Израелскиот премиер Ариел Шарон планира до средината на идната година да евакуира одредени еврејски населби од Западниот брег и од Појасот Газа, со цел да отвори пат за создавање палестинска држава, јави израелската телевизија.
Израел не се чувствува „обврзан“ со резолуцијата што Советот за безбедност на ОН ја усвои за мировниот план за решавање на блискоисточниот конфликт. „Можно е да стигнеме до преговори со новата палестинска Влада врз основа на мировниот план, а не врз основа на резолуцијата на Советот за безбедност ...
Европската унија го предупреди синоќа Израел дека со своите воени акции и рестриктивни мерки на Западниот брег и во Газа „им го прави животот на Палестинците се понеподнослив“. Во острата заедничка изјава на 25-те сегашни и идни земји на ЕУ, се наведува дека Израел има „право да ги штити своите ...
Палестински милитант утрово застрела двајца израелски војници во областа на Западниот брег. Првичните резултати од воената истрага покажуваат дека Палестинецот се криел зад структурата на воената блокада, по што отворил оган и им нанел смртоносни повреди на двајцата војници, кои подоцна починале во ...
Во врска со израелската политика спрема Палестинците ЕРУСАЛИМ - Премиерот Ариел Шарон вчера замина за Рим со намера да обезбеди помош од Италија во одбраната од критиките од ЕУ во врска со израелската политика спрема Палестинците и да им помогне да се запре, како што тој го нарекува, антисемитизмот ...