СДСМ обвини дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ го уништува здравствениот систем, а од министерот за здравство Имер Селмани побара оставка. Целта на уништувањето, како што беше речено на вчерашната прес-конференција на СДСМ, е ВМРО-ДПМНЕ евтино да го приватизира здравството.
Социјалдемократскиот сојуз бара министерот за здравство Селмани да ја активира оставката што веќе ја депонирал кај неговиот партиски лидер Тачи. Обвинуваат за неспособност во набавката на лекови кои ги нема во аптеките и болниците.
Лекови на рецепта во аптеките нема, нема ниту материјали за болните на клиниките – владата на ВМРО ДПМНЕ бескрупулозно го загрозува здравјето на граѓаните –со овие обвинувања СДСМ денеска побра од министерот за здравство Имер Селмани веднаш да ја активира оставката што ја депонирал кај шефот Тачи.
Колку аптеки во родниот Штип има директорот на Бирото за лекови Илчо Захариев? Една поседува сигурно, но се шпекулира дека под контрола има уште неколку аптеки. Министерот за здравство Селмани знае дека Захариев поседува една аптека, за останатите вели дека го проверува.
Фондот и Бирото за лекови си префрлаат кој за што е надлежен, а граѓаните од аптеките излегуваат со празни раце или мора да платат и за медикаменти кои се на позитивната листа Граѓаните реагираат дека во скопските аптеки се уште ги нема лековите од позитивната листа од февруарската пратка, иако ...
100 тина аптеки во Македонија се празни - ги нема лековите од позитивна листа во аптеките во Македонски Брод, Демир Хисар, Битола, Куманово, Штип, Крива Паланка, Пробиштип - денешната контрола на директорот на бирото за лекови Илчо Захариев покажува дека 400 стотини лекови кој во болниците и ...