БАНКА Крадци ограбиле банкомат на Тутунска банка, поставен во продавница за автоделови, во саботата ноќта, во скопската населба Чаир. Полицијата дополнително треба да утврди колку пари однеле крадците. Кражбата се случила ноќта меѓу саботата и неделата.
НА УЛИЦАТА ЏОН КЕНЕДИ ВО СКОПЈЕ За викендов непознати арамии обиле банкомат на Тутунска банка, сместен во продавница за автоделови на улицата Џон Кенеди во скопската населба Чаир. Засега банката се уште не соопштува колку пари биле украдени од банкоматот.
ВО СКОПСКИ ЧАИР Крадци викендов ограбиле околу еден милион денари од банкомат на „Тутунска банка“, кој бил поставен во продавница за резервни делови во скопската населба Чаир. - Ноќта кога се случила кражбата, во банкоматот имало нешто помалку од еден милион денари, или околу 16.000 евра.
Банкоматот на Тутунска банка во продавницата „Мотобенз“ на улица „Џон Кенеди“ во скопската населба Чаир е ограбен. Притоа, ограбувачите не ја поштедиле ниту продавницата. Непознати сторители ноќта меѓу саботата и неделата ги разбиле заштитните решетки и влегле во продавницата.
Пари од банкомат на Тутунска банка и резервни делово биле украдени завчера од продавница "Мото бенз" во Скопје. Според полицијата, непознати арамии околу ноќта во саботата провалиле во продавницата лоцирана на улицата "Џон Кенеди" во скопската населба Чаир.