TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Да се укине забраната за радиото Гром

Време - 06.09.2005

АПЕММ Апелацискиот суд да го укине решението со кое скопскиот Основен суд на спортското радио Гром-евергрин му се забранило привремено да емитува програма под назив спортско радио, побара вчера Асоцијацијата на приватни електронски медиуми (АПЕММ).

Судот забранил РТД „Гром" да го користи терминот спортско радио

Утрински - 06.09.2005

Радиодифузерите се кренаа на нозе по донесена судска одлука САШКО Ѓ. ДИМОВСКИ >†Единствено Советот за радиодифузија може да дозволи или забрани користење фреквенција и работа на електронски медиуми, а ова тело со допис нў информираше за дозвола за промена на програмата и наше профилирање како ...

"Спортско радио" не може да биде монопол

Вечер Прес - 06.09.2005

“Радијата "Канал 4" и "Евергрин Гром" имаат еднакво право да го користат терминот "спортско радио", како предзнак во својата програмска шема. Оттука, тврдењето на сопственикот на "Канал 4", Борче Лукановски дека името "спортско радио" може единствено да го користи неговото радио, затоа што прв ...

„Радио Гром“ не смее да го користи терминот спортско радио

А1 - 05.09.2005

Скопскиот Основен суд 1 му забрани на „Радио Гром“ да го користи терминот спортско радио. Асоцијацијата на приватни медиуми и Центарот за развој на медиумите ваквата одлука ја коментираат како мешање на судот во уредувачката политика на радиото. Судската одлука е донесена во корист на „Канал 4“.

Спор за спортско радио

Канал5 - 05.09.2005

Радио Гром веќе не смее да го употребува терминот спортско радио во својата програма. Вака пресуди Основниот суд Скопје 1 во спорот што го покрена спортското радио Канал 4... Радио Гром веќе не смее да го употребува терминот спортско радио во својата програма.

Судот штити монопол во етерот

Макфакс - 05.09.2005

Скопје Скопското "Гром радио" и Асоцијацијата на приватни електронски медиуми на Македонија (АПЕММ).денеска од Основниот суд Скопје 1 ќе побараат да ја повлече одлуката со која на овој локален медиум му забрани да го користи називот спортско радио.

АПЕММ за судската забрана на називот Спортско радио

Макфакс - 05.09.2005

Скопје Асоцијацијата на приватни електронски медиуми на Македонија (АПЕММ), денеска, организира прес како реакција на судското решение за забрана на користење на називот Спортско радио во етерот на град Скопје. Учество најавија претставници на Асоцијацијата и на Радиото, правен експерт и ...