TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Лори Андерсон утревечер ќе го претстави проектот „Татковина“

А1 - 16.06.2007

Лори Андерсон, легендарната перформанс икона на денешнината, утревечер во Универзалната сала ќе го претстави својот најнов проект „Татковина“, кој е комбинација на поема, драма, видео и концерт. Тема на проектот е Америка во 21-от век, опседната со сигурноста, распната помеѓу стравот и слободата.

Концерт на арт - иконата Лори Андерсон

Утрински - 16.06.2007

Перформансот „Хоумленд“ в недела пред скопјани В недела, 17 јуни, во Универзалната сала со почеток во 21 часот во организација на „Литиум рекордс“, концерт ќе одржи американската арт - икона Лори Андерсон. Најголемата мултимедијална уметница на денешницата пред скопската публика ќе го претстави ...

Концерт на Лори Андерсон

Вечер Прес - 16.06.2007

Култната американска уметница Лори Андерсон ќе го одржи својот концерт-перформанс утре (20,30 ч.) во Универзална сала. Таа и нејзината придружба пристигнаа вчера и остануваат три дена во Македонија. За тоа време ќе имаат состанок со екипата која ја припрема преставата "Соларис" во МНТ, како би ги ...

Легенданата Лори Андерсон во Скопје

А1 - 15.06.2007

Лори Андерсон, легендарната перформанс икона на денешнината попладнево пристигна во Скопје. Таа на својата европска турнеја, в недела во Универзална сала ќе го претстави својот најнов проект „Татковина“, комбинација на поема, драма, видео и концерт.

Светската авангарда Лори Андерсон во Скопје

Вест - 15.06.2007

В НЕДЕЛА ВО УНИВЕРЗАЛНА САЛА Една од современите икони на музичката уметност во светот Лори Андерсон ќе настапи во Скопје в недела во Универзаланата сала (21 часот). Една од најголемите уметници на денешнината доаѓа со својот нов проект "Хоумленд" кој е комбинација на поема, сценски движења, видео ...

Лори Андерсон на вечера со авторите на „Соларис“

Дневник - 15.06.2007

Американската пејачка Лори Андерсон, која ќе одржи концерт на 17 јуни во Скопје, ќе се сретне со авторите на театарскиот проект „Соларис “, кој веќе неколку месеци, во Македонскиот народен театар, го подготвува Златко Славенски.

Лори Андерсон три дена во Скопје

Дневник - 15.06.2007

Американската уметница Лори Андерсон, која на 17 јуни ќе одржи концерт во Универзалната сала во Скопје, денеска со својата придружба пристигнува во Македонија. Изведувачката, заедно со бендот и техничарите, три дена ќе престојува во метрополата, а ова време ќе го искористи за средба со екипата што ...