Водевме скромна кампања, а како што ветивме, нашите финансиери ги објавивме на сајтот. Истото тоа треба да се побара и од останатите партии. Скопје, 2 јули (МИА) - Водевме скромна кампања, а како што ветивме, нашите финансиери ги објавивме на сајтот.
Скопје Севкупниот изборен материјал веќе е доставен до општинските изборни комисии од страна на ДИК. Ова за Макфакс го изјави портпаролот на Државната изборна комисија(ДИК) Зоран Таневски. „Материјалот го доставивме уште синоќа до крајот на денот и тој се чува во просториите на општинските изборни ...
Нова социјалдемократска партија поднела кривични пријави против членовите на Државната изборна комисија, соопшти партијата. Кривичните пријави се поднесени до надлежен орган поради неправдата што смета дека и е нанесена од страна на ДИК, во врска со нецелосно отпечатениот симбол на партијата на ...
НСДП синоќа одржа митинг во Битола. Лидерот Петковски ги обвини СДСМ и ВМРО дека само во последните 15 дена на кампањата потрошиле четири милиони евра од граѓаните. „Само за 10-15 дена од македонската економија, од граѓаните на РМ испумпаа некаде околу четири милиони евра за пропагирање на својата, ...
Под силно полициско обезбедување претставниците на ДИК денеска од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола го подигнаа доверливиот материјал за парламентарните избори со гласачките ливчиња, јавниот повик и другите обрасци предвидени со изборниот закон.
БИТКА ЗА ПАРТИСКИОТ СИМБОЛ Стотици членови и симпатизери на НСДП на Тито Петковски вчера протестираа пред ДИК и пред Собранието, поради тоа што на гласачките ливчиња бил променет симболот на партијата. Протести се одржале и пред општинските изборни комисии во други градови.
Пет фирми и стотина поединци ја финансираат Новата социјалдемократска партија на Тито Петковски. НСДП вчера официјално ги објави донаторите на својата веб-страница. Фирмите „Д-р Пановски", „Шепард", „Орбита табак", „Изградба комерц" и „Специјална опрема", како и стотина индивидуалци-основачи на ...
НСДП, ДОМ и ВМРО-НП би можеле да бидат одлучувачкиот фактор за идното мнозинство БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ Капацитетот за коалицирање, а не само изборниот резултат на политичките партии кои ќе бидат дел од идниот парламент, може да биде одлучувачкиот фактор за формирање на идната влада.
Незадоволство што партиското лого на НСДП не е застапено на гласачкото ливче Тито Петковски вчера ч покажа црвен картон на Државната изборна комисија поради тоа што партиското лого на НСДП не е застапено на гласачкото ливче. Стотина активисти и симпатизери на НСДП, незадоволни од индолентниот однос ...
Членови и симпатизери на Новата социјалдемократска партија вчера протестираа пред ДИК, бидејќи на гласачките ливчиња покрај сино-жолтата ѕвезда не е ставена кратенката на партијата Членови и симпатизери на Новата социјалдемократска партија (НСДП) вчера протестираа пред Државната изборна комисија, ...
Гласачите треба да внимаваат за кого ќе гласаат, зашто не е исклучено Тито Петковски и НСДП да се здружат со ВМРО-ДПМНЕ и повторно да се врати Никола Груевски на власт, порача вчера Никола Поповски од СДСМ, носител на листата во третата изборна единица.
Скопје Нова социјалдемократска партија(НСДП), поднела кривични пријави против членовите на Државната изборна комисија, соопшти партијата. Кривичните пријави се поднесени до надлежен орган поради неправдата што смета дека и е нанесена од страна на ДИК, во врска со нецелосно отпечатениот симбол на ...
Битола Избирачките ливчиња и другиот избирачки материјал, претпладне беа подигнати од битолската печатница „Киро Дандаро“ од страна на Државната изборна комисија(ДИК). Еден милион 741 илјада 439 гласачки ливчиња , колку што има заведени избирачи на изборните списоци, беа отпечатени за десет работни ...
Овие сегашните што се на власт да си заминат, а оние што веќе беа на власт никогаш да не се вратат. И за едните и за другите фер и демократски избори остануваат мислена именка, како и умешноста на водење на државата. На само пет дена пред изборите власта направи фалсификат.
МИТИНГАШКА ВЕЧЕР ВО ПРИЛЕП Двајцата поранешни сопартијци, а сега ривали, Владо Бучковски и Тито Петковски прексиноќа митингуваа во исто време и во ист град, но на различни локации. Карванот на СДСМ запре на плоштадот во Прилеп, а на стотина метри подалеку во Домот на културата се собраа членовите и ...
Интервју: Борче Давитковски Претседателот на ДИК се однесува како англиска кралица КАТИЦА ЧАНГОВА Кој беше мотивот во екот на кампањата да излезете со изненадувачки предлог за одложување на изборите? - Основниот мотив беше дека сите институции треба да функционираат до истекот на мандатот, а ...
Симболот во ливчињата не соодветствува со партискиот знак НСДП бара од ДИК да го коригира (не) намерниот пропуст со партискиот симбол во гласачките ливчиња. Во спротивно, НСДП најавува кривична пријава против ДИК како одговорен орган за спроведување на изборите, за дело повреда на слободата на ...
Партијата на Петковски ќе оди на суд бидејќи на гласачкото ливче покрај нејзиниот симбол не е ставена и кратенката од името на партијата Новата социјалдемократска партија (НСДП) денеска ќе поднесе кривична пријава против Државната изборна комисија, бидејќи на гласачкото ливче покрај симболот, не е ...
На пет дена пред изборите, обвинувања врз Државната изборна комисија за пристрасност. Свирежите од активисти и приврзаници на партијата на Петковски беа упатени до претседателот Јосифовски и членовите на дик како знак на револт што на гласачкото ливче бил ставен несоодветен симбол на Новата ...
Околу 1300 административци кои на денот на изборите ќе бидат во избирачките одбори надвор од нивното место на живеење ќе патуваат на четврти и на петти јули. Имено на завчерашната седница државната изборна комисија одлучи потпретседателите на избирачките одбори да бидат тие кои уште на четврти јули ...
„Она што го замислувавме пред шест месеци е реалност дека НСДП веќе е релевантен политички фактор дека се формиравме за да успееме на овие избори“, изјави во Прилеп Тито Петковски лидер на НСДП. „А ќе успееме бидејќи имаме и добра програма, имаме одговорни луѓе, имаме чесни луѓе, имаме она што на ...
ИНТЕРВЈУ: Тито Петковски Лидерот на НСДП тврди дека анкетите покажувале дека тој има 10 пати поголем рејтинг од оној на Бучковски Гордана Дувњак Господине Петковски, како е да се води кампања на речиси плус 40 степени, во време на Мундијал и со закани од инциденти? - Невозможно е да водите ...
Нова социјалдемократска партија денеска со соопштение реагира на тоа што на гласачките ливчиња, како што наведува, до нејзиното име отпечатен е симбол кој не соодветствува на симболот карактеристичен на НСДП. Нова социјалдемократска партија денеска со соопштение реагира на тоа што на гласачките ...
ПЕТКОВСКИ РЕАГИРА Изборните активности на НСДП не се рамномерно и рамноправно застапени во медиумите, во споредба со другите партии, реагираше вчера лидерот на новите социјалдемократи Тито Петковски. Тој директно ја прозва МРТВ, нарекувајќи ја гласноговорник на власта, а нејзиното информирање за ...
Претседателот на НСДП Тито Петковски вчера се пожали дека во изборната кампања медиумите не ја третираат неговата партија рамноправно со другите партии. Тој оцени дека изборните активности на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и на ВМРО-НП се медиумски значително повеќе застапени, особено на МТВ.
Живееме сиромашно, далеку полошо отколку пред 15 години. Иако не верувате никому, не треба да се помирите со лошата економска и социјална положба, одиме кон подобро, силно и чесно, им рече лидерот на НСДП Тито Петковски на жителите на Трубарево.
Нова социјалдемократска партија (НСДП) вчера го конституира Советот на интелектуалци на партијата. Приоритет на Советот ќе бидат економските прашања со кои ќе се соочува Македонија во наредниот период, рече лидерот на НСДП, Тито Петковски.
Само од Скопје во други места треба да патуваат 1.500 службеници КАТИЦА ЧАНГОВА Административците кои се ангажирани во изборните органи далеку од местото на живеење, на 5 јули ќе гласаат во смени. На избиралиштата кои ќе ги отвори првиот тим, претседателите и членовите ќе бидат присутни до 13 часот.
Со 20 автобуси и со три комбиња обезбедени од министерствата за одбрана и за внатрешни работи ќе се превезуваат вработените во државната и јавната администрација, кои се назначени во избирачки органи далеку од нивното место на живеење.
Претседателот на Нова социјалдемократска партија Тито Петковски денеска на прес-конференција реагираше дека изборните активности на неговата партија во кампањата не се рамномерно и рамноправно застапени во медиумите во однос на другите партии.
Државната изборна комисија се прогласи за ненадлежна за сите изборни инциденти. Немала механизам, ниту правни средства да ги спречи, но ги повика институциите да се справат со нив. Претседателот на ДИК, Јован Јосифовски, предупреди, ако продолжат, и нема да може да се поправи сликата за изборите во ...
НСДП ОХРИД - „Големите партии се плашат од изборите зашто знаат дека ќе ги загубат", рече завчеравечер во Охрид лидерот на НСДП, Тито Петковски. „Во предизборието има инциденти и се пука, а досега не е фатен ниту еден од сторителите".