Велешката полиција поднесе кривични пријави против Б.Ќ. (39)и Б.Ч.(31) осомничени дека извршиле разбојништво врз нивниот сограѓанин Панче Т. Тие исто така ќе одговараат и за кривично дело: изнуда. Двајцата велешани физички го нападнале Панче и му нанеле повреди по целото тело.
НА ПАТОТ МЕЃУ ТЕТОВСКИТЕ СЕЛА КОРАТА И ЧЕГРАНЕ На локалниот пат село Кората кон село Чегране -тетовско, две непознати лица извршиле разбојништво врз Шабан А од Горна Баница. Непознатите насилници во понеделникот околу 20 часот и триесет минути, вооружени со пиштол и автоматска пушка побарале од ...
Вчераутро ТЕТОВО - Вчера во раните утрински часови во Тетово на две места се случија две разбојништва. Во четири часот во Земјоделското училиште "Моша Пијаде" група помлади лица најнапред со огнено оружје им се заканиле на чуварите, а потоа влегле и ја демолирале продавницата на училиштето.
НАПАДНАТ ТАКСИСТ НА УЛИЦА МЕЛНИЧКА ВО СКОПЈЕ На улица "Мелничка" во Скопје, завчера, бил нападнат и ограбен такси возачот Ј.Н. Разбојник му одзел 1.000 денари а потоа избегал. Непознатиот патник откако се качил во таксивозилото, му наредил на возачот да го превезе до одредено место, а потоа се ...
Вчера утрото околу 4 часот, се уште непознати вооружени лица ги ограбиле продавницата и наставничката канцеларија во средното земјоделско училиште "Моша Пијаде" и однесле одредено количество прехранбена, техничка и друга стока - дознаваме од управата на ова училиште.
Во акциJа на скопската полициJа Полицијата ја уапсила разбојничката група што стои зад вооружените грабежи на бензинската пумпа на "Фершпед" на автопазарот во јуни и автомат-клубот во трговскиот центар во населбата Автокоманда во Скопје, на почетокот на мај.
Неколку дена по разбојништвото, извршено на локалниот пат кај велешкото село Кочилари, кога бил нападнат Љ.М., сопственик на менувачница, полицијата ги уапси осомничените: Т.Ѓ. (24), Ж.К. (22), Г.А. (26) и Н.Б. (23), сите од Велес и странските државјани Д.Д. и Н.Н.
ПОЛИЦИЈАТА РАСВЕТЛИ СЛУЧАИ НА ДВА ИЗВРШЕНИ ГРАБЕЖА ВО СКОПЈЕ Скопската полиција уапсила четиричлена разбојничка група, за која постојат докази дека извршила разбојништва на бензиската пумпа на "Фершпед" и во клубот на "Хронометар" во Автокоманда. По апсењето,л против А.С. (16), Д.М. (16), А.Џ.