Осумгодишниот спор меѓу А1 телевизија и Американскиот фонд за развој на медиумите(МДЛФ) за враќање на кредитот конечно се реши. Телевизијата треба да му го врати на Фондот долгот од 1.806.490 американски долари. Првиот износ од 1,5 милиони долари А1 ќе го плати на четири рати.