TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

За викендов ќе нема протести на ДУИ

Утрински - 12.08.2006

По вчерашниот петти ден на протестите на коалицијата ДУИ и ПДП со полчасовни блокади на дел од магистралните и регионалните патишта во државава, во знак на незадоволство од невлегувањето во новата влада, најавено е дека за време на викендот нема да биде блокиран сообраќајот.

ДУИ-ПДП протестираа,набљудувачи надгледуваа

Време - 12.08.2006

НА РЕГИОНАЛНИОТ ПАТ СКОПЈЕ – БЕЛГРАД Околу 200 члена и симпатизери на коалицијата ДУИ-ПДП од кумановските разграноци и вчера протестираа на излезот на Куманово на автопатот Скопје - Белград поради, како што велат, револтот за газење на волјата на народот.

Груевски гори, Тито се сонча

Дневник - 12.08.2006

ПДП синоќа на Централното претседателство требаше да донесе конечна одлука за влез во владата Преговорите помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и НСДП за распределба на ресорите се во ќор-сокак бидејќи двајцата лидери Никола Груевски и Тито Петковски упорно стојат на почетните позиции за министерствата за земјоделство ...

Или во владата,или на улица!

Време - 12.08.2006

ВО ПДП СЕ ДЕЛАТ Да се влезе во владата на Груевски или да се остане во коалицијата со ДУИ, со понатамошни блокади на улиците со евентуално враќање на пратеничките мандати - се варијантите за кои синоќа требаше да одлучува претседателството на Партијата за демократски просперитет (ПДП).

дуи пак ќе протестира од понеделник

Дневник - 12.08.2006

Демократската унија за интеграција викендов ќе ги прекине протестите бидејќи денеска во скопското село Радуша ќе ја одбележи петгодишнината од прекинот на воениот конфликт, а утре во Охрид ќе го прослави потпишувањето на Рамковниот договор.

Бадентеровото мнозинство

Дневник - 12.08.2006

ДУИ, со горкото искуство на изневерност од страна на ВМРО-ДПМНЕ (несериозниот однос: почнати а недовршени разговори за коалиција, со нејасни причини за јавноста) има две можости на дејствување од позиција на опозиција. Едниот е инаетчискиот, а вториот опозициски конструктивен.

ДУИ пред Собрание кога ќе се бира новата Влада

Вест - 12.08.2006

На денот кога ќе се избира новата влада пред Собранието на Македонија ќе протестираат членовите и симпатизерите на Демократската унија за интеграција, тврдат за ВЕСТ партиски извори. Раководството на ДУИ вчера во Тетово одлучи дента кога мандатарот Никола Груевски ќе ја објави новата влада да ...

Дали ДУИ и ПДП ќе останат заедно?

А1 - 11.08.2006

ДУИ и ПДП остануваат заедно или се разделуваат? Функционери од ПДП упорно тврдат дека партијата ќе прифати коалиција со Груевски. Лидерот Абдулади Вејсели денеска ниту демантира, ниту потврдува. За А1 вели дека на вечерашното претседателство ќе се разговарало за се, па и за можната коалиција.

Петти ден од протестите на ДУИ и ПДП

А1 - 11.08.2006

Коалицијата ДУИ и ПДП петти ден протестира мирно со полчасовни блокади на дел од магистралните и регионалните патишта во државава, во знак на незадоволство од невлегувањето во новата влада. Поради одбележување на петгодишнината од потпишувањето на Рамковниот договор, на 13 август, од ДУИ и ПДП ...

Петти ден од протестите на коалицијата ДУИ и ПДП

Канал5 - 11.08.2006

Коалицијата ДУИ и ПДП петти ден протестира мирно со полчасовни блокади на дел од магистралните и регионалните патишта во државава, во знак на незадоволство од не влегувањето во новата влада Скопје, 11 август (МИА) - Коалицијата ДУИ и ПДП петти ден протестира мирно со полчасовни блокади на дел од ...

ВМРО-ДПМНЕ сж уште ја очекува одлуката на ПДП

Утрински - 11.08.2006

Во ВМРО-ДПМНЕ сж уште го очекуваат конечниот одговор од Партијата за демократски просперитет за нивно евентуално влегување во владината коалиција. Лидерот на ПДП, Абдуљади Вејсели, вчера тврдеше дека немал никакви контакти со претставници на партиите кои ќе бидат дел од новата власт.

Ахмети го повикува Груевски да си стави прст на чело

Утрински - 11.08.2006

Лидерот на ДУИ вели дека уште не размислуваат за преминување во опозиција ГоЈко Ефтоски ТЕТОВО - „Не станува збор за тоа дали ДУИ и ПДП ќе влезат во владата. Станува збор за сериозен повик на внатрешните сили и меѓународната заедница кои треба да размислат за случувањата, зашто последиците можат да ...

На Ахмети не му се слуша за опозиција

Дневник - 11.08.2006

Ќе има непредвидливи последици за Македонија ако ДУИ не биде дел од владата на Никола Груевски, рече Ахмети Лидерот на ДУИ Али Ахмети вчера се закани дека ќе има непредвидливи последици за Македонија ако неговата партија не биде дел од владата на Никола Груевски.

Активисти на ДУИ претепале пешак

Вест - 11.08.2006

ИНЦИДЕНТ НА БЛОКАДИТЕ КАЈ БУТЕЛ Скопјанецот Д.А. (44) завчера бил крвнички претепан од активисти на ДУИ, оти сакал пеш да ја мине блокадата поставена на крстосницата на влезот од скопската населба Бутел. Инцидентот е пријавен и во полиција која извршила увид.

Во владата или не, ПДП останува со ДУИ

Време - 11.08.2006

ПО НАЈАВИТЕ ЗА ЕДНО МИНИСТЕРСКО МЕСТО ПДП ќе остане во коалиција со ДУИ без оглед дали ќе биде во власта или не. Претседателот на таа партија Абдулади Вејсели вчера изјави дека ПДП нема да се отцепи од коалицијата, но додаде дека гласачите кажале дека сакаат коалицијата да биде во власта, зашто ним ...

Дипломатите зачестија на гости кај ДУИ

Утрински - 11.08.2006

ТЕТОВО - Последните два дена во седиштата на политичките партии на Албанците во Тетово, особено во ДУИ, присутна е засилена активност на дипломатите во нашата земја. Во средата во вечерните часови во седиштето на ДУИ во Мала Речица престојуваше амбасадорката на САД, Џилијан Миловановиќ.

ДУИ предизвикала инциденти

Време - 11.08.2006

МВР Активистите на ДУИ на завчерашните протести во Скопје предизвикале два инцидента во кои било нападнато едно лице и биле оштетени три автомобили, соопшти МВР. Првиот инцидент се случил пред почетокот на протестите на раскрсницата меѓу улиците Александар Орданов и Цетинска во населбата Бутел, ...

Ахмети: Не прифаќаме улога на опозиција.

Вест - 11.08.2006

Коалицијата ДУИ - ПДП ја алармира меѓународната и домашната јавност дека ситуацијата во Македонија е многу сериозна и таа се движи во многу погрешна насока и последиците можат да бидат многу големи. Поради тоа, ДУИ бара САД, Европската унија и НАТО, како потписници на охридскиот договор што побрзо ...

Ахмети му се заканува на Груевски

А1 - 10.08.2006

Али Ахмети од Мала Речица му се заканува на Груевски што одлучил без него да прави влада. Ситуацијата, според Ахмети, е сериозна, а последиците од одлуката на Груевски различни и непоправливи. Ахмети повтори дека нема да прифати да биде опозиција.

Четврт ден од протестите на ДУИ и ПДП

А1 - 10.08.2006

Коалицијата ДУИ-ПДП четврти ден продолжи со блокадите во Скопје, низ магистралните патишта и околу градовите Куманово, Тетово, Гостивар, Дебар и Струга. Приврзаниците, симпатизерите и членовите на коалицијата ДУИ-ПДП и денеска ги продолжија протестите во Скопје со барикади пред Владата, Собранието, ...

ДУИ сака власт за да се зачувал рамковниот

Дневник - 10.08.2006

Расте нервозата кај активистите на ДУИ, а вчера, на третиот ден од протестите, за малку била избегната физичка пресметка меѓу партиски активисти и граѓанин на блокадата кај Момин Поток на излезот од Скопје кон Косово. На раскрсницата кај Судската палата протестите минаа со вербални инциденти.

Ахмети бара помош од странците

Време - 10.08.2006

ЛИДЕРОТ НА ДУИ МУ ТЕЛЕФОНИРА НА СОЛАНА Треба да се почитува гласот на мнозинството Албанци, му рекол Али Ахмети, лидер на ДУИ, на Хавиер Солана, претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, во завчерашниот телефонски разговор.

Половина час блокади низ северозападните делови на Македонија и денеска претпладне

Канал5 - 10.08.2006

ДУИ и ПДП пред владата испратија предупредувачки тонови до мандатарот Груевски за уште еднаш да го потсетеле дека тие се легитимните претставници на Албанците кои треба да партиципираат во идната власт. Потпретседателот на интегративците, Рафиз Алити, е задоволен од досегашниот тек на протестите ...

Ахмети продолжува со заканите до Груевски

Канал5 - 10.08.2006

Ахмети ги заострува заканите до мандатарот Груевски како дел од притисокот за неговата коалиција ДУИ – ПДП да влезе во новата влада. Од партиското седиште во мала речица Ахмети денеска со уште порадикален вокабулар за иднината на охридскиот договор.

ДУИ ќе влезе во власта, ама преку ПДП!

Утрински - 10.08.2006

Двете партии демантираат, но зад кулисите за оваа можност сериозно се расправа БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ ДУИ, сепак, ќе влезе во идната владина коалиција, но не директно, туку нејзините интереси ќе ги застапува помалиот коалициски партнер - Партијата за демократски просперитет.

Приврзаниците на Ахмети „удрија“ по семејството на Тачи

Време - 10.08.2006

„Таткото на Тачи - поткажувач на УДБА“ е текст што вчера го делеа приврзаниците на ДУИ на блокадата на раскрсницата пред Судската палата во Скопје. Блокадата почна со вербални навреди меѓу присутните и нервозните возачи, а раскрсницата беше блокирана 45 минути наместо вообичаениот половина час.

ДУИ и ПДП клучни за законите за кои е потребен Бадинтер

А1 - 09.08.2006

Коалицијата ДУИ-ПДП со 17 пратеници е клучна при носењето на закони за кои е потребно и т.н. Бадинтерово мнозинство. Евентуалната одлука на партијата на Ахмети нивните пратеници да апстинираат од работата на Собранието може да го закочи процесот, смета професорот Владо Поповски.

ДУИ бара дијалог со меѓународни олеснувачи

Вест - 09.08.2006

"Настанатата ситуација во Македонија може да се надмине низ отворен и конструктивен дијалог на политичките актери со помош на меѓународната заедница" е барањето што го искажа одборот за организирање на протестите и на блокадата на автопатот Тетово - Скопје, која вчера беше одржана втор ден по ред ...

Трет ден протести на коалицијата ДУИ и ПДП

Канал5 - 09.08.2006

Симпатизери и активисти на коалицијата ДУИ и ПДП и денеска половина час блокираа повеќе сообраќајници во западниот дел на државава Скопје, 9 август (МИА) - Симпатизери и активисти на коалицијата ДУИ и ПДП и денеска половина час блокираа повеќе сообраќајници во западниот дел на државава.

Али Ахмети повторно не се појави на протестите на ДУИ

Утрински - 09.08.2006

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, ниту вчера не се појави на протестите на своите сопартијци кои се незадоволни поради тоа што нема да бидат дел од идната влада. Активистите и симпатизерите на ДУИ втор ден го блокираа сообраќајот во повеќе градови низ земјава, предводени од локалните шефови на разграноци.

Две скопјанки нападнати кај Судската палата

Време - 09.08.2006

ДУИ ГИ ПРОДОЛЖИ ПРОТЕСТИТЕ Две жени беа физички нападнати кога со автомобил се обидоа да ја поминат раскрсницата кај Судската палата во Скопје, каде што членови на ДУИ веќе втор ден протестираа незадоволни бидејќи оваа партија не влезе во владата.

Муса Џафери: Тешко се контролираат 120.000 гласачи

Дневник - 09.08.2006

Ако ситуацијата ескалира, одговорни ќе бидат мандатарот Никола Груевски и Мендух Тачи, бидејќи ги провоцираат гласачите на ДУИ, вели вицепремиерот во заминување Со инциденти во кои беа оштетени три возила, со навреди и со обвинувања до македонските медиуми и до македонските „националистички партии“ ...

ДУИ не го почитува законот што самата го гласаше

Дневник - 09.08.2006

Со блокирањето на магистралните патишта во земјава, на влезот и излезот од Скопје, Тетово, Гостивар, Струга и од Дебар и на автопатот Тетово - Гостивар, Демократската унија за интеграција намерно го крши Законот за јавните собири, за кој гласаше пред неколку месеци.

Коалицијата ДУИ-ПДП продолжи со блокадите во северозападна Македонија

Макфакс - 09.08.2006

Скопје Коалицијата ДУИ-ПДП и денеска половина час ги блокираше патиштата и влезовите во Куманово, Скопје, Тетово, Дебар и Струга, при што не се забележани никакви инциденти. Во главниот град приврзаниците на ДУИ и ПДП на половина час блокираа неколку раскрсници, кои денеска, за разлика од вчера, ...

Продолжуваат протестите на ДУИ и ПДП

Макфакс - 09.08.2006

Скопје Коалицијата ДУИ - ПДП продолжуваат со блокадите на главните магистрални патишта во северозападниот дел на Македонија, незадоволни што не се дел од новата влада.. Протестите се одвиваат со получасовни блокади со почеток во 09.30 часот, кои според најавите ќе се одржуваат до петок.

Коалицијата ДУИ-ПДП продолжи со блокадите во Кумановско

Макфакс - 09.08.2006

Куманово Коалицијата ДУИ-ПДП и денеска половина час го блокираше автопатот Скопје-Табановце, како и влезот и излезот на Куманово, јавува Макфакс од Куманово. Учесниците во блокадите беа во помал број од вчера, а денеска на протестите се појавија и советниците во градскиот Совет.

Македонските партии и медиумите не игнорираат

Вечер Прес - 09.08.2006

Народот решава кој ќе биде во власта, а кој во опозиција. Ова е главната порака на активистите на ДУИ, кои и вчера од 9:30 до 10 часот ги блокираа регионалните патишта од Куманово до Струга, изразувајќи незадоволството од невлегувањето во новата влада.

Нападнати две возила од симпатизери на ДУИ во Скопје

А1 - 08.08.2006

Нервоза во редовите на ДУИ. Вториот ден од блокадите поддржувачите на Ахмети со клоци и навреди се нафрлија на две возила кај судската палата во Скопје. Никој не е повреден, но нападнатите најавија тужби за ДУИ и за полицијата, која немо го посматрала инцидентот.

ДУИ продолжи со протестите кои минуваат мирно

Канал5 - 08.08.2006

Мирно и без инциденти помина и вториот ден од блокадите на симпатизерите на Ахмети и Вејсели. Половина саат беа блокирани магистралните патишта во северозападниот дел од земјава и три скопски раскрсници, пред судската палата, пред владата и на излезот од Скопје.

ДУИ со блокади се пробива во власта

Дневник - 08.08.2006

Според раководството, протести ќе има до 16 август, кога мандатарот треба да го соопшти составот на владата , за кога е најавена блокада на цело Скопје Со паролите „Да се почитува гласот на Албанците“, „Нашиот глас е наше право“, и „Не газете врз нашиот глас“, Демократската унија за интеграција ...

Втор ден од протестите на ДУИ - ПДП на патниот правец Гостивар - Кичево

Канал5 - 08.08.2006

На овие протести нема само фамилии на членовите и функционерите на двете партии, како што тоа сакаат да го прикажат некои, беше речено денеска на вториот ден од протестите на ДУИ и ПДП во близина на Здуњски мост на регионалниот патен правец Гостивар - Кичево.

И тоа се случи -протестираа

Време - 08.08.2006

Гласот е демократија. Така пишуваше на една од паролите што ги носеа симпатизери или активисти на ДУИ на протестите вчера во Скопје, демонстрирајќи го незадоволството затоа што нивните челници не влегоа во новата влада иако освоија најмногу пратенички места меѓу Албанците.

ДУИ блокираше седум града, протестите не беа масовни

Утрински - 08.08.2006

Интегративците блокираа патни правци од Куманово до Струга Приврзаниците на Демократската унија за интеграција незадоволни што нивната партија нема да биде дел од идната влада, вчера го парализираа сообраќајот во повеќе градови низ земјава.

Активисти на Ахмети блокираат патишта

Вест - 08.08.2006

СЕ ОДРЖАА НАЈАВЕНИТЕ ПРОТЕСТИ НА ДУИ И ПДП Активисти и симпатизери на коалицијата ДУИ и ПДП вчера претпладне половина саат ги блокираа магистралните патишта во северозападниот дел на Македонија, за да изразат протест оти победничката коалиција кај Албанците ја нема во новата македонска влада.

Мирни протести на ДУИ од Струга до Куманово

Време - 08.08.2006

АХМЕТИ ГО ИСКАЖА РЕВОЛТОТ ЗАТОА ШТО НЕ Е ВО ВЛАДАТА Сунчица Стојановска Мирно и без инциденти заврши вчерашниот протест на ДУИ и на ПДП, чии членови и симпатизери половина час ги блокираа магистралните патишта од Куманово до Струга, незадоволни од тоа што мандатарот Никола Груевски не ги вклучи во ...

ДУИ и ПДП продолжуваат со блокадите

Макфакс - 08.08.2006

Скопје Коалицијата ДУИ-ПДП според најавите и денеска ќе ги блокира клучните магистрални патишта во северозападниот дел на Македонија, Патните блокади што во периодот од 09,30 до 10,00 часот се најавени до петок, се дел од протестот што коалицијата ДУИ – ПДП го започна вчера под слоганот “Да се ...

Продолжија протестите на ДУИ низ Македонија

Макфакс - 08.08.2006

Струга/Дебар/Тетово/Куманово/Скопје Протестите на ДУИ продолжија и денеска во Дебар, Струга, Тетово, Куманово и Скопје, со блокади на излезните правци од градовите, јавуваат дописниците на Макфакс. Блокадите кои, како и вчера, се одвиваа во траење од половина час, од 9:30 до 10:00, се во знак на ...

ДУИ и ПДП ја блокираа половина Македонија

А1 - 07.08.2006

Молк во родниот Зајас на Ахмети по блокадата на патот пред селото. Жителите останаа во своите домови, излегоа само активистите на ДУИ, која на изборите овде не освои само еден процент од можните гласови. Одбиваат да зборуваат пред камерата.

Протестите на ДУИ и ПДП без инциденти

А1 - 07.08.2006

Ахмети и ДУИ ја испратија пораката. Успеаа во координирана акција утринава да го парализираат нормалното движење во Скопје и западна Македонија на половина час. Покажаа дека имаат контрола врз протестите. Целата акција на блокирање на Скопје, Тетово, Гостивар, Дебар и Струга помина без било каков ...

Блокади без инциденти на коалицијата ДУИ-ПДП

Канал5 - 07.08.2006

Во обид да се направи притисок врз мандатарот Груевски во знак на револт бидејќи партија не доби покана за учество во новата влада, активистите и симпатизерите на ДУИ и ПДП ги почнаа получасовните протести Во обид да се направи притисок врз мандатарот Груевски во знак на револт бидејќи партија не ...

Протести на ДУИ на магистралниот пат Куманово - Скопје

Канал5 - 07.08.2006

Кумановскиот огранок на ДУИ, денеска во периодот од 9:30 до 10:00 часот мирно протестираше со блокада на магистралниот пат Куманово - Скопје на влезот од Куманово Куманово, 7 август (МИА) - Кумановскиот огранок на ДУИ, денеска во периодот од 9:30 до 10:00 часот мирно протестираше со блокада на ...

Со протести ќе го бранат албанскиот глас

Време - 07.08.2006

ДУИ ОД ДЕНЕСКА НА УЛИЦА „Да се заштити албанскиот глас“ е мотото под кое членството на ДУИ денеска ќе излезе на протести низ повеќе општини во државата, откако ВМРО-ДПМНЕ одлучи ДПА да биде нејзин партнер во владата од албанскиот блок.

Реакција на ДПА за протестите на ДУИ

Канал5 - 07.08.2006

Најавите на Демократската унија за интеграција за протести поради нивното не вклучување во владата не е ништо ново и неочекувано, затоа што нешто што почнува со нерегуларности и насилство продолжува со исти методи додека не се соочи со реалноста, се вели во вчерашната реакција на Демократската ...

ДУИ го блокира автопатот Тетово - Скопје

Канал5 - 07.08.2006

Симпатизери и членови на Демократската унија за интеграција со 20-на возила денеска на излезот од Тетово од 9:30 до 10:00 часот во двата правци го блокираа автопатот Тетово - Скопје Тетово,7 август (МИА) - Симпатизери и членови на Демократската унија за интеграција со 20-на возила денеска на ...

ДУИ ќе ја блокира половина Македонија

Дневник - 07.08.2006

Груевски ја очекува ПДП во владината коалиција, а Ахмети го чека Вејсели на протести во Тетово Под слоганот „Да се заштити гласот на Албанците“ денеска од 9.30 до 10 часот ДУИ ќе ги блокира патиштата и крстосниците од Струга до Куманово, како предупредување до мандатарот Никола Груевски „да не гази ...

Функционерите на ПДП се поделија за влез во владата

Утрински - 07.08.2006

Просперитетлиите не можат да решат дали ќе бидат власт или опозиција Партијата за демократски просперитет никако не може да одлучи дали во наредниот период дефинитивно ќе ја придружува ДУИ во опозиција или ќе ја прифати отворената понуда од ВМРО-ДПМНЕ за влез во идната влада.

Протест на ДУИ и ПДП на патниот правец Гостивар - Кичево

Канал5 - 07.08.2006

Членови и симпатизери на политичките партии ДУИ и ПДП денеска одржаа полчасовен протест со блокада на патниот правец Гостивар - Кичево во непосредна близина на Здуњски мост Гостивар, 7 август (МИА) - Членови и симпатизери на политичките партии ДУИ и ПДП денеска одржаа полчасовен протест со блокада ...

Мирни протести на ДУИ и ПДП

Макфакс - 07.08.2006

Скопје Без инциденти завршија координираните блокади што активисти на коалицијата ДУИ-ПДП ги поставија претпладнето на клучните магистрални патишта во северозападниот дел на Македонија. Патните блокади што во периодот од 09,30 до 10,00 часот се најавени и за во наредните шест дена, се дел од ...

ДУИ и ПДП блокираат магистрални патишта

Макфакс - 07.08.2006

Скопје Блокада на магистралните патишта од Струга до Куманово претпладнево ќе спроведат активистите на Демократска унија за интеграција (ДУИ) и нивниот коалиционен партнер, Партијата за демократски просперитет(ПДП). Спроведувањето на одлуките на највисоките раководства на партијата, за скопските ...