Пливачките натпревари и машкото ватерполо финале за крај на светското првенство во водни спортови во Мелбурн, на кое доминираа американците со вкупно 21 златен медал , пред Русите со 11 најсјајни одличја. Фантастичниот Мајкл Фелпс го обезбеди најбогатиот златарски штанд.
Најдобриот пливач на планетата Мајкл Фелпс го освои и шестиот златен медал на светското првенство во спортови во вода во Мелбурн. Најтрофејниот пливач на денешнината е на вистински пат кон подвигот што досега никој не го остварил, да се закити со осум најблескави трофеи на големите натпреварувања.
Лохте со најдобар резултат во историјата на 200 м грбно на СП во пливање во Мелбурн Мајкл Фелпс го освои својот петти златен медал на 12. Светско првенство во спортови на вода во Мелбурн, учествувајќи во соборувањето на светскиот рекорд со американската штафета 4х200 м слободно.
Моника Спасова го освои 60. место на 50 метри пеперутка, а во истата дисциплина Елена Поповска беше пет места послабо пласирана во квалификациските трки на Светското првенство за спортови на вода, што се одржува во Мелбурн (Австралија).
СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО ВОДНИ СПОРТОВИ ВО МЕЛБУРН Американецот Рајан Лохте барем за момент го стави Мајкл Фелпс во втор план приредувајќи голема сензација во финалето на 200 метри грбно на Светското првенство во водни спортови во Мелбурн: го порази Арон Пирсол.
Македонските пливачи и натаму постигнуваат скромни резултати на светското првенство во водни спортови во Мелбурн. Сите четворица наши претставници денеска во квалификациите испливаа времиња послаби од резултатите со кои беа пријавени.
Вчера светски рекорди постигнаа и Американката Вазири и штафетата на САД четири пати 200 слободно, жени Мајкл Фелпс (САД) постигна уште еден светски рекорд, вчера, трет во три дена, на СП во Мелбурн. Ова му е 4. злато на ова СП, а најави дека можеби ќе тера до 8.
Елена Поповска се пласира на 76. место во пливачката дисциплина 100 метри слободно, на СП во Мелбурн, во вчерашните квалификации. Таа ја исплива својата делница за 1:00,73 минута, а имаше пријавено време од 1:01,00. Квалификациите ги завршија 128 пливачки.
Американецот со нов светски рекорд на 200 м мешано, Вазири си го израмни рекордот на 50 м грбно, а САД со рекорд и на 4х200 м слободно Продолжува доминацијата на Мајкл Фелпс на 12. Светско првенство во спортови на вода во Мелбурн, каде што во петтиот натпреварувачки ден повторно собори светски ...
СП ВО ВОДНИ СПОРТОВИ Феноменалниот американски пливач Мајкл Фелпс (21) продолжува да ја „мати“ водата во базенот во Мелбурн, Австралија, каде што се одржува Светското првенство (СП) во водни спортови, откако вчера повторно постигна нов светски рекорд, сега во дисциплината 200 метри мешано.
МАРЈАН СОКОЛОВСКИ, ШЕФ НА МАКЕДОНСКАТА ДЕЛЕГАЦИЈА НА СП Дајте ми вистински услови за работа, 365 дена во годината да работат базените, платени подготовки за нашите репрезентативци четири пати во годината по 21 ден, помош во исхраната и витаминизацијата и јас ќе направам шампиони на Европа и ...
Нашите иселеници биле вџашени што репрезентативците ни се облечени кој како можел , но се задоволни што Македонија е претставена под уставното име Македонските иселеници во Австралија биле вџашени од изгледот на нашите репрезентативци на Светското првенство во спортови на вода, во Мелбурн, кои таму ...
Сакавме на повеќе спортисти да им дадеме шанса да се натпреваруваат на СП во Мелбурн, како услов за добивање вајлд карта за ЛОИ 2008. Сите уште во Скопје ја знаеја одлуката на УО и сега не обвинуваат дека едни биле привилегирани, други не, вели Зоран Алексов, претседател на ПФМ Обвинувањата од ...
Нашата пливачка Елена Поповска не го поправи впечатокот за инфериорниот настап на македонските репрезентативци на светското првенство во водни спортови. Трката на 00 метри слободно таа ја заврши за една минута и 73 стотинки со што во конечниот пласман беше 76-та од 128 натпреварувачки.
УШТЕ ЕДЕН СПЕКТАКУЛАРЕН ДЕН НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ВОДНИ СПОРТОВИ ВО МЕЛБУРН На Светското првенство во водни спортови во Мелбурн и вчера продолжија да паѓаат светски рекорди, а шоуто повторно го украде Мајкл Фелпс. На Светското првенство во водни спортови во Мелбурн и вчера продолжија да паѓаат ...
Најбрзи во историјата: Фелпс на 200 м пеперутка, Маноду на 200 м слободно и Вазири на 50 м грбно, Мелули прв Тунижанец со злато од СП „Дожд“ од рекорди донесе и четвртиот натпреварувачки ден на пливачкиот дел во базен на 12. Светско првенство во спортови на вода во Мелбурн, за што се погрижија ...
Покрај Американецот, светски рекорди вчера постигнаа Маноду и Вазири Мајкл Фелпс го постигна својот втор светски рекорд во пливачкиот дел од Светското првенство во спортови на вода во Мелбурн, а Лор Маноду и Лејла Вазири вчера додадоа уште по еден светски рекорд.
Американецот Мајкл Фелпс го освои третото злато на СП во Мелбурн соборувајќи уште еден светски рекорд во пливање, овојпат на 200 метри пеперутка - 1:52,0 минута што е за 1,17 секунда подобро време што го постави на Пан пацифик игрите, минатата година, во Канада.
Три нови светски пливачки рекорди на мундијалот во спортови на вода во Мелбурн. На четвртиот ден во Род Лејвер арената продолжи и незапирливиот јуриш на најдобриот пливач на планетата Мајкл Фелпс кон осумте златни трофеи што си ги постави како цел. Нашите повторно резултатски при дното.
Двајца тренери тврдат дека македонскиот тим погрешно е организиран на штета на нивните пливачи, а првиот човек на ПФМ смета дека „бараат преку леб погача“ Македонската пливачка репрезентација на СП во Мелбурн е неправедно поделена во два дела: привилегирани и „аутсајдери“, тврдат пливачките тренери ...
Третиот ден на СП донесе најдобри времиња во историјата на Фелпс и Пелегрини на 200 м слободно и на Кафлин и Пирсол на 100 м грбно Американецот Мајкл Фелпс го урна светскиот рекорд на Јан Торп на 200 м слободно, освојувајќи го златниот медал во оваа дисциплина на 12.
Американските пливачи Мајкл Фелпс, Ерон Пирсол, Натали Кофлин и нивната колешка од Италија, Федерика Пелегрини, постигнаа светски рекорди вчера, во Мелбурн , на Светското првенство во спортови на вода. Фелпс му украде дел од славата на пензионираниот Ијан Торп со соборување на неговиот светски ...
Пливачите Натали Колин, Мајкл Фелпс и Арон Пирсон освоија уште три златни медали за репрезентацијата на САД. Во трката на 200 метри слободно Фелпс го собори рекордот на Јан Торп, Австралија (1:44,06) поставен во јануари 2001 година пливајќи со време од 1:43,86 минута.
Нов симболичен настап на нашите пливачи на светското првенство во Мелбурн. Миро Крстевски на 200 метри пеперутка беше 55-ти, меѓу 64 натпреварувачи. Мирјана Стојанова 98-ма, во конкуренција на 106 пливачки кои остварија пласман во трките на 200 метри слободно.
Новата генерација македонски пливачи периодов се натпреварува со елитата на светското првенство во спортови во вода кое се одржува во Мелбурн. Мирјана Стојанова денеска беше 76-та меѓу 86-те пливачки во квалификациите на 100 метри грбно. Таа беше трета во нејзината група со резултат 1.1.5.07.
Тој победи во финалето на 400 м слободно, со што го фрли во сенка успешниот старт на шампионите Фелпс и Маноду Парк Тае-хван стана прв пливач од Јужна Кореја со светска титула, забележувајќи сензационална победа во финалето на 400 м слободно на Светското првенство во Мелбурн.