TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Во Албанија 22 случаи на САРС?

А1 - 04.05.2003

Во Албанија се заразени 22 лица од САРС, објави денеска грчкиот весник „Аповѓевматини“, повикувајќи се на изјава на албанскиот заменик министер за здравство Танас Почи. Весникот, што излага во пограничниот град Јанина на грчко-албанската граница, во уводникот под наслов „Опасноста од епидемијата ...

САРС може да опстане со часови надвор од човечкото тело

А1 - 04.05.2003

Вирусот на САРС може да опстане со часови надвор од човечкото тело, дури и до четири дена во човечките отпадоци, пишува денешен „Вашингтон Пост“. Смртоносниот вирус опстанува најмалку 24 часа на пластична површина на собна температура, а во студена средина и подолг период.

Да не се патува во Кина, Сингапур и Канада

А1 - 03.05.2003

Посебна заштита од смртоносниот вирус на САРС нема и поради тоа македонското Министерство за здравство препорачува да не се патува во ризичните земји-Кина, Сингапур и Канада. Единствена заштита е да не се патува во овие земји нагласуваат епидемиолозите.

Нови жртви на САРС во Кина

А1 - 03.05.2003

Во текот на денешниот ден како последици на инфекција од тешкиот акутен респираторен синдром (САРС) во Кина починаа 18 лица, а се регистрирани уште 181 новозаболени. Кинеското Министерство за здравство соопшти дека од новозаболените дури 114 се во Пекинг.

Во Кина починаа нови 11 лица од САРС

А1 - 02.05.2003

Единаесет лица починаа во Кина од акутниот респираторен синдром САРС, со што бројот на жртвите на овој вирус достигна 181. Во Кина се потврдени 176 нови случаи на заболени луѓе од оваа акутна респираторна пневмонија. Од САРС во Кина се заболени 3.799 лица од кои 96 се регистрирани во ...

Хоспитализирано лице во Словенија поради САРС

А1 - 02.05.2003

Едно лице за кое постои сомневање дека е заболено од акутниот респираторен синдром, САРС, денеска е хоспитализирано во болница во Љубљана. Лицето, чиј идентитет не се соопштува, и кое неодамна се вратило во Словенија од Австралија преку Сингапур, има висока температура.

САРС во изметот на лица кои биле излекувани

А1 - 01.05.2003

Лекарите во Хонк Конг за првпат откриле траги на вирусот САРС во изметот и урината кај пациенти за кои се сметало дека се излекувани и пуштени од болница. Кај овие лица, чиј број не е мал, направени се тестови за да се утврди дали тие повторно можат да ја пренесуваат болеста.

Лице кое престојувало во Банкок под надзор заради САРС

А1 - 30.04.2003

Денеска напладне на скопскиот аеродром пристигна патник кој на пропатување од Мелбурн накратко престојувал во Банкок. Откако беа известени аеродромските служби патникот од авионот го превзеде медицинска екипа. Откако беше констатирано дека нема зголемена температура, кашлица или гушење, лицето го ...

САРС ги преполнува болниците во Пекинг

А1 - 30.04.2003

Кина денеска соопшти дека од смртоносниот вирус САРС починале уште 11 лица, а заразени се нови 166 лица, со што бројот на починати од последиците на атипичното воспаление на белите дробови во Кина се зголеми на 159, а заболени на 3.460 лица.

Има и скафандери, ама се чуваат во Министерството во здравство

Вест - 30.04.2003

ИНФЕКТИВНАТА КЛИНИКА СЕ ОПРЕМИ СО МАСКИ И ОЧИЛА ЗА ЗАШТИТА ОД СМРТОНОСНАТА ПНЕВМОНИЈА Клиниката засега не се опремува и со заштитна облека, бидејќи таа е неопходна исклучиво за лабораториски услови и за работа во ризични здравствени институции, а доколку притреба, заштитната облека се чува ...

Во Кина безредија поради САРС

Утрински - 30.04.2003

Вирус ПЕКИНГ - Официјални лица вчера јавија дека избиле безредија во градот во близина на Пекинг откако луѓето го дознаа планот дека напуштеното училиште ќе се користи како карантин за пациентите од САРС, со што се истакна стравот за тоа како Кина се справува со оваа болест.

Директорот призна дека нема заштитни маски и очила

Дневник - 30.04.2003

ПО ОБВИНУВАЊАТА НА ИНФЕКТОЛОЗИТЕ На Клиниката за инфективни болести има основни средства за заштита од смртоносната пневмонија, но единствено не располагаме со заштитни маски Х-95 и со специјални очила, изјави на вчерашната прес-конференција д-р Димитар Димитриев, в.д. директор на клиниката.

Порачаните специјални маски за САРС не се стигнати

Утрински - 30.04.2003

Директорот тврди дека на Инфективната клиника има основни средства за заштита "Клиниката за инфективни болести ги има основните заштитни средства и тие во секое време се во функција на превенција и лекување на пациентите од доменот на инфектологијата.

Албанија ги јакне мерките за безбедност од САРС

А1 - 29.04.2003

Албанија ги зајакнува мерките за безбедност на своите граници со цел спречување на ширењето на САРС, иако во земјата не е забележан ниту еден случај на смртоносниот вирус. Министерството за здравство го зголеми бројот на здравствените работници на сите гранични премини, кои деноноќно ги ...

Кина објави нови драстични мерки против САРС

А1 - 29.04.2003

Во Кина се регистрирани 9 нови смртни случаи од САРС и уште 202 новозаболени, со што официјалниот број на починатите од смртоносниот вирус во земјата изнесува 148, а на заболените над 3.300, соопштија денеска кинеските здравствени власти.

Несоодветен изолаториум во случај на САРС

А1 - 29.04.2003

Изолаториумот кој ќе се користи во случај да се појави заболен од САРС има двокреветната соба, a освен тоалет нема никакви други услови кои би ја изолирале од другите болни. Се наоѓа во приземје и нема посебна вентилација, како што препорачува СЗО, а за да користат бања евентуаните болни од САРС ...

За САРС најрано ќе може нешто да се дознае кон крајот на јули

Утрински - 29.04.2003

И покрај огромните напори за утврдување на причината за создавање на смртоносниот вирус ЦИРИХ - Швајцарската здравствена група вчера соопшти дека "Роше холдинг АГ" се надева дека до крајот на јули ќе пласира тест за дијагностицирање на причините кои го предизвикуваат вирусот САРС.

Македонија е подготвена да се справи со САРС-от

Дневник - 29.04.2003

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО Во Македонија се преземени сите мерки во согласност со препораките на Светската здравствена организација за превенција и ширење на вирусот САРС во земјава, тврдат во Министерството за здравство. Станува збор за нов, досега неидентификуван вирус што ги напаѓа белите дробови ...

САРС во Македонија се контролира во фри-шоп со пајажини

Вест - 29.04.2003

ИМПРОВИЗИРАНА ЗАШТИТА ОД СМРТОНОСНАТА ПНЕВМОНИЈА Место под строго контролирани услови за преглед, лекарот и медицинската сестра на аеродромот Петровец немаат ниту каде да седнат, освен неупотребливо расклатено биро, на кое некогаш била сместена касата за Патниците што доаѓаат во Македонија од ...

ПРЕДУПРЕДУВАЊАТА НА СЗО НА СИЛА УШТЕ НЕКОЛКУ НЕДЕЛИ

Вест - 29.04.2003

Белодробната епидемија никако да се стави под контрола ХОНГ КОНГ, 29 април, (Ројтерс) - Светската здравствена организација соопшти вчера дека предупредувањето да не се патува во Кина и Хонг Конг, ќе остане во сила барем уште неколку недели, бидејќи, според последните извештаи, епидемијата сеуште не ...

Нашата здравствена политика е заразена од САРС

Дневник - 29.04.2003

Коментар - Диана Младеновска Синдромот на тешкото заболување ги зарази и креаторите на здравствената политика кај нас. Пред чумата на новиот век, опструктивното белодробно заболување наречено САРС, и пред стравот тоа физички да ги премине границите на Македонија носителите на таа политика затаија.

Ефремов: „Властите во Скопје крајно неодговорни околу САРС“

А1 - 28.04.2003

Македонскиот амбасадор во Кина, најпогодената земја од САРС, Георги Ефремов, има впечаток дека властите во Скопје се крајно неодговорни во подготовките за заштита од евентуална појава на смртоносниот вирус во Македонија. Ефремов, во разговорот за А1, вели дека ваквиот однос му наликува на ...

Девет нови жртви на САРС во Кина

А1 - 28.04.2003

Кина денеска пријави уште 9 смртни случаи и 203 новозаболени од САРС. Новите податоци за вкупниот биланс на починати во Кина од вирусот изнесува 139 лица, а бројот на заболени е 3.106, соопшти кинеското Министерство за здравство.