Женската ракометна репрезентација со пораз ги заврши натпреварите на 15-тото Светско првенство во Италија. Во последното 5-то коло го доживеавме четвртиот пораз на мундијалот од селекцијата на Кина со 32:25 и го освоивме последното место во А групата со само еден бод оној од мечот со Украина.
Македонските ракометарки ги загубија шансите за пласман во осминафиналето на 15-тото Светско првенство во Италија, по денешниот пораз од Холандија со 29:24, во четвртото коло од "А" групата. Нарушен ќе биде резултатскиот континуитет од последните големи натпреварувања и пласманите меѓу осумте ...
Македонската женска ракометна репрезентација денеска го дозивеа првиот пораз од Франција, на стартот на 15-то светско првенство што денеска почна во Италија, со резултат 31 : 17 Спред селекторот Зоран Кастратовиќ поради посилниот противник очекуван е овој пораз и поради неискористените шанси.