Државната изборна комисија на прес-конференција соопшти дека до 10 часот на местата каде што денеска се прегласува на гласање излегле 17.867 гласачи, односно излезноста е 12,40%. Добиени се податоци од 165 од вкупно 187 избирачки места каде што се прегласува и каде што вкупно право на глас имаат ...
Државната изборна комисија го соопшти одзивот на гласачите до 17 часот. Добиени се податоци од 175 избирачки места. На гласање до 17 часот излегле нешто над 65.000 гласачи или 43,22%. ДИК потврди дека во три избирачки места немало гласање.
ДПА соопшти дека освоила 13 пратеника на повтореното гласање парламентарните избори. ДПА обвини за серија изборни кражби, односно за 35.000 украдени гласови од страна на ДУИ во трие изборни единици, каде се прегласуваше. „Во име на ДПА им ја честитам победата на Албанците.
ДУИ објави победа на денешното прегласување. Партијата на Ахмети, според нивните информации обработени во партискиот штаб, освоила 18 пратенички мандати, наспроти 10-те пратенички места на ДПА. Во штабот на ДУИ во Мала Речица владее славеничка атмосфера.
Силно полициско обезбедување остана на сите избирачки места до завршувањето на гласањето. По 19 часот од сите места цел конвој од вооружени полицајци заминаа за да го обезбедуваат транспортот на гласачките кутии. Главно изборите во Кондово минале во мирна и нетензична атмосфера, за разлика од ...
Набљудувачите на Граѓанската асоцијација „Мост“, кои денеска го следат прегласувањето на изборите, се избркани од три избирачки места во Желино, каде влегле неовластени лица. Ова попладнево го соопштија од МОСТ, од каде информираат за неправилности при гласањето во Боговиње, како и семејно гласање ...
По денешното повторено гласање на предвремените парламентарни избори, по обработени 99,87% од гласачките места, ДИК соопшти дека ДУИ освоила 125.997 гласа, а ДПА - 83.678 гласа. Ако се земат само гласовите од денешното прегласување во изборните единици 1, 2 и 6, ДУИ освоила 38.642, додека ДПА ...
Македонија може да организира добри избори, но очигледно на 1 јуни немало политичка волја за тоа, изјави евроамбасадорот Ерван Фуере, кој денеска ги обиколуваше гласачките места во Тетовско, Гостиварско и Кичевско. „Изборите на 1 јуни беа добро организирани, но лошо беше што од повеќе партии немаше ...
Мирно и без тензии помина денешното гласање во Арачиново. Жителите уште рано утрово масовно ги посетуваа избирачките места. Попладнево одзивот се намали, но сепак до нивното затворање се очекуваше над 60% од арачиновци да го искористат правото на глас.
Силно полициско обезбедување на сите гласачките места во општината Чаир. Тоа е видливо посебно во училиштето „Даме Груев“ каде пред две недели имаше престрелка и нарушување на изборниот процес. Денеска е мирно. „Во споредба со минатиот пат не можам да кажам колку, но тука некаде е излезноста, ...
Прегласувањето е втора шанса за Македонија да докаже дека може да одржи фер и демократски избори како клучен услов за влез во НАТО и ЕУ – едногласни се амбасадорите кои од рано изутрината мониторираа по потенцијалните критични точки во скопско, липковско и тетовско.
Државната изборна комисија соопшти дека до 13 часот на гласање во сите три изборни единици каде што денеска се прегласува гласале 43.116 од вкупно 161.669 избирачи и излезеноста е 30,8 отсто. Пред две недели одѕивот до 13 часот бил 28,18 отсто, а на парламентарните избори во 2006 година во истиот ...
Во општина Дебар, денес се прегласува во четири избирачки места .Две од нив се во градот, додека другите две во пограничните села Хаме и Селокуќи. Отворени се на време во 7 часот и до сега, според општинската изборна комисија гласањето се одвива во мирна фрр и демоктатска атмосфера.
На избирачките места во Арачиново и Чаир, каде што на први јуни се случија најкрвавите изборни инциденти, засега прегласувањето се одвива мирно и без проблеми. На местата каде што се повторува гласањето присутни се набљудувачи на ОБСЕ и на МОСТ, а пред избирачките места има зголеменото полициско ...
На 187 избирачки места во изборните единици еден, два и шест денеска има повторување на гласањето од предвремените парламентарни избори зашто пред две недели таму беа регистрирани изборни нерегуларности. Право на глас на овие избирачки места имаат 161.874 граѓани.
Под силно полициско обезбедување, прегласувањето поминува без поголеми инциденти. Полицијата уапси три лица во тетовското село Седларево затоа што полнеле гласачки кутии. Уапсено е уште едно лице во Чегране кое МВР го барало за нерегуларностите на први јуни.
Во три избирачки места во Тетово кои се наоѓаат во основното училиште „Прпарими“ во Голема Речица не започна прегласувањето поради кражба на изборниот материјал. Тетово, 15 јуни (МИА) - Во три избирачки места во Тетово кои се наоѓаат во основното училиште Прпарими во Голема Речица не започна ...
Државната изборна комисија на прес-конференција соопшти дека до 10 часот на местата каде што денеска се прегласува на гласање излегле 17.867 гласачи, односно излезноста е 12,40 отсто. Скопје, 15 јуни (МИА) - Државната изборна комисија на прес-конференција соопшти дека до 10 часот на местата каде ...
Граѓанската асоцијација МОСТ денеска на прес-конференција соопшти дека до 10 часот одѕивот на гласачите на местата каде што се прегласува во Првата изборна единица е 15,63 отсто, во ИЕ 2 - 8,09 и во Шестата изборна единица 11, 03 отсто.
Изборен молк почна на полноќ пред неделното делумно прегласување на предвремените парламентарни избори во Македонија. Вкупно 161.874 граѓани ќе можат в недела повторно да гласаат на 187 избирачки места на кои поради нерегуларностите беше поништено гласањето на 1 јуни.
И Македонија е директно засегната од Лисабонскиот договор, но во оваа фаза од евроинтеграцијата на земјата поголема пречка за неа од ирскиот референдум на патот кон членство во Унијата може да претставува утрешното прегласување.
Заплетот со прегласувањето во тие стотина гласачки места ќе заврши. Но, потоа е неопходна изградба на држава. Нешто што сме го имитирале, а не сме го правеле веќе седумнаесет и повеќе години . Граѓанството е повеќе трауматизирано од имитацијата на државата, од нејзините супститути на ...
Утре повторно ќе се гласа на 187 гласачки места во изборните единици еден, два и шест, со 161.874 избирачи Утрешното прегласување на 187 гласачки места во изборните единици еден, два и шест, со 161.874 избирачи, е последна шанса земјава да докаже дека може да организира избори без насилство.
На утрешното прегласување ќе врие од полиција за да се спречат какви било изборни инциденти. Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска вчера информираше дека е разработена шемата како ќе дејствува полицијата и оти ќе бидат ангажирани сите расположливи сили.
ПРЕМИЕРОТ ГРУЕВСКИ СЕ ЗАКАНИ Премиерот Никола Груевски вчера директно им се закани на тие што планираат да прават инциденти на утрешното прегласување на предвремените избори дека ниеден учесник во евентуалните инциденти ниту, пак, нивните ментори нема да куртулат од законот.
Груевски најави апсење за сите што ќе предизвикаат инциденти при прегласувањето Катица Чангова Македонија е пред голем демократски тест, утре да покаже висок степен на политичка зрелост и култура. Прегласувањето е без алтернатива, мора да биде мирно, чесно и слободно изразување на волјата на ...
Ден пред прегласувањето во 187-те избирачки места каде што беше нарушен изборниот процес на 1 јуни, денеска во казнено поправните домови повторно гласаа 180 притвореници и осуденици. Во најголемиот затвор во државава прегласувањето заврши без никакви проблеми во 9 часот и 30 минути.
Изборните инциденти го ставија на маргините проблемот со името. За сите евро дипломати сега најважен е повторениот изборен процес на 196-те избирачки места Македонија утре мора да го положи поправениот изборен испит, затоа што финалната оценка ќе биде за државата, а не за поедини политички лидери.
Државната изборна комисија соопшти, ќе се прегласува на 187 избирачки места во изборните единици 1, 2 и 6, каде се случија најголемите нерегуларности. Во овие изборни единици во избирачкиот список се запишани околу 162.000 граѓани со право на глас.
Државната изборна комисија и Врховниот суд се контролирани од опозицијата. Со одлуката за прегласувањето најоштетени се ПДП и Албанците. Ова го истакна претседателот на партијата, Абдуљади Вејсели. Тој одлуките на ДИК ги нарече погрешни и политички.
По конечните решенија на Врховниот суд кој одлучуваше по жалбите на партиите, в недела на 15 јуни ќе се прегласува на 187 избирачки места во изборните единици еден, два и шест со запишани 161.874 избирачи. Државната изборна комисија соопшти дека Врховниот суд им преиначил 11 решенија, прифатил ...
СПОРЕД БРИТАНСКИОТ АМБАСАДОР Меѓународната заедница во Македонија со големо внимание ќе го следи прегласувањето што в недела треба да се одржи на околу 200 избирачки места, зашто од неговиот тек зависи европската перспектива на земјата, вели Андрју Ки, амбасадор на Обединетото Кралство во Скопје.
ДУИ И ДПА УПОРНИ ВО ПРЕДИЗБОРНИТЕ КАВГИ Евроамбасадорот Ерван Фуере и Амбасадата на САД вчера упатија последен повик до гласачите и до лидерите на политичките партии што учествуваат на прегласувањето в недела да се воздржат од какви било инциденти.
Прегласувањето в недела е последна шанса за Македонија да демонстрира демократски капацитет. Најновиот апел на меѓународната заедница е насочен кон институциите и политичките лидери. „Очекуваме властите да ги преземат сите мерки за граѓаните да можат да гласаат во сигурна и демократска атмосфера.
На само три дена до прегласувањето на 15 јуни, ДУИ со обвинување за провокации од противничкиот табор - ДПА. „Ние уште еднаш бараме да престанат заканите кон членовите и претседателите на изборните комисии, како што се случи синоќа, каде што братот на Агим Красниќи, Али Красниќи, кој и понатаму е ...
ПО ГРОМОГЛАСНАТА „КАСАПАНА“ „Политичката касапана ќе продолжи на 15 јуни, кога ДУИ ќе доживее длабок пораз“, им порача партијата на Мендух Тачи на партиските опоненти во пресрет на прегласувањето в недела. Извори во ДПА велат дека не е исклучено Тачи во последен момент пред гласањето да се обрати ...
Меѓународните претставници порачуваат дека на 15 јуни Македонија може да ја поправи сликата за изборите ако прегласувањето помине без насилство Меѓународните претставници на зачестените средби со лидерите на ДУИ и ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи, им порачуваат дека на 15 јуни Македонија може да ја ...
В недела на прегласувањето Македонија ја има последната шанса да демонстрира капацитет за организирање мирни и фер избори. Спротивното е опасно за демократскиот капацитет на државата и ги поткопува Евро-атлантските аспирации.
ИНТЕРВЈУ Андру Ки , британски амбасадор во Македонија Тамара Грнчароска Господине амбасадоре, Македонија до 1 јуни се наоѓаше на чекор од НАТО и на добар пат да добие датум за преговори од ЕУ до крајот на годинава. Дали по изборите се сменети позициите на Македонија? Изборната кампања и изборите на ...
Врховниот суд доцна попладнево донесе решенија со кои ги одби приговорите на политичките партии и ги потврди одлуките на Државната изборна комисија за поништување на изборите и прегласување на 198 места. Прифатени се само два приговори на ДПА за поништување на гласањето во две избирачки места во ...
Си велам Ерол Ризаов Избори не се бранат со полиција и со оружје, туку со демократија и политичка култура Само за десетина дена изборните неправилности радикално метастазираат загрозувајќи го се' повеќе нивниот легитимитет, иако победата на ВМРО-ДПМНЕ е голема.
Американската амбасада во Скопје во пресрет на неделното прегласување на парламентарните избори апелира тоа да се одржи во мирна атмосфера, без насилство, заплашувањеи, фалсификати, со цел Македонија да го продолжи напредокот кон НАТО и ЕУ.
Партијата на Мендух Тачи, ДПА, поднесе повеќе жалби од приговори Катица Чангова Цел Врховен суд, зад затворени врати, одлучува за изборните жалби. Дваесетина врховни судии од завчера, во цел состав, поделени во петчлени совети, под полна пареа работеа на 94 предмети за 195 гласачки места и за ...
ЕДИТОРИЈАЛ Билјана Јовановска Дали Република Македонија во странските извештаи и по вториот круг гласање ќе остане своевидна „црна дупка“ во која власта не е кадарна да спроведе регуларни избори? За жал, одговорот, најверојатно, ќе биде позитивен, зашто малку е веројатно и во случај в недела се' да ...
Ако затворите лидер на политичка партија, тогаш од старт имаме нерегуларни избори: Никола Тупанчевски Експертите сметаат дека заканите кај нас веќе се преминати во изборен декор Светлана Унковска Најавите за касапаана уште пред стартот на предизборието, кои продолжија и деновиве, пред неделното ...
Врховниот суд на Република Македонија денеска треба да одлучи по жалбите што овластените предлагачи на листи на кандидати за пратеници ги поднесоа на одлуките на Државната изборна комисија за прегласување на парламантраните избори на 197 избирачки места.
ДПА, ДУИ и ТМРО поднесоа 94 жалби, од кои само ДПА 89, на одлуките на ДИК за нивните приговори за гласањето на изборите на 1 јуни. Во предвидениот рок до ДИК не поднесоа жалби коалициите „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ и „За Европа“ предводена од СДСМ.
Амбасадорите на сите земји-членки на Европската Унија акредитирани во Скопје пред малку издадоа заедничка изјава. Амбасадорите на сите земји-членки на Европската Унија акредитирани во Скопје пред малку издадоа заедничка изјава.
„Та неа“ навестува дека лидерот на ДУИ би можел да предизвика дестабилизација на Македонија ДУИ најави дека ќе поднесе кривична пријава за лидерот на ДПА Мендух Тачи и бара надлежните институции да објаснат кој стои зад изборното насилство, во кое имаше убиен и ранети.
Конечната одлука на Врховниот суд по жалбите на политичките партии против решенијата на Државната изборна комисија за поништување на гласањето и повторување на изборите на 196 места во три изборни единици ќе биде позната утре.
СЕ КРЕВА ТЕНЗИЈАТА ПРЕД ПРЕГЛАСУВАЊЕТО В НЕДЕЛА ДПА се сомнева во капацитетите на ДИК и на полицијата да организираат фер избори, а ДУИ првин бара казни за сторителите на инцидентите на 1 јуни, за да не се репризираат на прегласувањето Двете партии на етничките Албанци во Македонија ДПА и ДУИ, кои ...
Во ДИК вчера пристигнале нови барања од странски амбасади за набљудување на изборите Оливера Војновска Повторното гласање в недела на проблематичните избирачки места- околу 200 во Првата, Втората и Шестата изборна единица, ќе се одвива под засилен мониторинг и од полицијата и од набљудувачите, со ...
Партијата на Али Ахмети се закани дека ќе го брани гласот на Албанците ако тоа не го сторат институциите, а ДПА порача дека на 15 јуни ќе продолжи политичката касапана ДУИ и ДПА вчера најавија финална пресметка на 15 јуни, наспроти смирувачките тонови и мобилизацијата на институциите, полицијата, ...
Изет Меџити, шеф на изборниот штаб на ДУИ, најави дека ќе поднесат кривична пријава против лидерот на ДПА Мендух Тачи, бидејќи, според нив, тој требало да понесе одговорност за инцидентите што се случија на изборите на 1 јуни.
ДИК вчера постави нови претседатели на шест општински изборни комисии Катица Чангова Повторувањето на вонредните парламентарни избори во околу 200 гласачки локации во „единицата“, „двојката“ и во „шестката“, што треба да се случи на 15 јуни, ги мобилизира надлежните институции за брзо донесување на ...
ДУИ, ДПА и ТМРО поднесоа вкупно 94 жалби до Државната изборна комисија во врска по одлуката на комисијата да прифати дел од приговорите на политичките партии за парламентарните избори и да побара да се прегласува на повеќе избирачки места.
ДУИ ќе поднесе кривична пријава против лидерот на ДПА Мендух Тачи. Според интегративците токму тој треба да понесе одговорност за инцидентите на денот на изборите бидејќи тој ја најавил"касапаната" на 1 јуни. Во партијата велат дека го сториле она што Јавниот обвинител одамна требало да го направи.
После силните критики од Брисел за изборите, шефот на македонската дипломатија дојде лично во седиштето на Унијата да гарантира пред разочараните европолитичари дека прегласувањето во недела нема да го запечати црниот имиџ на Македонија.
ДУИ ќе поднесе кривична пријава против лидерот на ДПА, Мендух Тачи, кој според партијата, бил одговорен за изборните инциденти. Според шефот на изборниот штаб на ДУИ Изет Меџити, со поднесувањето кривична пријава против Тачи сакаат да се откријат сите кои ја организирале и дале наредба за ...
Државната изборна комисија денеска назначи нови претседатели на шест општински изборни комисии - на Брвеница, Тетово, Боговиње, Гостивар, Липково и Сарај, сите од редовите на членовите на комисиите. Против ваквиот избор беше само заменик претседателот на комисијата од ДУИ Субхи Јакупи.
РАСТЕ СТРАВОТ ОД РЕПРИЗА НА НАСИЛСТВАТА Доколку прегласувањето на 15 мај не помине во целосно мирна и фер атмосфера, без никакви инциденти, крајната оценка за овие избори ќе биде многу лоша, а тоа сериозно ќе се одрази на евроатлантските аспирации на Македонија, порача мисијата на ОБСЕ.
Полицијата ќе биде максимално подготвена за прегласувањето на 15 јуни. Во МВР велат дека ќе бидат ангажирани сите капацитети на полицијата и ќе бидат сконцентрирани на местата каде што на први јули се случија инцидентите. "Ќе преземеме максимални мерки на безбедност уште пред отворањето на ...
“Прегласувањето в недела да помине мирно и без дамка за да им се овозможи на сите граѓани слободно да излезат на гласање” - ова е пораката од денешната средба во Министерство за надворешни работи на амбасадорите на земјите членки на Европската Унија и на НАТО со министрите за надворешни и за ...
ТЕТОВО - ДУИ тврди дека за изборните нерегуларности на 1 јуни министерката за внатрешни работи „нема сили и волја да расчисти со насилниците и крадците на албанските гласови“. Затоа ДУИ најави кривични пријави за вработени во полицијата.
Пратеници, високи партиски функционери и директори на јавни претпријатија ќе го набљудуваат прегласувањето на 15 јуни за да се избегне и најмала можност за изборни нерегуларности и инциденти, најавија од партиите. На 193 гласачки места во „единицата, „двојката“ и во „шестката“ ќе бидат распоредени ...
ДУИ ќе поднесе кривична пријава за лидерот на ДПА Тачи зашто на 1 – ви јуни се случила касапааната што тој ја најавил пред изборите. Од партијата на Ахмети велат дека Тачи тоа го кажал свесно и јавно оти знаел дека нема која да му се спротивстави на неговата насилничка волја и дека ќе биде заштитен ...
НА ПРЕГЛАСУВАЊЕТО НА 15 ЈУНИ Пратениците на коалицијата „За подобра Македонија“ и видни членови на коалицијата „Сонце“ ќе учествуваат како набљудувачи на прогласувањето што ќе се одржи на 15 јуни. Со тоа партиите сакаат да придонесат повторното гласање да помине без инциденти и неправилности, за ...
Разрешени се претседателите во Тетово, Брвеница, Боговиње, Гостивар, Липково и Сарај Катица Чангова Државната изборна комисија ги изрече првите консеквенции за нерегуларностите од предвременото парламентарно соочување на 1 јуни.
Во сите калкулации најмногу изгуби ДПА. Со поништувањето на гласовите загуби дури шестмина пратеници Светлана Унковска Гласовите кои блокот македонски коалиции и партиите на Албанците во Македонија ги изгубија поради одлуките да се прегласува во околу 200 избирачки места им ги поматија првичните ...
Државната изборна комисија вчера дополнително го поништи гласањето во две избирачки места во општината Теарце и во едно во општината Студеничани, а дополнително ќе одлучи дали тоа ќе го стори и во две избирачки места во општината Сарај.
ИЗБОРЕН ПРЕСВРТ ПО ПРОДОЛЖЕНИОТ ВИКЕНД НА ПРЕМИЕРОТ ВО ЊУЈОРК Премиерот Никола Груевски во првичната процена за изборите тврдеше дека нерегуларности имало само во два процента од избирачките места, а ДИК поништи над 10 отсто од изборните резултати Државната изборна комисија го повтори гласањето на ...
Поднесовме кривични пријави против 80 полицајци кои на 1 јуни учествуваа во изборните нерегуларности и крадеа гласови, рече вчера Абдулаќим Адеми, шеф на кабинетот на Али Ахмети. Меѓу припадниците на МВР, против кои ДУИ поднеле кривични пријави, се заменик-министерот во оставка Рефет Елмази, Фаик ...
Според аналитичарите, гласањето в недела мора да биде достоинствено без ниту еден инцидент Оливера Војновска Прегласувањето речиси на 200 гласачки места на кои минатиот пат имаше проблематични избори е шанса за Македонија да ја поправи грдата слика што му ја испративме на светот.
Државната изборна комисија по неколкучасовна жолчна расправа успеа да именува претседатели во шест Општински изборни комисии, на местото на вчера разрешените. Неделното прегласување за предвремените парламентарни избори во Тетово, Гостивар, Сарај, Боговиње, Брвеница и Липково ќе го спроведуваат ...
ДИК им наложи на општинските комисии да ги разрешат членовите на избирачките одбори на избирачките места на кои имало изборни инциденти Државната изборна комисија вчера едногласно ги разреши од функција претседателите на општинските изборни комисии во Брвеница, Тетово, Боговиње, Гостивар, Липково и ...
Со ова вкупниот број на избирачки места на кои е поништено гласањето се зголеми на вкупно 196 откако претходно бее поништено гласањето на 193 гласачки места во првата,втората и шестата изборна единица. На нив ќе прегласуваат околу 170.000 избирачи.
ДИК поништи уште три нови избирачки места, две во Теарце и едно во Студеничани. Констатирани се нерегуларности, до ДИК не биле доставени записниците. „Денеска е приликата да ги поништиме за да можеме и за овие избирачки места да се повтори гласањето и да се подготви изборен материјал, како што се ...
Над 54-те илјади гласови на ДПА поништени од ДИК ја докажуваат планираната кражба со полнење кутии на денот на изборите. Ова беше дел од добро организирано сценарио во кое свој удел имаат и некои државни институции, беше речено на денешната прес-конференција на ДУИ.
Поглед Оливера Војновска Дури на 193 гласачки места во Првата, Втората и во Шестата изборна единица, каде што се запишани околу 170 илјади избирачи, в недела ќе се случува репризно гласање. Една респектабилна бројка - речиси десет проценти од вкупното гласачко тело во државата, што во никој случај ...
ПОНИШТЕНО ГЛАСАЊЕТО ВО 193 ИЗБИРАЧКИ МЕСТА СО 170.000 ГЛАСАЧИ Околу 170.000 граѓани ќе имаат можност повторно да излезат на гласање, на прегласувањето на 15 јуни во 193 избирачки места. Одлуката наиде на спротивставени реакции од ДУИ и од ДПА.
Во ДУИ се надеваат дека по прегласувањето ќе добијат 20 мандати, а ДПА, која исто така верува во изборна победа , може да се откаже од изборите ако Врховниот суд не и' ги уважи жалбите Одлуката на ДИК да го поништи гласањето на 193 гласачки места беше поздравена од ДУИ и критикувана од ДПА.
(Демант на текстот објавен во бројот од 4 јуни 2008 година под наслов „ДИК се изгуби“) Тодор Пендаров Текстот содржи голем број неточности, па и навреди упатени кон Државната изборна комисија, но и кон нас како членови кои напорно работиме за успешно да го завршиме изборниот процес.
ТЕТОВО - „Оцените на ДИК потврдија масовно крадење на албанските гласови од страна на ДПА преку парамилитарни полициски сили на Рефет Елмази и бандите предводени од Мендух Тачи. ДПА на овие предвремени избори ја силуваше демократијата.
Државната изборна комисија ги разреши претседателите на Општинските изборни комисии во Тетово, Гостивар, Липково, Сарај, Брвеница и Боговиње затоа што не работеле законски и не презеле доволно мерки да обезбедат регуларно гласање.
ДИК ГО ПОНИШТИ ГЛАСАЊЕТО НА 193 ИЗБИРАЧКИ МЕСТА На 15 јуни ќе се прегласува на 193 избирачки места од првата, втората и од шестата изборна единица. Поради нерегуларности на денот на изборите, на повторено гласање ќе излезат над 170 илјади избирачи.
Прераспределба на мандатите најмногу ќе има меѓу ДПА и ДУИ, а коалиција на ВМРО-ДПМНЕ може да загуби 1 место Светлана Унковска Прегласувањето што ќе биде спроведено в недела во Првата, Втората и во Шестата изборна единица на вкупно 193 гласачки места со запишани околу 170 илјади избирачи значително ...
Скопје Прегласувањето в недела за парламентарните избори во Македонија да помине мирно и без дамка, за да им се овозможи на сите граѓани слободно да излезат на гласање. Ова е пораката што амбасадорите на државите членки на ЕУ и НАТО денеска на заедничка средба во Скопје им ја пренеле на министрите ...
Скопје Државната изборна комисија (ДИК) денеска го поништи гласањето на уште три избирачки места и ги разреши претседателите во шест општински изборни комисии на места на кои в недела ќе се прегласува. Поради нестручно работење и непреземање доволно мерки да обезбедат регуларно гласање на изборите ...
Најмногу прегласување ќе има во шестата изборна единица. Таму ќе се гласа повторно на 127 избирачки места, односно 110.000 граѓани Околу 170.000 жители на 15 јуни ќе гласаат повторно. Државната изборна комисија донесе одлука да се прегласува на сите избирачки места на кои беа констатирани изборни ...