TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Мелничарите тактизираат со откупната цена на пченицата

А1 - 16.07.2006

Мелничарите тактизираат со откупната цена на пченицата. Иако дел од жетвата е веќе завршена, сепак откупната цена се уште не е дефинитивно формирана. Некои мелничари веќе ја откупуваат пченицата по седум денари, а помалите млинови и по шест денари за килограм.

Пелагониските земјоделци загрижени за судбината на пченицата

А1 - 15.07.2006

Добрушево е едно од 170-те села во битолскиот дел од Пелагонија. И тука земјоделците се загрижени за судбината на пченицата, а нивните мислења се поделени што да прават со годинашниот род на лебното зрно. „Кај ќе ни ја платат, таму ќе ја дадеме.

Ќе паѓа цената на пченицата

Вест - 15.07.2006

ДРЖАВНИТЕ РЕЗЕРВИ ЌЕ СЕ ПОЛНАТ САМО СО МАКЕДОНСКО ЖИТО Прениската откупна цена од 8,20 денари по килограм што ја понуди државата за полнење на државните резерви, може да ја намали цената на преостанатиот род дури и на 6 до 7 денари по килограм Државните резерви годинава ќе се полнат само со ...

Бирото за стоковни резерви ќе се полни со домашна пченица

Утрински - 15.07.2006

Вчера беа отворени понудите на осум понудувачи за државните резерви на жито и сите беа македонски фирми АЛЕКСАНДРИЈА СТЕВКОВСКА Бирото за стоковни резерви ќе се полни со домашна пченица, а не странска, како што се шпекулираше, а меѓународниот карактер на тендерот произлегува од висината на сумата ...

Државните залихи ќе се полнат со домашна пченица

А1 - 14.07.2006

Државните залихи ќе се полнат со домашна пченица. На меѓународниот тендер за пченица, кој бирото за стокови резерви го отвори денеска, пристигнаа осум понуди сите од македонски мелничарски фирми. За седум дена треба да се знае, кои мелничари ќе го делат тендерот.

Само домашни фирми беа пријавени на тендерот за откуп на пченица на Бирото за стоковни резерви

Канал5 - 14.07.2006

Осум мелнички фирми ги доставија своите понуди на тендерот за откуп на пченица од страна на Бирото за стоковни резерви. Иако тендерот беше меѓународен, само домашни фирми беа пријавени Осум мелнички фирми ги доставија своите понуди на тендерот за откуп на пченица од страна на Бирото за стоковни ...

Можно е државните резерви да се полнат со увозна пченица

А1 - 13.07.2006

Утре се отвора меѓународниот тендер за набавка на пченица за Бирото за стокови резерви. Мелничарите загрижени, за прв пат постои опасност државните резерви наместо со македонска пченица, да се полнат со увозна. Преку тендерот, вреден најмалку два милиони евра, треба да се набават 20.000 тони ...

Жетварите бараат 10 денари за килограм пченица

Утрински - 12.07.2006

За разлика од производителите, мелничарите нудат седум денари Јованчо Пејчиновски БИТОЛА - Јане Араповски од село Долно Адларци и Стевче Атанасовски од село Гермијан, и двајцата долгогодишни производители на пченица, треба да ја започнат жетвата, а сж уште не знаат по колкава цена ќе ја продаваат.

„Жито Прилеп“ не ја кажува цената за пченицата

Дневник - 12.07.2006

Мелничкото претпријатие „Жито Прилеп“ ќе откупи околу 6.000 тони пченица, но не соопшти по која цена. Директорот Диме Димески изјави дека привршуваат со обезбедувањето на парите за откуп. - Ќе откупиме 3.000 тони пченица за производство на брашно за нашата пекарница и 3.000 тони за брашно за ...

Жетварите бараат 10 денари од мелничарите, а 2 од Владата

Време - 11.07.2006

РЕГИОНАЛНА СРЕДБА НА ПЕЛАГОНИСКИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ Пелагониските жетвари на вчерашната средба во Битола се договориле меркантилната пченица од годинашната реколта на мелничарите да им ја понудат за10 денари по килограм, а од Владата да побараат по 2 денара стимулации за килограм лебно зрно.

Десет денари од мелничарите, два од државата

Вест - 11.07.2006

ПЕЛАГОНИСКИТЕ ПРОИЗВОДИТЕЛИ БАРААТ 12 ДЕНАРИ ЗА КИЛОГРАМ ЖИТО Пелагониските производители на жито годинава бараат 12 денари за килограм пченица, од кои 10 денари да плаќаат мелничарите, а два денари државата. Од Регионалниот земјоделски сојуз Клас од Прилеп чии претставници вчера се состанаа во ...

Жетварите ќе ја посеат пченицата на улица

Дневник - 11.07.2006

Земјоделците бараат откупна цена за пченицата од 10 денари плус два денара од државата, а мелничарите им даваат седум денари Ако државата не ја откупи пченицата по цена од 10 денари за килограм и не даде стимулација од уште два денара, пелагониските жетвари ќе го истурат житото по улиците.

Почна жетвата на јачменот

Време - 10.07.2006

ПРИЛЕПСКО Жетвата на јачменот во прилепскиот регион почна. За десетина дена ќе почне и жетвата на пченицата. Дел земјоделци се уште чекаат пари за премијата и се во неизвесност кому и за колку пари ќе го предадат годинешниот род. - Во Лознани за кавадаречка мелница предадов 38 тони пченица.

Жетвата стартуваше, се бараат 11 денари за килограм пченица

Утрински - 10.07.2006

Земјоделците се незадоволни од мелничарите, кои им нуделе по седум денари за килограм жито ПРИЛЕП - Жетвата на пченицатаа во Прилепско започна. Земјоделците бараат пролетната реколта да биде откупена навреме и по цена од 11 денари за килограм.

Приносите околу 4 тони по хектар

Дневник - 10.07.2006

Жетвата на пченицата во трите најголеми региони во земјава почна, а мелничарите и државата се' уште тактизираат со откупната цена Жетвата на пченицата во трите најголеми региони во земјава почна, а мелничарите и државата се' уште тактизираат со откупната цена.

Пелагониските земјоделци ќе ја истурат пченицата на плоштадите ако не добијат 12 денари за колограм

Канал5 - 10.07.2006

По 10 денари за килограм пченица од млинарите и по 2 денари стимулација од државата бараат пелагониските земјоделци со закани дека ако не им се исполнат барањата пченицата ќе заврши истурена на плоштадите во Битола, Прилеп и ширум Републиката.