TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

ЕУ ќе донира 200 милиони евра за обнова на Ирак

А1 - 15.10.2004

Европската унија во пресметките за следната година планира да одвои 200 милиони евра за обнова на Ирак, објавено е по завршувањето на четвртата донаторска конференција за Ирак во Токио, јавуваат агенциите. Од одобрените пари, 30 милиони евра ќе бидат издвоени за ирачките парламентарни избори во ...

СУДИРИТЕ ВО ИРАК НЕ СТИВНУВААТ

Вечер Прес - 15.10.2004

БАГДАД, 15 ОКТОМВРИ(МИА). - Најмалку 15 членови на Националната гарда на Ирак загинаа вчера при напад на ирач- ките бунтовници во градот Каим, во близина на границата со Сирија, а во близина на ирачкиот град Бакуба, вчераутро, загинаа двајца офицери на Армијата на Ирак.

Најмалку 15 загинати во судири во Ирак

А1 - 14.10.2004

Најмалку 15 членови на Националната гарда на Ирак загинаа денеска при напад на ирачките бунтовници во градот Каим, во близината на границата на Сирија. Засега нема повеќе детали во врска со инцидентот. Во исто време, две силни експлозии одекнаа во центарот на Багдад. Според очевидци, над т.н.

Кумановците чекаат лет за дома

Време - 14.10.2004

ЗАВРШИ ПЕЧАЛБАТА ВО ИРАК Македонските градежни работници во Ирак се во Багдад и чекаат лет назад за Македонија. Тие ја завршиле работата за која ги ангажираше „Соуфан инженеринг“. Поради ситуацијата во Ирак, нема редовни авиолинии, па кумановската група од околу 30 работници мора да чека да се ...

Нова мисија во Багдад за киднапираните кумановци?

Утрински - 14.10.2004

Од Ирак не се вратија триесетината кумановци, а МНР и МВР таму испраќаат нови претставници Иако два дена се најавуваше, сепак, од Ирак и вчера не се врати групата од триесетина работници од Куманово, кои само два месеца работеа за заливската фирма "Соуфан инженеринг", а беа избрани од ...

Берлин се двоуми околу испраќањето војници во Ирак

Утрински - 14.10.2004

Германскиот министер за одбрана во интервјуто за „Фајненшел тајмс" Питер Штрук: Засега ја отфрлам можноста за испраќање германски војници во Ирак БЕРЛИН - Германија вчера соопшти дека не може да ја исклучи можноста за испраќање на свои војници во Ирак, напуштајќи го цврстото одбивање да се разгледа ...

ЗАГИНАА ТРОЈЦА АМЕРИКАНЦИ

Вечер Прес - 14.10.2004

Тројца војници на Соединетите Американски Држави загинаа завчеравечер во експлозија на мина, источно од Багдад, соопшти вчера американската војска. Војниците настрадале кога нивниот конвој минувал врз експлозивна направа поставена на патот.

Костов ја призна немоќта на Македонија во пронаоѓањето на 3-та кумановци

А1 - 13.10.2004

Премиерот Костов ја призна немоќта на Македонија да преземе конкретни чекори за пронаоѓање на тројцата киднапирани Македонци во Ирак. Единствената надеж за него се Американците. „Ние мораме да се потпреме на оние институции, кои што се таму, што значи на ирачките власти и на силите на САД, нивната ...

Тројца војници на САД загинаа во Ирак

А1 - 13.10.2004

Тројца американски војници загинаа синоќа при експлозија во источниот дел на Багдад, соопшти денеска Командата на силите на САД во Ирак. „Тројца војници загинаа синоќа во источен Багдад кога, во моментот додека минувал нивниот конвој, е активирана експлозивна направа“, се наведува во соопштението.

Турчин и Курд заедно убиени во Ирак

Време - 13.10.2004

УЖАС ВО ИРАК Тавхид вал Џихад, најопасната исламистичка група во Ирак, се закани дека ќе убие турски заложник ако не бидат ослободени сите затвореници во ирачките затвори и ако сите Турци што работат во Ирак не се вратат дома.

Сите кумановци од Ирак денеска се враќаат во земјава

Време - 13.10.2004

ЗАЕДНО СО РАБОТОДАВЕЦОТ ТАУНГА Триесетина кумановски работници во Ирак денеска треба да пристигнат на скопскиот аеродром, заедно со Серџио Таунга, нивниот работодавец од фирмата „Соуфан инженеринг“. Официјално, 30-темина се враќаат дома затоа што предвреме ги завршиле градежните работи за кои биле ...

Се бара мотивот за исчезнувањето на Македонците во Ирак

Дневник - 13.10.2004

СПОРЕД МИНИСТЕРОТ АВРАМОВСКИ Македонската Влада нема никакви сознанија за судбината на работниците што исчезнаа во Ирак, но комуникацијата со ирачките власти е интензивна, изјави вчера министерот за внатрешни работи Силјан Аврамовски.

Заклани Турчин и Курд во Ирак

Дневник - 13.10.2004

НОВА ЕГЗЕКУЦИЈА Ирачката исламистичка група "Армијата на Ансар ал суна" соопшти дека им ги отсекла главите на турскиот бизнисмен Махер Кемал и неговиот преведувач, Курд, кој живеел во Ирак, јави Ројтерс. На видеоснимката, која ја емитуваше катарската телевизија Ал џезира, милитантите велат дека тоа ...

Се уште нема никаква трага од киднапираните Македонци во Ирак

Утрински - 13.10.2004

Македонските државни органи и натаму немоќни да дознаат нешто за грабнатите кумановци Контактите со ирачките власти засега не даваат резултат, изјави министерот за внатрешни работи Судбината на тројцата киднапирани Македонци во Ирак и натаму е непозната за македонските органи и тие не само што не ...

Aврамовски ќе праќа експерт во Ирак за пронаѓање на Кумановците

А1 - 12.10.2004

4-ца Македонски војници добија медали за спасување на американски војници во Ирак. Но, неизвесно е кој ќе ги спаси тројцата градежници Далибор Лазаревски, Драган Марковиќ и Зоран Насковски киднапирани пред 52 дена во Багдад. Македонските власти за речиси за 2 месеци не успеаја да изнајдат ниту една ...