производителите се закануваат Оранжериските производители се закануваат дека годинава ќе нема рани домати и краставици доколку државата не им обезбеди мазут, бесплатно или на одложено плаќање. Градинарите тврдат дека со сегашните цени на мазутот не можат да го одржат производството.
Производителите на раноградинарски култури од државата бараат помош за обезбедување мазут со цел да можат да го одржат континуитетот на производството. Грејната сезона, велат производителите, е веќе започната, а во оранжериите нема резерви на мазут.