"Големата вода", македонскиот кандидат за оскар е убедливо најдобар на 26. филмски фестивал во Валенсија, каде собра дури четири награди: за најдобар филм, режија, музика и фотографија! Режијата е на Иво Трајков, музиката на Кирил Џајковски, а фотографија на Суки Меденчевич.
"Ниту поседувам оружје, ниту, пак, како што ме товари Обвинителството сум пукал во Александар Арсовски". Вака вчера во Основниот суд Скопје 1 се бранеше Александар Петрушевски - викан Африка, обвинет за вмешаност во оружениот инцидент што пред два месеца се случи во Маџари, на улицата "Благоја ...
Култното скопско кафуле "Бони" кое, во 80 - тите години беше мека на градската шема, завчеравечер, со добра журка, го најави својот камбек. Неформалната атмосфера на стартот на новата шема уште еднаш го потврди неодоливиот шарм на кафулето со 23-годишна традиција, што долги години беше сврталиште ...
Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јани Макрадули, почна да ги чувствува проблемите поради "дистанцирањето" на Тито Петковски од генералната партиската политика. Без разлика на различните погледи на светот, координаторот на СДСМ решил да ја оддржи компактноста на пратеничката група.
Полицајците повеќе нема да можат да убијат ниту животно кога ќе им се посака. По препорака на ЕУ, Владата се погрижила и за ова, па во Предлог-законот за полиција, предвидела дека "огнено оружје кон животни може да се употребува само кога од нив се заканува непосредна опасност од напад на ...
Пиво -150, "смедеревка"- 300, црвената "александрија" - 560, а неготинската жолта и белата лозова - по 1.100 денари. Ова се дел од цените што страствените домашни, а пред се, странски ловџии ќе ја платат ако сакаат приготвениот дивеч во прекрасната шумска куќарка во резерватот "Јасен" да го залијат ...
Првиот човек на српскиот холдинг "Делта", Мирослав Мишковиќ вчера попладне допатува во Скопје каде оствари средба со премиерот Владо Бучковски. Од "Делта", како што претходно беше најавено, се заинтересирани за изградба на десет супермаркети "Макси" во Скопје за кои од нашиот државен врв ќе ...
Во рамките на Бела ноќ во Скопје, а по повод јубилејот 60-годишнината на Хорско музичкото друштво "Кочо Рацин" - на 21 и 22 октомври 2005 година гостува Женскиот камерен хор "Српкиња" од Крушевац, СЦГ и делегација од Југословенско-македонското друштво "Шар Планина", подружница Крушевац, предводена ...
По двете одиграни кола во Првата лига на виделина излезе слабата работа со младите кошаркари во клубовите кои тешко се адаптираат на новите услови и ќе треба да мине доста време да одговорат на строгите прволигашки критериуми.
Претседателството на СДСМ завчеравечер отворило расправа за активностите на Тито Петковски околу формирањето на новата политичка партија. Членовите на Претседателството го разгледале извештаите од терен за тоа каде се бил нивниот партиски колега и за агитацијата што ја прави за пристапување во ...
За само еден ден се продадени рекордни 1.377 влезници за концертот на Архангел, на 29 овој месец. Во споредба со истиот тој прв ден, на продажба на 1.311 продадени влезници за концертот на "Крафтверк", која дотогаш беше рекордна продажба, излегува дека "Архангел" и дефинитивно се најинтересниот ...
Модната агенција "Интермодел" од Скопје секоја сабота од 14 часот одржува бесплатни курсеви во зградата на дискотеката "Колосеум". Во рамките на нивната дејност е основана и нова невладина организација "Отворено друштво", која покрај повеќето сектори се занимава и со заштита на правата на ...
Животното само книжевно дело на нацистичкиот водач Адолф Хитлер, "Мајн кампф" до крајот на годинава ќе се најде на домашниот пазар преведено на македонски јазик. Преводот е речиси готов, претстои лектурата, а кон почетокот на декември, најдоцна до Нова година книгата ќе биде промовирана и пуштена ...
Последното издание на весникот на Македонците во Австралија - "Австралиски Македонски неделник" објави карта на Македонија која се простира се до Лариса во Грција, и опфаќа дел од Бугарија. Текстот со картата е со наслов "Ќе ја преземеме Македонија", а е дообјаснет со поднаслов "По истекувањето на ...
Конзервација на Мустафа-паша џамија и санација на покривот на Куршумли-ан, реконструкција на стражарницата на Камениот мост во Скопје, едносводниот Камен мост и Саат-кулата во Тетово и реконструкција на битолската Хаџи-беј џамија.
Од 21 до 23 октомври во Центарот за култура "Марко Цепенков" по петти пат ќе се одржи Интернационалниот детски музички фестивал "Ѕвездички". На Фестивалот ќе настапат 38 учесници. Македонија ќе ја претставуваат 16 учесници од Скопје, Прилеп, Битола и Велес.
Се вика Нена Ристиќ и е најновата протагонистка на машкиот календар "Фоџ ман". Се работи за еден од најбараните модели на Апенинскиот Полуостров и поради убавината ги има сите предиспозиции да го привлече вниманието на фудбалскиот плејбој Кристијан Виери.
Комедијата "Како да сними порно филм", по текст на Страхиња Митиќ, а во режија на Владимир Лазиќ, на театарот "Бора Станковиќ" од Врање ја доби статуетката "Батко Ѓорѓија", за најдобра претстава на вчера завршениот фестивал "Денови на комедијата" во Куманово.
Вчераутро, околу 6,35 часот, на регионалниот пат Гостивар - Градец на влезот во Врапчиште, се случи тешка сообраќајна несреќа во која едно лице го загуби животот. Автомобил "голф" управуван од Фаредин Б.(24) од Добридол, Гостиварско, излегол од коловозот и удрил во бетонска ограда крај патот.
Утревечер во клубот "Процес" гостува Симус Хаџи еден од технички најнадарените хаус диџеи на денешницата, кој на почетокот на својата кариера вртел се - од хоусе, соул и хип хоп, а денес е познат по незаборавните резидент сетови во Пацха, на Ибица.
Полицијата во Охрид поднесе кривична пријава против дваесет и петгодишниот Д.П. Тој се сомничи дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет дрога, психотропни супстанции и прекурсори. Според официјални полициски информации, пријавениот на 14 овој месец со поштенска пратка, ...
Јулија и Елена го формираа лезбијското дуо Т.А.Т.У. во 2002 година и тие станаа популарни поради нивниот провокативен сценски настап, иако не им беше дозволено да се бакнуваат во текот на нивниот настап на Евросонг во Рига во 2003 година.
Излезе деби изданието “Dirty Queen” на скопскиот мелодичен рок-состав "Поинт бленк". Оваа петорка, која веќе пет години активно твори на овие простори, најпосле успеа да го покаже на виделина своето прво долгосвиречко цеде. По она ЕП “The Final Choice To A Total Beginning”, кое се појави кон крајот ...
"Ќе гласам за Законот и затоа што овој министер ми се допаѓа. Си ја работи работата и не "кукурика", изјави пратеникот Драго Шајноски од ВМРО-Народна, на вчерашната седница на Комисијата за политички систем, на која се разгледуваше Предлог - законот за полиција.
- Не сум јас! - Дај Боки, не се занесувај. - Ама учителке, навистина не сум јас. - Ќе ти ставам единица! - Жими мајка, не сум јас. Учителката изнервирана оди кај директорот и му кажува што се случило, на што тој сосема сериозно и одговара: - Ама, зошто сте такви, можеби малиот навистина не го ...
Резерватот "Јасен" вчера конечно беше отворен за јавноста. Претставници од повеќе македонски медиуми имаа ретка можност да го прошетаат овој извонредно богат со шума резерват во срцето на Македонија, распространет на 39.000 хектари.
Господине Иван Мирчески најискрено признавам дека многу читатели, вклучувајќи ме и мене, не ја разбираат поентата на Вашето јавување во улога на прв човек на МТВ со ударниот наслов "Кој го тоа прв направи". Ако мислите на реализацијата на фолк фестивал пред скоро дваесетина илјади посетители, тогаш ...
Се надевам дека мислењето што ќе ви го даде европската комисија во ноември, ќе биде со зелена боја на надежта, изјави холандската министерка за развој Агнес Ван дер Хувен, при викенд-посетата на Македонија и дека таа ќе влијае врз мислењето на Советот на министри на ЕУ во декември.
Голема ставка во буџетот на секое домаќинство во БиХ е греењето. На што ќе се греат граѓаните оваа сезона ќе диктираат цените на цврсти горива дрва и јаглен, потоа електричната енергија и гас, како и на нафтата за домаќинства.
Македонското Министерство за култура веќе е влезено во друштвото на патроните на "Европскиот Оскар", како "Парамаунт", "РАИ Синема", "Варнер брос", "Руската национална академија за филмска уметност и наука" и др. Веќе втора година ги поддржува Европските филмски награди (познати и како "Феликс"), ...
БИТОЛА.- Во селото Могила, кај повеќе семејства што одгледуваат живина е забележана појава на помор на пилиња од засега непозната причина. Вчера во Могила престојуваше стручна ветеринарна екипа, реагирајќи на паниката во селото.
Полицајците уапсија тројца скопјани откако кај нив, при личен претрес, а и при претрес на нивните куќи, беа најдени над еден килограм марихуана и шеесетина таблетки "екстази". Против тројцата се поднесени кривични пријави, а поради целосно расчистување на случајот и евентуална нивна вмешаност и во ...
По неколкумесечни премислувања, државниот врв се реши, конечно, да ги отвори вратите од резерватот "Јасен", во чии рамки се наоѓа т.н. "забранет град". Станува збор за воена инсталација - атомско засолниште, изградено во времето на ЈНА како командно место за државниот и воениот врв на Македонија во ...
"Алмако банка" во стечај не успеа да ја продаде аавтобуската станица во Штип на првата лицитација. Не се јави ниту еден заинтересиран купувач. Во Меѓувреме, "Балкан експрес", како сопственик на Автобуската станица, даде приговор на проценетата вредност на Автобуската станица.
Домот на културата "25 мај" од Валандово и Советот на фестивалот "Фолк фест Валандово" распишуваат конкурс за нови песни кои ќе бидат изведени на најновото (22- ро) што ќе се одржи во мај 2006. Новите фолк мелодии пред се треба да бидат инсирирани и создадени во духот на Македонската фолклорна ...
Со неподмирен долг од над 26 милиони денари и без можност овие обврски да бидат подмирени, водостопанското претпријатие "Кичевско Поле" ќе оди во стечај. Во претстечајната постапка, 18 правни субјекти пријавиле побарувања од ова претпријатие.
Булевар Никола Карев до крајот на годинава ќе добие поплочени пешачки патеки, паралелни паркиралишта кај пластичарските дуќани и голем паркинг кај раскрсницата што води кон Дуќанџик, најавува Општина Чаир. Комуналната инспекција на Општината деновиве ја почна третата фаза од уривањето на ...
Штипскиот "Бетон" понуди најдобри услови на тендерот за изградба на главната каналска мрежа на хидросистемот "Злетовица". Каналската мрежа е долга 23 километри, а "Бетон" ќе ја гради за 40 милиони денари. Преку каналската мрежа ќе се наводнуваат 3.500 хектари земјоделски површини, од браната ...