ПРИВРШУВААТ ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ПРИЕМ ВО СТО Македонија ќе стане полноправна членка на Светската трговска организација (СТО) на 11 октомври, до кога треба финалниот документ да биде ратификуван од Собранието и од сите земји-членки на таа организација.
Финализирани преговорите за влез во Светската трговска организација Од вчера Македонија стана неформална членка на Светската трговска организација, откако во седиштето на оваа организација во Женева беше прифатен извештајот за прием во СТО.
Македонија денеска стана неформална членка на Светската трговска организација, а официјалниот документ ќе биде потпишан на 11-ти октомври. Денеска во Женева Македонија добила виза за вклучување во меѓународната трговија со оценка од СТО дека нашата легислатива целосно е хармонизирана со европската.