Хауард е еден од главните евроскептици во британскиот Парламент ЛОНДОН, 7 ноември - Мајкл Хауард е новиот лидер на британската опозициона Конзервативна партија, соопшти пратеничката група на конзервативците во британскиот Парламент.
Мајкл Хауард избран за нов лидер на Конзервативната партија на Велика Британија ОД НАШИОТ дописник Томислав Ивановски ЛОНДОН - Мајкл Хауард донеодамна министер за финансии во владата во сенка е избран денес за нов лидер на опозиционата конзервативна партија.
Мајкал Хауард, доскорешен министер за финансии во конзервативната „Влада во сенка“, е избран за нов лидер на британската Конзервативна партија, по оставката на досегашниот партиски шеф Јан Данкан Смит, кој ја загуби подршката на својата пратеничка група во Парламентот.
Денес Британската опозиција едногласно го избра конзервативецот Мајкл Хауард за лидер на Ториевците.Со изборот на Хауард конзервативците се надеваат дека ќе можат да се консолидираат и да ги зголемат своите шанси да ги победат лабуристите на Тони Блер на следните избори во 2005.