Денеска се празнува верскиот празник Рамазан Бајрам. За граѓаните на земјава тој е неработен ден. По повод празникот претседателот Бранко Црвенковски упати честитка до сите верници од исламска вероисповед во земјава.
Муслиманските верници денеска го прославуваат најголемиот муслимански празник Рамазан – Бајрам. Утринската молитва сабах – намаз го означува почетокот на денот, а прославата на празникот започнува подоцна со Бајрам – намаз. По 30-дневниот пост, следи тридневното одбележување на празникот.
По повод муслиманскиот верски празник Рамазан Бајрам Премиерот Никола Груевски имаше обраќање до медиумите, кое исто така, како што се вели во обраќењто го користи и за синоќешните навреди и клеветите исфрлени од страна на претседателот Бранко Црвенковски.