Утре најверојатно ќе дојде до уште една средба на измамените граѓани во случајот „ФИ-КОМ“ и „Еуростандард банка“. Една од темите за кои ќе стане збор е хипотеката за „Антигона 1“, за која Никола Николиќ од „Еуростандард“ добил кредит од еден милион и петстотини илјади евра.
Скопје Основниот суд Скопје 1 денеска го отфрлил барањето на измамените граѓани од фирмата „Фи-Ком, за одлагања на извршувањето за активирање на хипотеките од „Еуростандард“ банка врз недоизградените згради. Ова вечерва на Макфакс му го потврди адвокат инволвиран во постапката, протестирајќи за ...
(Утрински весник) – среда, 20.09.2006 Случајот со „Фи-ком" фрла сенка врз документите што ги заверуваат нотарите Еуростандард банка не може да се откаже од хипотеките кои ги има врз објектите што ги градела фирмата „Фи-ком", бидејќи, во спротивно, тоа ќе се одрази врз работењето на банката и врз ...
(Време) – сабота, 23.09.2006 КАКО ФУНКЦИОНИРА УРБАНИСТИЧКАТА МАФИЈА? Новопечени бизнисмени, нотари, адвокати, вработени во катастар, чиновници по подрачните единици по општините е криминалниот синџир што со години беспрекорно функционира и го гради она што го викаме урбанистичка мафија.
(Утрински весник) – сабота, 16.09.2006 Против Никола Николиќ ќе биде поднесена кривична пријава поради измама Сопственикот на „Фи-ком", претпријатие кое се занимава со изведување станбено-деловни објекти, Никола Николиќ (34), е уапсен во Скопје во стан на адвокат каде што со себе ги криел и ...
(Дневник) – вторник, 19.09.2006 СЛУЧАЈ „ФИ-КОМ“ Хипотеката мора да се поништи бидејќи е незаконска, вели Лорија Ваневска, застапничка на оштетените граѓани Полициската истрага за измамата на голем број граѓани со становите што ги градела фирмата „ФИ-КОМ“ ќе го стави под лупа и начинот на кој е ...
Ексградоначалникот се сомнева дека неговото име се вмешува за да се сокријат вистинските виновници ДЕСПИНА ТРАЈКОВСКА Претходниот скопски градоначалник Ристо Пенов вчера ги отфрли обвинувањата изнесени од градоначалникот на Општина Кисела Вода, Џорџе Арсов, дека тој наводно бил поврзан со случајот ...
Поранешниот градоначалник на Скопје, Ристо Пенов, најави тужба против градоначалникот на Општина Кисела Вода, Џорџе Арсов, поради обвинувањата дека со „Фи-ком“ склучувал договори за одложено плаќање комуналии. Како отштета, Пенов ќе ја бара сумата за која се оштетени граѓаните измамени во аферата.
ПИШУВА: Владимир Тулевски Што се' не се изнаслушав неделава: Владата тргна како булдожер и на големо отвора фронт против арамиите. Ќе ги фаќаат, ќе ги проверуваат, ќе ги тресат сите сомнителни. Да бидам искрен, радува ваквата амбиција на новите во власта.
,,Не се сеќавам како е плаќано за Фи-ком. Проблемот настана кога тие станови почнаа да се продаваат", се правдаше вчера, меѓу другото, екс-градоначалникот Ристо Пенов Урбанистите од сите скопски општини работат со полна пареа на изготвување на информација за градбите што се во тек, откако добија ...
Дали за мега измамата „ФИ-КОМ“ се подготвувал теренот уште во времето кога градоначалник на Скопје беше Ристо Пенов? Токму за тоа вчера беше обвинет од градоначалникот на Кисела Вода. Според Арсов, Пенов му гледал низ прсти на Николиќ при издавањето на градежните дозволи.
Поранешниот градоначалник на Скопје, Ристо Пенов се оградува од одговорност за скандалот „ФИ-КОМ“. Тврди дека за време на неговиот мандат немало ништо спорно со градежната фирма. На обвинувања од градоначалникот на Кисела Вода, Џорџе Арсов, Пенов враќа- градежните дозволи не се спорни.
Залудно го молевме газдата Николиќ да ги плати комуналиите, тврди градоначалникот на Кисела Вода Никола Николиќ, притворениот сопственик на „Фи-ком“ осомничен за измами со станови, уплаќал една рата за комуналии за пет-шест објекти за да добие градежна дозвола, а останатите не ги плаќал, изјави ...
РЕШАВАЊЕТО НА СТАНБЕНОТО ПРАШАЊЕ КАКО НА ЗЕЛЕН ПАЗАР Мирче Котевски Сакате да купите стан со или без имотен лист, е прашањето што по уривањето на градежната пирамида „Фи-ком“ го поставуваат вработените во речиси сите фирми за недвижности што посредуваат при решавањето на станбеното прашање.
СЕ ОТКРИВААТ НОВИ ГРАДИЛИШТА Градежната фирма „Фи-ком“ почнала да гради објект и зад Универзалната сала, на улицата 9 Мај, на броевите 24 и 26. Од општината Центар, на чие подрачје се наоѓа градилиштето, потврдија дека „Фи-ком“ за таа локација платила и комуналии, но откако во јавноста се обелодени ...
Градоначалникот Арсов не посочува кои се зградите кои немаат документи ДЕСПИНА ТРАЈКОВСКА На подрачјето на Кисела Вода има 13 изградени станбени објекти кои не поседуваат градежна дозвола, а становите во нив се речиси распродадени.
Пишува: Мирче Котевски Требаше да ни се урне „Фи-ком“ врз главите, па да ни текне дека крајно време е добро да размислиме пред да влеземе во купопродажни зделки кои утре ќе ни го решат станбеното прашање. Доколку ви отидат парите без да ви гарантираат дека вие сте сопственик на објектот за кој сте ...
За овој мега скандал, на иницијатива на Еуростандард банка ќе расправаат и банкарите Управниот одбор на Еуростандард банка на завчерашната седница му даде целосна поддршка на менаџментот на Банката и на првиот генерален директор Бранко Тозија за досегашното успешно работење и раководење со банката.
Според Џорџе Арсов, градоначалник на Општина Кисела Вода, листата на измамници е многу поголема, а како еден од примерите е посочен и случајот со становите на фирмата Самарија. Фи-ком не е единствена фирма која ги измамила граѓаните при продажбата на станови.
Едно е јасно: градежната мафија, спомната последниве месеци преку случаите ФИ-КОМ и Палевски, случаи кои да потсетиме ги отвори токму ВЕЧЕР, не можела да работи така без поддршка од државен орган. Сега, од повеќе фирми, се оштетени речиси 1.000 граѓани, и неколку солидни банки.
Старо-ново име во урбаната мафија - фирмата „Самарија“. Не ги изградила петте згради во Кисела Вода, иако граѓаните ги дале парите за становите. Оваа градежна измама на фирмата, која со години гради низ Скопје, ја обелодени градоначалникот на Кисела Вода.
ИЗМАМЕНИТЕ БРАЌА АЛЕКСАНДАР И ЈАНЕ АТАНАСОВСКИ ОСТАНАА БЕЗ ТРИ СТАНА И ДЕЛОВЕН ПРОСТОР Нотарот Боривоје Стојковски заверил полномоштво за давање под хипотека на парцела на кое било потпишано како сопственик друго лице, а не браќата Атанасовски и нивната сестра Парцелата 792 сопственост на браќата ...
Ова е орвеловска ситуација, „Фи-ком“ е производ на системот, на оние што му помагале во грабежот на триесетина милиони евра, вели Александар Атанасовски Соседот и „Фи-ком“ ни ставија хипотека врз нашето земјиште, тврдат тројца сопственици на земјиштето на кое фирмата на Никола Николиќ почнала да ја ...
По „ФИ-КОМ“, фирмата „Самарија“ е можно да предизвика нов градежен скандал. Градоначалникот на Кисела Вода, Џорџе Арсов објави дека оваа фирма не ни почнала со изградба на зградите, каде граѓаните од поодамна уплатиле пари за станови.
Граѓаните од Здружението за заштита на правата на оштетените граѓани во случајот †Фи-Ком" бараат лично да се сретнат со премиерот Никола Груевски за лично да го запознаат со проблемите на измамените граѓани. Тие ја поздравија владината одлука за поведување постапка за испитување на финансиските ...
Во мрежата на урбаната мафија се заплеткало и семејството на Александар Атанасовски. На „ФИ-КОМ“ му дале имот, купен од нивниот дедо пред 120 години, за изградба на зградата „Антигона 1“. Николиќ им ветил три стана, дуќани и гаражи.
ВЛАДАТА СЕ МОБИЛИЗИРА Мирче Котевски Владата и објави војна на урбанистичката мафија откако падна пирамидалната продажба на станови од фирмата „Фи-ком“. Премиерот Никола Груевски вчера побарал од директорот на Управата за јавни приходи и од ресорните министри Јанакиевски и Мешков, итно да им ...
Премиерот Никола Груевски побара надлежните министерства и инспекторати итно да почнат акција за да утврдат дали во земјава постојат градежни пирамиди слични на „ФИ-КОМ“. Во акцијата ќе бидат вклучени Управата за јавни приходи, министерствата за транспорт и врски и за труд и социјална политика.
Акционерот во Еуростандард, Трифун Костовски не знаел, ниту се посомневал во можноста од ризичност на пласманите во „Фи-ком“, со амин на првиот генерален директор Бранко Тозија. Костовски за Канал 5 изјави дека годишните биланси се разгледуваат дури на годишното акционерско собрание.
Налог од премиерот Груевски да се преиспитаат сите сомнителни случаи за иградба на станови СНЕЖАНА КАЛАБАКОВА Оштетените граѓани во аферата „Фи-ком" ќе си ги бранат своите средства во Еуростандард банка. Во Здружението на оштетените станари велат дека имаат сознанија оти постојат реални можности да ...
БРАНКО ТОЗИЈА, ПРВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР НА ЕУРОСТАНДАРД, ПРЕД КАПИТАЛ ОБЈАСНУВА КАДЕ Е ПРОБЛЕМОТ ВО АФЕРАТА - ФИКОМСИСТЕМОТ ГО ГЕНЕРИРА КРИМИНАЛОТ?По објавуањето на банкторирањето на градежната компанија ФИ-КОМ, и притворот на брачната двојка Николиќ, сопственици на оваа компанија, во јавноста ...
Зградата „Буба“ е уште една од измамите на Николиќ и „ФИ-КОМ“. Урбаната мафија, поддржана од банкарските институции, градежните фирми и локалната самоуправа, остави нови 20 семејства како несудени станари во градежен објект што формално постои само за перење на пари.
Пирамидалната продажба на становите на „ФИ-КОМ“ денеска се најде на владина седница. Премиерот Груевски побарал од директорот на Управата за јавни приходи, како и од ресорните министри за транспорт и за труд и социјала итно да ја проверат работата на сите градежни фирми за да се избегне слична ...
ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека со загриженост го следи случајот со градежната фирма „Фи-ком", во кој како резултат на спрегата на македонското урбано подземје со одредени центри на моќ во државата без своите скапо платени станови останаа над 150 македонски граѓани.
Скандалот наречен „Фи-ком", најверојатно, тежи 26 милиони евра, а се смета дека се измамени меѓу 500 и 1.000 лица. Се претпоставува дека има измамени од другите градови во државава, кои сж уште не се појавиле и дека откако и тие ќе им се придружат на оние кои се прелажани за објектите „Антигона 1" ...
Најбројни се случаите кога фирмите со години не ги довршуваат зградите, иако одамна им ги собрале парите на граѓаните По избивањето на аферата „Фи-ком“, многу граѓани измамени од градежни фирми се охрабрија јавно да проговорат за нивните проблеми со становите и да бараат поскоро решавање или судска ...
СПОРЕД ЗДРУЖЕНИЕТО НА ОШТЕТЕНИ ГРАЃАНИ Бројката на оштетени граѓани кои склучиле договор со градежната фирма"Фи-ком" за купување станови, според податоците кои ги имаат во Здружението за заштита на правата на оштетени граѓани е меѓу 500 и 1000 лица, а целата измама е тешка околу 26 милиони евра.
Становите му донеле 26 милиони евра на Николиќ, проценува Здружението на измамени граѓани Пратеникот Фиат Цаноски имал хипотека врз станови на „Фи-ком“, како гаранција за 500.000 евра за градежни материјали што и' ги уплатил на фирмата, тврди Еуростандард банка и најави тужба за клевета против него.
ИЗМАМЕНИТЕ ГРАЃАНИ ВО БОРБА ПРОТИВ МАФИЈАТА Измамените граѓани што купија станови од фирмата „Фи-ком“ се решени да ја истераат правдата до крај и кривично да ги гонат сите актери во аферата. Ова го потврди Марјан Давчевски, портпарол на Здружението за заштита на интересите на оштетените граѓани, ...
Граѓаните се интересираат само за објекти и станови кои имаат имотен лист БИЛЈАНА АНГЕЛОВСКА Случувањата околу фирмата „Фи-ком", чиј газда продавал еден стан на неколку купувачи одеднаш, го намали интересот за купување станови и ја забави продажбата особено на новите станови.
ВМРО-ДПМНЕ ја повикува Владата и Министерството за внатрешни работи засилено да се ангажираат во откривањето на сите соучесници во случајот ФИ-КОМ, бидејќи само така ќе можело да се заокружи целиот случај, а измамените граѓани ќе можат праведно да бидат обесштетени.
Никола и неговата сопруга не ја смислиле сами измамата со продажба на станови. Ова денеска за А1 го изјавува сопственикот на Европскиот универзитет Фијат Цановски, кој на Николиќ му дал половина милион евра за изградба на универзитетот.
„Фи-ком“ продавал и не постоечки станови. Се појавија граѓани кои во кеш платиле за фиктивен стан, кој никогаш не било планирано да се гради. Новоформираното здружение на оштетени граѓани соопшти дека бројката на измамени во мега скандалот е од 500-тини до 1000.
ПАЃААТ ПИРАМИДИТЕ, СТРАДААТ ГРАЃАНИТЕ (2) Мирче Котевски Државата дозволи повеќе од 7.000 градежни фирми во земјава со сомнителен бонитет да им го решаваат станбеното прашање на граѓаните. Од осум илјади правни субјекти од оваа сфера, едвај 200 може да се пофалат дека успешно работат, додека ...
Измамените граѓани испратиле писма до сите амбасади во земјава за да ги информираат за „правната сигурност“ на граѓаните во земјава Пратеникот Фиат Цаноски, сопственик на Европскиот универзитет во Скопје, изгубил 500 илјади евра за објект што го градела фирмата „Фи-ком“.
МИРЧЕ КОТЕВСКИ Почнаа да паѓаат пирамидите што со години ги градеше урбанистичката мафија во соработка со чиновници на клучни позиции. Спрегата катастар- општина-нотар си ги покажа роговите кога излезе на виделина случајот „Фи-ком“, каде што сопственикот на фирмата секој стан го продавал по неколку ...