TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Македонската Влада е подготвена да се справи и со најлошото

Утрински - 26.01.2002

Интервју на Чашуле за австриската агенција АПА Виена - Македонската Влада ќе продолжи да работи на имплементацијата на Рамковниот договор, но е подготвена да се справи и со најлошото, нагласи шефот на македонската дипломатија, Слободан Чашуле, во интервју за австриската новинска агенција АПА.

Чашуле во Виена

А1 - 25.01.2002

Шефот на дипломатијата Слободан Чашуле, кој престојува во дводневна посета на Виена, денеска треба да има средба со австрискиот колега Бенита Фереро Валднер. Се очекува да стане збор за состојбите во регионот и актуелната политичко-безбедносна состојба во Македонија, а ќе бидат разгледани и ...

Македонија ги исполни обврските - сега е на ред меѓународната заедница

Утрински - 25.01.2002

Чашуле пред Постојаниот совет на ОБСЕ Скопје - Македонија ги исполни своите обврски, вклучително и Законот за локална самоуправа и повторно генерира стабилност во регионот, а меѓународната заедница треба да ја гарантира таа стабилност, истакна министерот за надворешни работи Слободан Чашуле на ...

Чашуле во дводневна посета на Австрија

А1 - 24.01.2002

Министерот за надворешни работи, Слободан Чашуле денеска отпатува во дводневна работна посета на Австрија на покана од шефот на австриската дипломатија Бенита Фереро - Валднер. Шефот на македонската дипломатија, како што е најавено, ќе има обраќање пред постојаниот совет на ОБСЕ и работна средба со ...

Организираниот криминал ќе и експлодира на Европа в лице

Дневник - 24.01.2002

ЧАШУЛЕ ПРЕДУПРЕДУВА Организираниот криминал подготвува голема експлозија, која ќе зафати голем дел од Балканот, рече завчера во Шведска македонскиот министер за надворешни работи, Слободан Чашуле, кој беше во работна посета на таа земја.

Шведска поддршка во доближувањето до Европа

Утрински - 23.01.2002

Посета на Слободан Чашуле на Стокхолм Стокхолм - Имплементацијата на Рамковниот договор и улогата и поддршката на меѓународната заедница во натамошното стабилизирање на состојбите во Македонија беа централна тема во разговорите на вчерашната средба во Стокхолм меѓу шефот на македонската дипломатија ...

Чашуле денеска во Шведска

А1 - 22.01.2002

Шефот на македонската дипломатија денеска престојува во посета на Кралството Шведска, каде како што е најавено, ќе има средби со својата шведска колешка Ана Линд и министерот за одбрана Бјорн Фон Сидоф. Чашуле ќе оствари средби и со претставници на шведската агенција за развојна соработка „Сида“ и ...

Донаторската конференција треба побргу да се одржи

Утрински - 22.01.2002

Министерот Чашуле во Финска Хелсинки - Македонија се залага за исполнување на обврските преземни со потпишувањето на Рамковниот договор, но е потребно и меѓународната заедница да го исполни својот дел од обврските во однос на имплентацијата на Договорот, пред с?, кога станува збор за поддршката во ...

Чашуле во Финска и Норвешка

А1 - 21.01.2002

Министерот за надворешни работи Слободан Чашуле замина во работна посета на Финска, на покана на својот колега Ерки Туомиоја. Покрај средбите со својот домаќин, како што соопшти министерството за надворешни работ, Чашуле ќе има средба и со финскиот министер за надворешна трговија Јари Вилен, а ќе ...