Апсењето на Новаковиќ е фијаско за хрватското правосудство

Утрински - 01.10.2003

Според правни експерти Апсењето и пуштањето од екстрадициски притвор на потполковникот на Војската на СЦГ, Миле Новаковиќ, е фијаско на хрватското правосудство, сметаат правни експерти во државава. За нив е симптоматично и мошне несфатливо како можела да биде направена таква кардинална грешка.

Македонија го ослободи погрешниот Миле Новаковиќ

Утрински - 30.09.2003

Кумановскиот суд донесе одлука да го ослободи српскиот потполковник зашто тој не извршил воени злосторства во Хрватска Потполковникот на Војската на Србија и Црна Гора, Миле Новаковиќ, вчера попладне околу 15 часот беше пуштен на слобода од Истражниот затвор во Скопје.

По грешка уапсениот Миле пуштен од Шутка

Вест - 30.09.2003

ПРЕКИНАТА ПОСТАПКАТА ПРОТИВ ОФИЦЕРОТ ОД СЦГ Во саботата пред полноќ хрватските власти го известиле Интерпол во Скопје дека ја прекинуваат постапката против Миле Новаковиќ, со барање да се прекине и екстрадициониот притвор во Шутка Вчера околу 14 часот од истражниот затвор "Скопје" од притвор беше ...

Хрватска осудила погрешен Миле Новаковиќ

А1 - 29.09.2003

Хрватските власти денеска признаа дека во отсуство осудиле погрешен Миле Новаковиќ, затоа што дошло до забуна околу идентитетот на тоа лице, за што се известени и македонските власти кои во четвртокот го уапсија српскиот потполковник Миле Новаковиќ, врз основа на хрватската потерница.

Ослободен потполковник Миле Новаковиќ

А1 - 29.09.2003

Миле Новаковиќ српски потполковник кој во четвртокот беше приведен на Табановце, oслободен е откако хрватските власти вчера ја повлекоа потерницата по него. „Јас ги убедував, но тие не ми веруваа, сега се уверени“ рече Новаковиќ.

МВР: Го уапсивме вистинскиот Новаковиќ!

Дневник - 29.09.2003

ДИЛЕМИ со идентитетот НА притворениот за воени злосторства Иако Белград тврди дека сме уапсиле погрешен потполковник, македонската полиција е сигурна дека го уапсила вистинското лице, кое е на потерницата на канцеларијата на Интерпол од Загреб, изјавија вчера во Министерството за внатрешни работи ...

Кој Миле го уапсило МВР

Вест - 29.09.2003

ЗАБУНА ОКОЛУ АПСЕЊЕТО НА ОФИЦЕРОТ НА ТАБАНОВЦЕ Македонската полиција не може апсолутно да гарантира дека уапсениот Миле Новаковиќ е бараниот со меѓународна потерница Миле Новаковиќ, српски потполковник осуден за воени злосторства и за гранатирање МВР не може апсолутно да гарантира дека уапсениот ...

НОВАКОВИЌ ДЕНЕСКА ЌЕ БИДЕ ПУШТЕН НА СЛОБОДА

Канал5 - 29.09.2003

Потполковникот во армијата на Србија и Црна Гора Миле Новаковиќ денеска треба да биде пуштен на слобода од истражниот затвор во Скопје, по одлука на Кривичниот совет на Основниот суд од Куманово, изјави претседателот на кумановскиот Основен суд Звонко Јос Потполковникот во армијата на Србија и Црна ...

Идентитетот на уапсениот ќе се утврди по пристигнувањето прецизни информации од Хрватска

Утрински - 29.09.2003

Контроверзии по апсењето на обвинетиот за сторени воени злосторства во Шибеник на граничниот премин Табановце Жаклина Ѓорѓевиќ Идентитетот на Миле Новаковиќ, пензиониран српски потполковник, за кого Хрватска има распишано потерница поради сторени "злосторства против човештвото" ќе се утврди кога ...