ЗАКОНСКИ ИЛИ ПОД ПРИТИСОК, ШУТКА СЕ НАПОЛНИ Мери Јордановска Огнен Чанчаревиќ Поранешниот премиер и министер за одбрана Владо Бучковски, обвинет за сомнителни набавки тешки над два милиони евра, останува на слобода, додека обичните „смртници“ што сториле помало и полесно кривично дело ќе го чекаат ...
Генералот Методи Стамболиски и директорот на МЗТ ФОП, Митре Петковски и овој викенд ќе го поминат во Истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари. Одлука за прекинување на притворот вчера не беше донесена во Основниот суд Скопје 1 поради тоа што бранителот на поранешниот началник на Генералштабот на ...
Во годината која според власта и опозицијата е клучна за исполнување на условите за евроатлантска интеграција на земјава, се вжештуваат меѓупартиските обвинувања за реприза на конфликтот од 2001 Обвиненија за подготвување на репризата на конфликтот од 2001 година и различни мислења на политичките ...
Во случајот на Бошкоски, Борис Кондарко како тогашен претседател на Комисијата, а сегашен пратеник, правилно заклучува дека одлуката за притвор на Комисијата не е обврзувачка за истражниот судија, односно тој одлучува самостојно и независно Ајде за момент да се вратиме на 30 април 2004 година, 13 ...
ВЛАДО БУЧКОВСКИ ТВРДИ Обвинителството селективно собира докази, а кривичната пријава против мене е преседан, оти таа веќе беше отфрлена во 2003 година, тврди пратеникот Владо Бучковски, првоосомничен за набавката на резервни тенковски делови за АРМ во која, според обвинението, државата била ...
ВМРО-ДПМНЕ вчера го праша поранешниот министер за одбрана Владо Бучковски дали дента кога падна авионот на претседателот Борис Трајковски префрлил 50 милиони денари од Министерството за одбрана на МЗТ ФОП каде што 24 проценти од акциите се на Комерцијална банка.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев денеска информира дека се уште поранешниот министер за одбрана Владо Бучковски не одговорил на вчера поставеното прашање од страна на ВМРО - ДПМНЕ за настанот во 2004 година кога на 26 февруари се урна авионот на покојниот претседател Борис Трајковски.
ВМРО-ДПМНЕ вчера излезе со нови обвинувања против опозициските социјалдемократи. „Дали и како дента кога загина претседателот Трајковски се префрлени 50 милиони денари од Министерството за одбрана, каде што министер и подоцна шеф на претседателската кампања на Црвенковски беше Бучковски, на МЗТ ...
Силвана Бонева СДСМ и ЛДП се' уште сметаат дека имаат сезонски хит што ги обединува и со кој може да го сопрат падот на својот рејтинг, вели Силвана Бонева Дали преиначувањето на одлуката на судијата е резултат на притисоците од СДСМ или на „новите докази“ на Бучковски ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Госпоѓо ...
Со стан во Аеродром, со проценета вредност од над 100 илјади евра, Методија Стамболиски гарантира дека ќе биде достапен на истражните власти ако го пуштат да се брани од слобода. Генералот Стамболиски, преку неговиот адвокат Трајан Китановски вчера поднесе имотна гаранција за тој да биде ослободен ...
По пасошот, притворениот генерал Методија Стамболиски преку своите адвокати како гаранција за да се брани од слобода го заложи и својот стан во населбата Аеродром, проценет на повеќе од 100.000 евра, потврдија за А1 денеска од Скопскиот кривичен суд.
СЛУЧАЈ „АРМИСКИ ДЕЛОВИ“ Нема одлука за барањата на адвокатите на генералот Методиј Стамболиски и на директорот на МЗТ ФОП, Митре Петковски, тие да се бранат од слобода. Тие и вчера останаа во притвор да ја чекаат конечната одлука на истражната судијка Катица Јовановска, која, според адвокатите, ...
ВМРО - ДПМНЕ бара одговор од поранешниот министер за одбрана Владо Бучковски за настанот во 2004 година кога на 26 февруари се урна авионот на сега покојниот претседател Борис Трајковски и од СДСМ дали има сценарио за заштита на организираниот криминал и за враќање на власт по рецептот од 2001 ...
Владо Бучковски на списокот на криминалци во МВР „Министерството за внатрешни работи не сака и нема намера да навлегува во полемика со лица кои се појавуваат во крим-евиденцијата како сторители на тешки кривични дела осомничени за оштетување на државниот буџет за три милиони евра и против кои се ...
Емил Зафировски Наташа Јовановска, ќерка на истражната судијка Катица Јовановска, од пред неколку месеци е вработена во кабинетот на државниот јавен обвинител Љупчо Шврговски. Катица Јовановска е судијката што не му изрече мерка притвор на Владо Бучковски за случајот со набавка на резервни делови ...
ВМРО-ДПМНЕ Што значеше изјавата на Бучковски за мобилизација на СДСМ и радикализација на состојбата во државата и дали истите општински организации на СДСМ што за малку што не го демолираа судот се дел од истиот табор што треба да ја радикализира и Македонија.
Поранешниот началник на Генералштабот на АРМ, генерал Методи Стамболиски, и директорот на МЗТ ФОП, Митре Петковски, можат да се надеваат дека мерката притвор што им беше изречена пред десетина дена ќе биде укината, бидејќи истражната судијка вчера ја комплетира постапката.
Генералот Методи Стамболиски доставил дополнителна гаранција со барањето да биде пуштен од притвор. Покрај патната исправа која ја приложи вчера, од денеска Стамболиски и со семејниот стан во Аеродром, гарантира дека нема да ја напушта државава.
"МВР не сака и нема намера да навлегува во полемика со лица кои се појавуваат во крим евиденцијата на Министерството како сторители на тешки кривични дела, осомничени за оштетување на државниот буџет за неколку милиони евра и лица против кои во моментот се води судска истрага", рече на вчерашната ...
Поранешниот началник на Генералштабот на АРМ, генерал Методи Стамболиски и управителот на МЗТ-ФОП, Митре Петковски, осомничени за злоупотреба при набавката на резервни делови за тенкови, во новото барање за пуштање од притвор ги понудиле своите патни исправи како гаранција дека нема да избегаат од ...
Не знам баш кога точно поминуваат седум дена од „гранатирањето“ на Владата, но би требало да очекуваме нешто во почетокот на идната недела, евентуално понеделник или вторник, оти средата е веќе зафатена со вонредната собраниска седница за имунитетот на Бучковски.
МВР нема да полемизира со лице осомничено за тежок криминал како што во случајов е пратеникот Владо Бучковски. Вака Министерството вчера возврати на обвинувањата од поранешниот премиер дека бил малтретиран и незаконски задржан на граничниот премин "Богородица".
Ново барање за ослободување од притвор за генералот Стамболиски и директорот на „МЗТ ФОП“ Митре Петковски. Откако вчера им беше одбиено барањето поради можност од бегство, денеска адвокатите на притворените како гаранција дека Стамболиски и Петковски нема да избегаат и пред судот ќе доаѓаат на ...
СЛУЧАЈ „НАБАВКА НА РЕЗЕРВНИ АРМИСКИ ДЕЛОВИ“ Министерството за одбрана во случајот со набавката на резервни армиски делови од Украина преку незаконска цесија ги префрлило парите на фирми што се јавувале како побарувачи од МЗТ ФОП и со тоа овозможило да исчезнат 2,2 милиони евра државни пари.
Во Министерството за внатрешни работи вчера пристигнала претставката од Народниот правобранител во врска со случајот со задржувањето на поранешниот премиер Владо Бучковски на граничниот премин Богородица при враќањето од Грција во Македонија.
Поранешниот началник на Генералштбот на АРМ генерал Методи Стамболиски е ослободен од притвор во аферата со набавка на делови за тенкови , реши вчера Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1. Ослободен е и управителот на МЗТ-ФОП Митре Петковски кој беше притворен за истото дело.
Македонската јавност се уште очекува од пратениците на СДСМ Владо Бучковски и Игор Ивановски да одговорат на веќе поставените прашања во врска со нивните изјави, нагласи Александар Бичиклиски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.
„Кога ќе се посегне по одредени личности што вршеле функции, се применуваат насилнички средства и се прави се' за да се остане само на декларативно, а да не се презема ништо конкретно“, коментираше вчера министерот за правда, Михајло Маневски, на забелешките дека случајот со Бучковски е политички ...
Излегувањето од притвор на генералот Методи Стамболиски и на управителот во МЗТ ФОП, Митре Петковски се развлече. Излегувањето од притвор на генералот Методи Стамболиски и на управителот во МЗТ ФОП, Митре Петковски се развлече.
Скопје Седницата на македонското Собрание на која се расправа по одлуката на собраниската Комисија за одземање на имунитетот на пратеникот Владо Бучковски, треба да продолжи утре. Бучковски е осомничен дека во 2001, кога ја извршуваше функцијата министер за одбрана ја оштетил државата за сума од 3 ...
Првоосомничен за случајот е некогашниот премиер Бучковски, кој се товари дека потпишал набавка на четири пати повеќе тенковски делови од потребното, со што државата е оштетена за речиси три милиони евра. Она што Бучковски го направи во Судот за 8 часа, останатите обвинети не успеаја ниту за 8 дена, ...
Постои опасност од бегство. Тоа е причината поради која судот го отфрли барањето за пуштање од притвор и ги остави во Шутка и пензионираниот генерал Методија Стамболиски и директорот на „МЗТ ФОП“ Митре Петковски, осомничени за набавката на резервни тенковски делови.
МВР НЕ ГИ КОМЕНТИРА ОБВИНУВАЊАТА НА БУЧКОВСКИ МВР нема да полемизира со лице осомничено за тежок криминал како што во случајов е пратеникот Владо Бучковски, одговараат од Министерството по обвинувањата на Бучковски дека незаконски бил малтретиран на граничниот премин „Богородица“.
Генералот Методи Стамболиски треба да остави парична или гаранција со имот, како и патната исправа за утре да излезе од притвор. Генералот Методи Стамболиски треба да остави парична или гаранција со имот, како и патната исправа за утре да излезе од притвор.
Можеби во текот на денешниот ден Кривичниот совет на Основниот суд - Скопје 1 ќе донесе одлука околу евентуалното ослободување од натамошно издржување на мерката притвор, која минатиот вторник им беше изречена на ексначалникот на Генералштабот на АРМ, Методи Стамболиски, и на директорот на МЗТ ФОП, ...
Само ако биде ослободен од обвинението, Владо Бучковски ќе биде повикан да сведочи во Хаг, тврди Горан Митевски, член на Здружението Љубе Бошкоски нема никаква врска со случувањата во врска со Владо Бучковски, ниту со дневнополитичките настани во Македонија и за да се овозможи негово фер судење во ...
ПО НЕИЗРЕКУВАЊЕТО ПРИТВОР ЗА БУЧКОВСКИ Неизрекувањето мерка притвор за Владо Бучковски е многу лошо за угледот и за професионалноста на судските власти, тврдат високи судски извори. Според нив, одлуката на истражната судијка Катица Јовановска да не му изрече мерка притвор на првообвинетиот во ...
Пратеничката група на СДСМ му подготвува интерпелација на спикерот Љубиша Георгиевски. Радмила Шекеринска и Владо Бучковски ги закопаа секирите и сега кројат заедничка стратегија за ревитализација на СДСМ Случајот „Бучковски“ ја врати од САД лидерката на СДСМ, Шекеринска, која вчера била на ручек ...
ВО „ВОЛ СТРИТ ЏУРНАЛ“ По убивањето на шесте Пакистанци и Индиецот во Раштански Лозја кај Скопје, случај за кој подоцна на Љубе Бошковски му беше одземен имунитетот, Владо Бучковски беше првиот македонскиот политичар кој јавно, во странски весник го обвини Бошковски дека убиените биле недолжни ...
ФРАКЦИОНЕРИТЕ СЕ ВРАЌААТ ВО СДСМ Љупчо Јордановски нема да се врати на кормилото на СДСМ ако актуелното раководство не му се извини за премолчувањето кога премиерот Груевски го повлече од дипломатска мисија во Вашингтон Лидерот на СДСМ Радмила Шеќеринска сака да ја искористи климата што се создаде ...
АПЕЛ Името на Љубе Бошковски да не се користи во врска со обвинението против бившиот премиер Владо Бучковски, апелираше вчера Здружението за поддршка на Љубе Бошкоски. - Не треба да се мешаат обвинетите за случајот Љуботен во кој било дневнополитички настан.
Скопје Кога ќе се посегне по одредени личности кои што вршеле функции се применуваат насилнички средства и се прави се за да се остане само на декларативно, а да не се презема ништо конкретно. Ова е коментарот на македонскиот министер за правда, Михајло Маневски на забелешките дека случајот ...
Скопје Генералот Методи Стамболиски и управителот во МЗТ ФОП Митре Петковски ќе бидат пуштени од притвор и до почетокот на судењето за набавката на резервни делови за тенковите на АРМ ќе се бранат од слобода. Одлуката за укинување на притворот денеска ја донесе истражен судија од Основниот суд 1 во ...
Адвокатите на генералот Методи Стамболиски и Митре Петковски, притворени за случајот Набавка на резервни делови, веруваат дека притворените денеска ќе бидат пуштени да се бранат од слобода. Тие вчера пред судот изјавија дека истражната судијка коректно ја води постапката, поради што очекуваат дека ...
Истражната судијка Катица Ивановска не беше член на кабинетот на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошковски, туку беше советник на тогашниот директор на ДБК. Бошковски нема никаква улога во одлуката на Ивановска да го ослободи Владо Бучковски од мерката притвор.
Додека генералот Стамболиски е во притвор и чека да се разгледа неговото барање и тој да биде пуштен како Бучковски, да се брани од слобода, во судот продолжи распитот на сведоците потребни во истрагата за случајот со набавката на резервни тенковски делови.
Љубе Бошкоски бара да се престане со негова злоупотреба во меѓупартиската борба. Здружението за негова поддршка го пренесува ставот на екс министерот од Хаг - политичките партии да не го спомнуваат повеќе неговото име за сопствени и себични цели.
Експремиерот изјави дека отворено се сомнева дека спикерот е главен во приказната за притворот ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Владо Бучковски вчера го обвини спикерот Љубиша Георгиевски дека е „режисер на целата лакрдија“ за одземањето на имунитетот, одобрувањето на барањето за притвор, вклучувајќи го и ...
ЕДИТОРИЈАЛ СОЊА КРАМАРСКА Последните настани во врска со кривичната пријава против експремиерот Владо Бучковски покажуваат дека во нашата држава ништо не се сменило. Во петокот, судот во Скопје беше опседнат од неколку стотици партиски членови, симпатизери и пријатели на Бучковски.
Љубе Бошкоски не е вмешан преку истражниот судија Катица Јовановска во донесувањето на нејзината одлука да не се одреди мерката притвор за поранешниот премиер и актуелен пратеник на СДСМ, Владо Бучковски, тврдат претставици на Здружението за поддршка на Љубе Бошкоски.
Отворено се сомневам дека тој е неуспешен режисер на претставата со фалсификатот околу одземањето на мојот имунитет, изјави поранешниот премиер Претседателот на Собранието, Љубиша Георгиевски, е главниот режисер на лакрдијата што се случуваше околу одземањето на мојот пратенички имунитет, изјави ...
Партијата за европска иднина во вчерашното соопштение до медиумите оценува дека случајот со пратеникот Владо Бучковски е обид за наметнување политичка криза преку негација на легитимноста на власта и форсирање на сопствената вистина.
БУЧКОВСКИ ЧЕКА НА СОБРАНИЕТО Средбата на претседателот на Собранието со координаторите на пратеничките групи, на која требаше да се одреди датумот на собраниската седница на која ќе се расправа за одземање на имунитетот на пратеникот Владо Бучковски, се одржа вчера доцна попладне.
Истрагата околу спорната набавка на резервни делови за бугарските тенкови за која првоосомничен е пратеникот Владо Бучковски продолжува. И денешните сведоци, вработени во министерството за одбрана, не и беа доволни на судијката Катица Јовановска да ја заврши истрагата.
ВЧЕРА КАЈ НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Пратеникот Владо Бучковски, обвинет за криминална набавка на резервни армиски делови вчера беше во Народното правобранителство да се жали дека властите го малтретирале и дека му ги загрозиле човековите права.
Спикерот на Собранието Љубиша Георгиевски на 16 август ќе закаже редовна собраниска седница, на која пратениците ќе се изјаснат за одлуката на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања со која му се одзема имунитетот на пратеникот Владо Бучковски.
Кривичниот совет на скопска „единица“ ја одбило жалбата на Јавното обвинителство ЉУБИША СТАНКОВИЌ Кривичниот совет на Основниот суд - Скопје 1 ја отфрли жалбата на Јавното обвинителство по петочната одлука на истражниот судија Катица Јовановска да го укине притворот што во отсуство му беше изречен ...
ЕКСПРЕМИЕРОТ СЕ ПОЖАЛИ КАЈ НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Претставка за прекршување на неговите права Бучковски ќе достави и до МВР во секторот за внатрешна контрола. Експремиерот Владо Бучковски вчера се пожали кај Народниот правобранител дека полицијата ги крши неговите слободи и права со тоа што мината ...
Скопје Собранието денеска треба да ја продолжи дебатата во врска пратеничкиот имунитет на Владо Бучковски, поранешен премиер. Полемичната дебата, во која имаш високи тонови, па и навреди, беше прекината после полноќ на инсистирање на пратениците на опозицијата.
Скопје Седницата на македонското Собрание на која се расправа по одлуката на собраниската Комисија за одземање на имунитетот на пратеникот Владо Бучковски, продолжува в понеделник. И на денешната, како вчерашната петчасовна расправа, имаше серија реплики и контрареплики со испровицирана расправија ...
Екс-премиерот Владо Бучковски вчера се пожали кај Народниот правобранител дека му биле прекршени човековите права со држење на граничниот премин Богородица. Тој за овој случај поднесе претставка до правобранителот Иџет Мемети, но поради неговото отсуство екс-премиерот имаше средба со неговиот ...
Лидерката на СДСМ Радмила Шекеринска не чувствува вина за однесувањето на пратеничката група од нејзината партија на минатонеделната седница на мандатно-имунитетната комисија на која му беше одземен пратеничкиот имунитет на Владо Бучковски и за однесувањето на приврзаниците на СДСМ пред судот ...
Бучковски ќе се брани од слобода, потврди денеска Кривичниот совет на судот Скопје 1 и ја одби жалбата на јавното обвинителство на петочната одлука на судот, наместо во притвор, присуството на поранешниот премиер во судската постапка да се обезбеди со одземање на пасошите на Бучковски.
Ќе има седница на Собранието, ама не итна, како што бараше СДСМ. Спикерот Георгиевски ги повика пратениците да се соберат на 16 август за да расправаат за случајот со имунитетот на Бучковски. „На седницата ќе има една точка на дневен ред и таа точка е: Одлуката на Комисијата за деловнички и ...
Не постои таков човек кој би бил од корист за одбраната на господинот Бошкоски со кого јас не би разговарала, вели Рашидовиќ Според адвокатот на Бошкоски, Бучковски би бил од корист затоа што тогаш бил министер за одбрана ЉУБИША СТАНКОВИЌ Бранителката на Љубе Бошкоски, адвокатката Едина Рашидовиќ, ...
Љубе Бошкоски ќе ги откаже адвокатските услуги на Драган Гоџо зашто со својата изјава за медиумите тој сериозно ја нарушил процедурата на Хашкиот суд и му наштетил на Бошкоски, тврдат во ВМРО-ДПМНЕ. Според владејачката партија, Љубе Бошкоски во телефонски разговор ги демантирал изјавите на Владо ...
ВО ИСТРАГАТА ПРОТИВ ЕКСПРЕМИЕРОТ Бучковски изјави дека разговарал по телефон со Љубе и тој го преупредил на можно сценарио за да се спречи експремиерот да биде сведок на одбраната во Хаг. ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Љубе ним им рекол оти не сака неговото име да се користи како параван за Уште нема ...
Кривичниот совет на скопскиот кривичен суд е пред одлука – дали ќе им го укине притворот на екс- началникот на Генералштабот на АРМ Стамболиски и на директорот на МЗТ ФОП Петковски. Кривичниот совет на скопскиот кривичен суд е пред одлука дали ќе им го укине притворот на екс- началникот на ...
Редовна, а не вонредна седница на Собранието на Република Македонија по одобрување на притворот за пратеникот Владо Бучковски како што бараше опозицијата, одлучи претседателот Љубиша Георгиевски. Редовна, а не вонредна седница на Собранието на Република Македонија по одобрување на притворот за ...
Од слобода ќе се брани и петтообвинетиот Ацо Ѓурчевски, а се најавува дека судот уште денеска е можно да решава дали ќе ги ослободи од притвор и генерал Стамболиски и управителот на ФОП, Петковски Ескпремиерот Владо Бучковски, првообвинет во случајот „Набавка на делови за тенкови“ очекува истрагата ...
СЛУЧАЈ „БУГАРСКИ ТЕНКОВИ“ Горан Галевски Поранешниот премиер и министер за одбрана на Македонија Владо Бучковски ја подготвува својата одбрана против обвинението за штетните договори за набавка на резервни делови за подарените бугарски тенкови што против него беше покренато минатата недела.
"Имунитетот на господинот Љубе Бошковски, не му беше одземен поради потерница од Хашкиот трибунал, туку за случајот Раштански лозја и хајката што тогаш ја водеа Хари Костов, Бранко Црвенковски и Владо Бучковски, мавтајќи Це- диња од собраниска говорница", реагираа вчера од партијата на ВМРО- ДПМНЕ, ...
СДСМ изврши атака и врз независното судство со демонстрациите пред судот во случајот Бучковски, што претставува сериозен преседан и предизвикува директна штета врз заложбите на Македонија за интегрирање во ЕУ, изјави вчера Зоран Петров, потпретседател на Демократскиот сојуз.
На 2 август дефинитивно се разводени и изјалови толку декларираната борба против корупција на оваа влада, која дефинитивно не сака вистински да води војна против криминалот , туку сака единствено да позира и да се слика Само слабите немаат сила да бидат праведни - гласи една од мислите на познатиот ...
Исо Руси Претседателот на Хелсиншки комитет вели дека има барем три илјади прашања за воените набавки во 2001 година ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Господине Руси, како ја коментирате целата ситуација со пратеникот Владо Бучковски, одземањето на имунитетот, распитот и присуството на неговите сопартијци пред ...
Скопје Македонското Собрание на 16 август ќе одржи седница на која ќе треба да ја потврди или отфрли одлуката на Комисијата за мандатно имунитетни прашања која му го одзеде имунитетот на пратеникот Владо Бучковски. Oва е резултат од денешната средба на претседателот на Собранието Љубиша Георгиевски ...
Скопје Собранието ја започна 63.седница по одлуката на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања со која на пратеникот Владо Бучковски му беше одземен пратеничкиот имунитет. Одлуката за одземањето на имунитетот на пратеникот од редовите на СДСМ Владо Бучковски Собраниската комисија ја ...
Скопје Македонското Собрание ја продолжи расправата по одлуката на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања со која на пратеникот Владо Бучковски му беше одземен пратеничкиот имунитет. Седницата започна со многу процедурални забелешки, во главно околу тоа дали Комисијата донела одлука ...
Скопје Адвокатите на генералот Методи Стамболиски и на управителот во МЗТ ФОП Митре Петковски најавуваат дека денеска ќе бараат укинување на притворот и за нивните клиенти. На ова се решиле откако на Владо Бучковски, првоосомничениот во случајот со набавката на резервни делови за армиските тенкови, ...
Скопје Пратеничката група на СДСМ денеска треба да се сретне со претседателот на Собранието Љубиша Георгиевски за да го утврди датумот на итната седница на која ќе се расправа за одземањето на имунитетот на Владо Бучковски. Пратениците на СДСМ во петокот побараа итната седница на Парламентот да се ...
Кога партиските колеги на Бучковски, искрено, би ставиле на хартија се што знааат за дубарите на Буч, плус изјавите на Маниќ, Палевски, Тони Ташнаревиќ и Мацко Ѓуровски... од нивните изјави секој Суд на Бучковски би му пресудил доживотна робија! Има ли некој саглам, нормален во СеДеСето, да го ...
Во намерите да се спаси од притвор екс премиерот и министер за одбрана Бучковски за три дена ги употреби, и злоупотреби речиси сите кои беа дел од процесот. Финале, тој е лице со одзеден пасош кое се гони за криминал, а неговата партија е на маки како да ги објасни трите дена за кои СДСМ ќе се ...
Имунитетот на Љубе Бошковски му беше одзеден поради случајот Раштански Лозја, а не оти тоа го побара Хашкиот трибунал, реагираше вчера ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на лидерката на СДСМ Радмила Шекеринска дадена викендов за една од националните телевизии.