TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

РЕК Битола работи со два блока

А1 - 15.09.2007

Почна да работи третиот блок во РЕК Битола. Сега битолската централа работи со два блока, бидејќи другиот е во ремонт. Дефектот на блокот се случи пред неколку дена, поради што централата функционираше со само една третина од капацитетот.

РЕК „Битола“ старее и мора да се растовари

Дневник - 15.09.2007

Секогаш се удиравме во гради дека соборуваме рекорди, не водејќи сметка дека тоа не е добро за блоковите, кои треба да работат со 6.000 до 7.000 работни часа годишно , а се оптоварувани со дополнителни 1.000 часа, вели директорот Коњановски Стожерот на македонскиот електроенергетски систем, ...

Србија ја спасува Македонија од мрак

А1 - 14.09.2007

Србија ја спасува Македонија од мрак. Поради дефектот во РЕК Битола што се случи во средата, земјава добива хавариска струја од соседот. Енергетските власти на двете земји договориле интервентен увоз, веднаш откако се случи дефектот во битолската централа.

Дефект во РЕК „Битола“, ТЕЦ „Осломеј“ вклучена во системот

Утрински - 14.09.2007

По дефектот на ремонтираниот блок во РЕК „Битола“, кичевската термоцентрала предвреме е пуштена во погон КИЧЕВО - По пукањето цевка во котелот на ремонтираниот блок на нашиот најголем производител на електрична енергија - РЕК „Битола“, во дистрибутивната мрежа се почувствува голем недостиг на ...

Повторно откажаблокот во РЕК „Битола“

Време - 14.09.2007

ПОРАДИ ДЕФЕКТ Вчера 13 минути по полноќ повторно откажа блокот на РЕК „Битола“. Станува збор за истиот блок што претходно откажуваше, меѓутоа сега причината за дефект е поради пукање на цевката поврзана со турбината. Се очекува блокот да биде пуштен во сабота.

Се отстранува дефектот во РЕК Битола

Вечер Прес - 14.09.2007

Стручни екипи на РЕК Битола и на ЕЛЕМ, од вчера работат на остранување на дефектот на вториот блок на битолската термоцентрала што настана поради пукната цевка во котелот. Според Мирче Котевски, портпарол на ЕЛЕМ, најдоцна до сабота попладне дефектот ќе биде саниран, а можно е и порано.

РЕК Битола го исклучи од мрежа третиот блок

А1 - 13.09.2007

Доцна синоќа РЕК Битола го исклучи од мрежа третиот блок поради дефект. Сега централата работи само со еден, оти другиот е во ремонт. Од компанијата велат дека успеале да го лоцираат проблемот и сега се работи на негово санирање. Најавуваат дека за два дена ќе биде пуштен во погон.

РЕК Битола на третина од капацитетот

А1 - 12.09.2007

Серија дефекти ја тресат РЕК Битола. Битолската Термоцентрала од вечерва на полноќ струја ќе произведува со само една третина од својот капацитет. Едниот блок е во ремонт, а на третиот повторно му се случи дефект, откако денеска пукна цевка долга 30 километри што минува низ главниот котел.