TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Загинал при пад од дрво

Дневник - 12.06.2007

Скопјанецот Димитар Шимбов (65) загинал откако паднал од дрво во својот двор во населбата Ѓорче Петров. Несреќата се случила завчера во 11 часот, на улицата Панајот Гиновски. Во критичното време Шимбов берел вишни, качен на дрвото. Во еден момент се лизнал и паднал.

Паднал од вишна и починал

Вест - 12.06.2007

НЕСРЕЌА ВО СКОПСКАТА НАСЕЛБА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ Скопјанец, додека берел вишни се лизнал, паднал од дрво и починал на самото место. Увид на местото на настанот извршила полицијата, по што било утврдено дека се работи за несреќен настан.

Паднал од вишна и починал

Утрински - 12.06.2007

Димитар Шимбов од скопската населба Ѓорче Петров трагично го загуби животот откако падна од вишна. Несреќата се случи завчера околу 11 часот во дворот од неговата куќа на улица „Панајот Гиновски“. Берејќи вишни, се лизнал и паднал на бетонска подлога.

Починал откако паднал од вишна

Вечер Прес - 12.06.2007

Шеесет и петгодишниот Димитар Шимбов го загуби животот откако при берење вишни паднал од дрво. Трагичниот настан се случил завчера во дворот од семејната куќа на Шимбов, на улицата "Панајот Гиновски" во скопската населба Ѓорче Петров. Околу 11 часот, Димитар се качил на дрво да собира вишни.