TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

За Кардиохирургијата ќе одлучуваат стручни лица

Време - 16.12.2006

СЕЛМАНИ И ГРУЕВСКИ СЕ ОГРАДУВААТ Дали и каде ќе се отвори државната кардиохирургија ќе одлучуваат стручните лица од оваа област што ја знаат оваа проблематика подобро од мене, изјави вчера премиерот Никола Груевски. Кои се лицата што се најкомпетентни за таа работа - тој не сакаше да одговори.

За кардиохирургијата, сепак, ќе одлучуваат стручњаците

Утрински - 16.12.2006

Одлуката дали ќе заживее државната кардиохирургија треба да ја донесат стручњаците и експертите за оваа медицинска област. Ова го смета и премиерот Никола Груевски, кој вчера на Детската клиника изјави дека државната кардиохирургија е прашање кое треба да го решат стручњаци, но не обелодени кои.

За кардиохирургија ќе пресечат експертите

Дневник - 16.12.2006

Премиерот Никола Груевски ќе им ја препушти одлуката за отворање државна кардиохирургија на експертите и на министерот за здравство Селмани . - Таа работа треба да ја решат експертите и стручњаците и мислам дека министерот за здравство ќе најде луѓе што ќе помогнат за разрешување на таа ситуација и ...

За државна кардиологија ќе одлучи Клиничкиот центар

Вечер Прес - 16.12.2006

Проектот државна кардиохирургија е во фаза на стручна консултација, за што не случајно беа луѓе од Израел - смета министерот за здравство Имер Селмани. Тој вчера најави дека планира да донесе и други стручни лица кои ќе направат соодветна анализа на просторните услови и на техничките капацитети.

Експерти од странство ќе одлучат каде ќе се гради кардиохирургија

А1 - 15.12.2006

Нови експерти од странство ќе ги анализираат техничките и просторни услови на кардиологија и торакална. Ќе им требаат најмалку 2-3 недели за да одлучат каде ќе се гради кардиохирургија, најави министерот Селмани. „Очекуваме дека сепак одлуката ќе падне на стручно ниво, затоа што не би сакал да се ...

Груевски ги поддржува интересите на Жан Митрев

Време - 15.12.2006

СДСМ ЗА ДРЖАВНА КАРДИОХИРУРГИЈА Со опструирањето на проектот за државна кардиохирургија, премиерот Никола Груевски ги поддржува бизнис-интересите на Жан Митрев за сметка на поквалитетни и поевтини услуги за пациентите во земјава, обвини СДСМ на вчерашната прес-конференција.

За кардиохирургијата треба да одлучат стручњаците

Утрински - 15.12.2006

Коментар ЈАСМИНА ЈОВАНОВСКА Премиерот Никола Груевски непотребно се вовлече во полемиката дали на македонското здравство му треба или не му треба државна кардиохирургија. Кога еден премиер ќе арбитрира во микроекономски проекти, се соочува со сериозна опасност да биде изложен на сомневања дека ...

Премиерот ќе пресече каде да се отвори Кардиохирургија

Време - 14.12.2006

ЖЕСТОКА РАСПРАВИЈА ВО ВЛАДАТА Премиерот Никола Груевски ќе ја донесе конечната одлука за тоа каде да се отвори првата државна кардиохирургија. Ова е епилогот од двочасовната жестока расправија, која се водеше вчера во владиниот кабинет меѓу претставниците на хируршките клиники д-р Зоран Караџов, ...

Груевски ќе одлучи за отворањето државна кардиохирургија

Вест - 14.12.2006

Премиерот Никола Груевски ќе одлучува ќе има или не државна кардиохирургија во Македонија. На вчерашната средба со кардиохирургот Жан Митрев, директорот на Кардиологија Сашко Кедев и заменик-директорот на Клиничкиот центар проф.

Нов обид за опструкција на државната кардиохирургија

Утрински - 14.12.2006

Проектот државна кардиохирургија вчера доживеа уште еден обид на опструкција. На средбата во Владата, на која премиерот Никола Груевски вчера ги собрал стручњаците за да ги слушне лично нивните мислења за и против државната кардиохирургија, на масата биле понудени два проекта.

Се кршат копјата за државната кардиохирургија

Дневник - 14.12.2006

Жешка тричасовна средба за проектот државна кардиохирургија била одржана вчера во кабинетот на премиерот Никола Груевски. За тоа дали и каде би се правеле операции на отворено срце копјата ги кршеле менторот од Израел, д-р Салис Таџер и Зоран Караџов, директор на Хируршки клиники од една страна, со ...

Жан Митрев и Кедев советуваат - стоп!

Вечер Прес - 14.12.2006

Д-р Жан Митрев, директор на приватната болница Филип Втори, едновремено е и конкуренција на најавената државна кардиохирургија, а е и советник на премиерот Никола Груевски за здравство. Од друга страна, пак, д-р Сашко Кедев, актуелен директор на Клиниката за кардиологија, е советник во болницата ...

Груевски ќе одлучува каде да се гради новата кардиохирургија

А1 - 13.12.2006

Премиерот Груевски ќе одлучува каде да се гради новата кардиохирургија. Ќе оди на лице место да ги види двата објекта, ќе разговара со лекарите на торакална и на кардиологија. Откако ќе ги собере сите елементи за реалната и финансиска издржаност, ќе донесе конечна одлука.

Во Македонија сите сакаат да бидат шефови

Време - 13.12.2006

САЛИС ТАЏЕР , ЗА ПРОЕКТОТ ДРЖАВНА КАРДИОХИРУРГИЈА Доктор Салис Таџер е познат кардиохирург со македонско потекло, кој работи во Израел. Син му е на покојниот академик Исак Таџер, основоположникот на Фармацевтскиот и на Стоматолошкиот факултет, како и на Институтот за патофизиологија и нуклеарна ...

Личните интереси и кардиохирургијата

Утрински - 13.12.2006

ЕДИТОРИЈАЛ ЈАСМИНА ЈОВАНОВСКА Проектот државна кардиохирургија заглави меѓу личните интереси на поединци и реалните потреби на македонското здравство за оваа врвна медицинска гранка. Ваквото мислење провејува во јавноста, откако премиерот Никола Груевски се пишмани и само за десетина дена го смени ...

Kаде да биде поствена државната кардиохирургија на хируршките клники или на клниката за кардиологијa

Канал5 - 13.12.2006

Жешка расправа во кабинетот на премиерот каде да биде поставена државната кардиохирургија –на хируршките клиники или на клиниката за кардиологија. Жешка расправа во кабинетот на премиерот каде да биде поставена државната кардиохирургија на хируршките клиники или на клиниката за кардиологија.

Кардиолозите: Кардиохирургија да се гради на кардиологија

А1 - 12.12.2006

Кардиохирургија да се гради на кардиологија. Ова е конечниот став на стручниот колегиум на кардиологија со кој утре ќе настапат пред премиерот Груевски. Единствени се, на новата кардиохирургија местото и е во клиниката каде што веќе има изградено цел спрат со две операциони сали функционално ...

За отворање на клиниката проблем не се парите, туку суетите

Време - 12.12.2006

КЛИНИЧКИ ЗАСТАНА ЗАД ПРОЕКТОТ ДРЖАВНА КАРДИОХИРУРГИЈА Имате одличен тим што може да работи во новата кардиохирургија, цената за набавка опремата е реална и не треба да измислувате ништо ново туку само да ги примените светските искуства, вели Салис Таџер, светски познатиот кардиохирург со македонски ...

Државната кардиохирургија ќе спаси нови 1.000 срцеви болни

Вест - 12.12.2006

ПРЕЗЕНТИРАН НОВИОТ ПРОЕКТ НА КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР Според тврдењата на стручњаците од Хируршките клиники во Македонија, околу 2.000 пациенти имаат потреба од кардиохирургија, од кои дел воопшто не стасуваат на лекар, па умираат и без да им биде дијагностицирана болеста на срце Отворањето на државна ...

Со истите пари ќе се прават двојно повеќе кардиохируршки зафати

Утрински - 12.12.2006

Операциите на срце би биле за 30 отсто поевтини ЈАСМИНА ЈОВАНОВСКА Ако профункционира државната кардиохирургија, со истите пари кои сега се издвојуваат за операции на отворено срце во приватната болница „Филип Втори“ во државата ќе може да се лекуваат најмалку двојно повеќе болни, односно место 600 ...

Кардиохирургијата боледува од суети

Дневник - 12.12.2006

Јас спасувам старци, а кај вас умираат млади луѓе на 50 години поради недоволно стентирање , вели д-р Салис Таџер, кардиохирург со македонско потекло во Тел Авив Несфатливо е Клинички центар да биде без кардиохирургија поради тоа што со години раководствата од суета не може да се договорат на која ...

Се чека виза од државата

Вечер Прес - 12.12.2006

Со отворањето на кардиохирургијата времето на чекање кај пациентите ќе се скрати, а цената на интервенции ќе биде за 30 проценти поевтина од актуелните-вели д-р Караџов. Проектот кардиохирургија чека дозвола од Министерството за здравство и државата, по што за само шест месеци во објектот каде се ...

Молневит старт на државна кардиохирургија

А1 - 11.12.2006

Молневит старт на државна кардиохирургија наспроти идејата која се заговара цели 20 години. Ќе се градела на хирургија, со проектот ќе раководел Салис Таџер, кој во саботата пристигна од Израел. Не само што инвестицијата од еден милион евра се оценува за нереална, туку и врвните лекари се поделија ...

Антикорупциска бара информации, Клинички молчи

Време - 11.12.2006

ИМА ЛИ КОНФЛИКТ НА ИНТЕРЕСИ ВО СЛУЧАЈОТ „КЕДЕВ“? Антикорупциската комисија во три наврати побарала од директорот на Клиничкиот центар, Борче Георгиевски, информации за дополнителниот ангажман на Сашко Кедев, директор на Кардиологија, во приватната кардиохирургија „Филип Втори“, велат од ...

Не смее да се дозволи монопол во кардиохирургијата

Утрински - 11.12.2006

Не може „Филип Втори“ да кажува дали треба државна кардиохирургија. ЈАСМИНА ЈОВАНОВСКА Една приватна болница како што е „Филип Втори“ за операции на отворено срце не може да диктира дали на државното здравство му треба или не државна кардиохирургија.

За шест месеци може да профункционира државна кардиохирургија

Канал5 - 11.12.2006

За шест месеци може да се отвори државна кардиохирургија доколку се добие зелено светло од министерството за здравство. Ќе ја водат 4 домашни хирурзи под менторство на израелскиот експерт Салис Таџер. За шест месеци може да се отвори државна кардиохирургија доколку се добие зелено светло од ...

Странец во контрола на Филип Втори

Вечер Прес - 11.12.2006

Министерот за здравство Имер Селмани и директорот на Фондот за здравствено осигурување Ѓорѓи Тренковски беа во посета на приватните болници во Скопје за да видат како работат. Жан Митрев, сопственикот на Кардиохирургија "Филип Втори" смета дека државната комисија за контрола е некомпетентна, ...