TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Дел Понте вели годинава мора да се уапсат Младиќ, Караџиќ и Готовина

Вест - 13.09.2003

Хаг, 13 септември (АП) - Главниот обвинител на Хашкиот трибунал Карла Дел Понте вчера изјави дека обвинетите Радован Караџиќ, Ратко Младиќ и Анте Готовина мора до крајот на годинава да бидат уапсени и предедани на Меѓународниот суд за воени злосторства во поранешна Југославија.

Дел Понте: „Владите да ги предадат Готовина, Младиќ и Караџиќ“

А1 - 12.09.2003

„Владата на Хрватска мора веднаш да го уапси и да го предаде Анте Готовина, Србија и Црна Гора мораат истото да го сторат со Ратко Младиќ, а властите на босанските Срби треба да соработуваат во апсењето на Радован Караџиќ“, изјави главниот обвинител на Хашкиот трибунал, Карла дел Понте.