TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Андов против Црвенковски, Фрчкоски против Андов

Дневник - 21.02.2007

Фрчкоски му препорача на Андов вечерна школа, по изјавата дека претседателот нема право да предлага амбасадори Претседателот Бранко Црвенковски нема право да предлага амбасадори, оцени вчера пратеникот Стојан Андов, коментирајќи ја војната помеѓу шефот на државата и Владата околу назначувањето нови ...

Андов: Црвенковски мора да ги именува амбасадорите предложени од Владата

Вест - 21.02.2007

Пратеникот Стојан Андов вчера го повика претседателот на државата Бранко Црвенковски да ги прифати предлозите на Владата за новите амбасадори, бидејќи за тоа има уставна обврска. "Според Уставот е јасно дека Владата ги предлага, а Претседателот ги именува амбасадорите.

Андов му порача на Црвенковски да не си дава амбасадорски овластувања

Утрински - 21.02.2007

Според Андов, претседателот нема право да предлага свои кандидати за амбасадори Слободанка Јовановска Лидерот на ЛП, Стојан Андов, вчера му порача на претседателот Бранко Црвенковски да не си придава надлежности што не му припаѓаат со Уставот , поточно да не си дава право да предлага или ...

На Црвенковски му залепија етикета „командант Коки“

Време - 21.02.2007

ВЛАСТА ГО ШИРИ ФРОНТОТ ПРОТИВ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ Александра М. Митевска Бандит, крадец на гласови, командант Коки, се „комплиментите“ што вчера му ги додели заменик-претседателот на ДПА Мендух Тачи на претседателот Бранко Црвенковски, во текот на собраниската расправа за миниреконструкцијата на Владата.

Црвенковски излегува од своите надлежности

Вечер Прес - 21.02.2007

Претседателот Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски непотребно создаваат конфликти, кои само ја надополнуваат сликата и создаваат атмосфера дека нема дијалог, смета пратеникот Стојан Андов. Од јавноста дознав уште една точка на конфликт во нашиот политички живот меѓу премиерот и ...

Андов: Црвенковски именува, а не предлага амбасадори

А1 - 20.02.2007

Екс претседателот на Собранието Стојан Андов застана на страна на Владата, Црвенковски само ги именувал, а не ги предлагал амбасадорите. „Претседателот на државата нема право да предлага амбасадори, туку само ги именува. Нема право да ги задржува предлозите од Владата и да ги оценува, туку само ги ...

Војна на нерви за амбасадорите

Дневник - 20.02.2007

Премиерот очекува претседателот да го направи првиот потег, а од кабинетот на претседателот велат дека Црвенковски предложил кандидати, но Владата ги одбила Кохабитацијата помеѓу претседателот на државата и премиерот пак е на тест откако веќе долго трае своевидна војна на нерви помеѓу двете ...

Стојан Андов се досети како да ја реши блокадата во договорот меѓу претседателот и премиерот

Канал5 - 20.02.2007

Стојан Андов се става во улога на толкувач на уставот и законите во владино - претседателското надмудрување за испразнетите амбасадорски места. Стојан Андов се става во улога на толкувач на уставот и законите во владино - претседателското надмудрување за испразнетите амбасадорски места.

Македонија без амбасадори на клучни позиции

Вечер Прес - 20.02.2007

Несогласувањата меѓу Владата и шефот на државата за пополнување на испразнетите амбасадорски места, ја оставија Македонија без претставник во Лондон, а се уште нема замена за амбасадорот во НАТО, Нано Ружин. Претседателот Бранко Црвенковски ги закочи преговорите со Владата за пополнување на ...

Кој е виновен што немаме амбасадори во европските центри?

А1 - 19.02.2007

Кој е виновен што Македонија не именува амбасадори во Лондон и Брисел, седиштето на НАТО? Премиерот и Претседателот тврдат, дека другиот е виновен. Како изгледаа денешните обвинувања? Груевски прв почна, го впери прстот во Претседателот.

Премиерот и претседателот во нова епизода обвинувања

Канал5 - 19.02.2007

Претседателот и премиерот ги затегнуваат односите и се повеќе ја пролетаризираат меѓусебната кохабитација. Последна во серијата јавни реплики Црвенковски - Груевски е за застојот во пополнувањето на испразнетите амбасадорски места. Премиерот денеска вината ја лоцира кај шефот на државата.