TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Експертскиот тим не го видел самиот чин на егзекуција

А1 - 24.10.2004

Во деталниот извештај кој го изготви експертскиот тим предводен од заменик министерот за надворешни работи Фуад Хасановиќ по враќањето од Катар, нема нови детали околу убиството на тројцата Кумановци. Нема информација кога Лазаревски, Насковски и Марковиќ се убиени, ниту пак како и кога видео ...

СВЕДОЦИТЕ НА КИДНАПИРАЊЕТО НЕ САКААТ ДА ЗБОРУВААТ

Канал5 - 24.10.2004

Очевидците на киднапирањето на тројцата кумановци, Mаријан Mанојловски и Борис Поповски и денеска не сакаат да зборуваат за трагичниот настан. Тие уште пред слетувањето на скопскиот аеродром заедно со останатите кумановци кои се вратија од Ирак се догов Очевидците на киднапирањето на тројцата ...

Двајцата сведоци не го виделе киднапирањето на кумановците

А1 - 23.10.2004

Двајцата кумановци, кои биле во истиот конвој со настраданите Лазаревски, Насковски и Марковиќ, не виделе како тројцата нивни колеги биле киднапирани во Ирак. Ова тие им го изјавија на полицијата, која ги испрашуваше веднаш по нивното пристигнување дома, на скопскиот аеродром вчеравечер.

Семејствата ги бараат телата и одговорност од Црвенковски, Костов и од Бучковски

Време - 23.10.2004

ПО ОФИЦИЈАЛНАТА ПОТВРДА ЗА СМРТТА НА КУМАНОВЦИТЕ Ивана Серафимова Далибор Лазаревски, Зоран Насковски и Драган Марковиќ, тројцата киднапирани кумановци во Ирак, се убиени. Ова вчера и официјално го потврди македонскиот експертски тим по анализа на видеозаписот од телевизијата „Ал џезира“ во Катар.

Зоран, Далибор и Драган се убиени

Утрински - 23.10.2004

Владините експерти ја потврдија автентичноста на снимката на Ал Џезира за ликвидацијата на тројцата Македонци Кумановците Далибор Лазаревски, Зоран Насковски и Драган Марковиќ се убиени во Ирак, потврдија владините претставници откако експертскиот тим кој престојуваше во Катар ја потврдил ...

Убиени тројцата!

Дневник - 23.10.2004

СТИГНА ИЗВЕШТАЈ за кумановците во ирак За Далибор Лазаревски и Зоран Насковски се претпоставува дека се погубени, а за Драган Марковиќ дека бил застрелан уште при киднапирањето Убиени се тројцата кумановци, Далибор Лазаревски, Зоран Насковски и Драган Марковиќ, кои во Ирак беа киднапирани уште во ...

За живите се полошо

Дневник - 23.10.2004

УВОДНИК - Тодор Пендаров Какво е ова "пристојно место за живеење" ако луѓето од него бегаат и во најризичните места на планетава? Како оваа држава се грижи за своите луѓе ако не ги удостојува ни со предупредување каде треба, а каде не треба да печалат? Далибор Лазаревски, Зоран Насковски и Драган ...

Роднините не сакаат да се помират со трагичните вести

Утрински - 23.10.2004

Семејствата Лазаревски, Насковски и Марковиќ ги бараат телата на своите најблиски како доказ за ликвидирањето во Ирак Семејствата Лазаревски и Насковски ги обвинуваат Бранко Црвенковски, Хари Костов и Владо Бучковски за смртта на Далибор и Зоран Столе Божиновски Жаклина Ѓорѓевиќ Куманово - ...

Далибор, Зоран и Драган се погубени

Време - 23.10.2004

СНИМКИТЕ ГО ПОТВРДИЈА НАЈЛОШОТО Тројцата кумановци Далибор Лазаревски, Зоран Насковски и Драган Марковиќ, кои беа киднапирани во август во Ирак, најверојатно се убиени, соопшти Владата на вчерашната прес-конференција. Според Владата, експертскиот тим што завчера беше испратен во Катар да ги провери ...

Смртоносни негрижата и ордените на Рамсфелд

Дневник - 23.10.2004

ТАГА И РЕВОЛТ ВО СЕМЕЈСТВАТА Одмаздата стигна по доделувањето ордени на наши војници што во Ирак спасувале Американци - вели таткото на Далибор Лазаревски Солзи, болка и тага од вчера живеат во домовите на тројцата кумановци чии животи згаснаа во Ирак.

Очај

Вест - 23.10.2004

ОФИЦИЈАЛНО ПОТВРДЕНО ДЕКА ТРОЈЦАТА КУМАНОВЦИ СЕ УБИЕНИ ВО ИРАК Таткото на Далибор Лазаревски, скршен од болка, со солзи во очите прашува како можеше Владата 60 дена да не стори ништо за откривање на вистината за тројцата киднапирани, а по објавувањето на снимките експрес Мојот син не го убија ...

ЛАЗАРЕВСКИ, НАСКОВСКИ И МАРКОВИЌ СЕ УБИЕНИ

Вечер Прес - 23.10.2004

Експертскиот тим на Владата ги идентификува телата на Далибор Лазаревски, Зоран Насковски и Драган Марковиќ на неемитуваната снимка на катарската телевизија "Ал Џезира". Според прелиминарниот извештај на видеоснимката се прикажани три усмртени тела.

МОЈОТ СИН БАРАШЕ ПОМОШ

Вечер Прес - 23.10.2004

КУМАНОВО, 23 ОКТОМВРИ. За мене не се убијци Ирачаните, туку македонските власти. Виновни се премиерот, претседателот и министерот за одбрана, изјави Љубе Лазаревски, татко на Далибор, еден од двајцата кумановци кои беа киднапирани, а потоа и убиени во Ирак.

Кобната вест на семејствата им била соопштена во 3 часот по полноќ

А1 - 22.10.2004

Кобната вест на семејствата Лазаревски, Насковски и Марковиќ им била соопштена во три часот по полноќ. Сите три семејства, собрани во домот на најмладиот, Далибор Лазаревски, го чекале премиерот Костов и министерот за внатрешни, Аврамовски, кој требал да им ја каже вистината.

Пристигнаа 19-те кумановци од Ирак

А1 - 22.10.2004

Веднаш по пристигнувањето на скопскиот аеродром, 19-те македонски работници час и половина беа во карантин. На луѓето од ДБК ги интересираа двајцата сведоци на киднапирањето и нивната приказна за тоа што се случило. Прашања и сугестии имаше и за другите 17 кумановци, но и за Серџо Тангума, кој ...

Македонскиот тим ја виде снимката

Утрински - 22.10.2004

Делегацијата на Македонија вчера пристигна во Катар и беше во арапската телевизија Ал Џезира Заменик-министерот за надворешни работи, Фуад Хасановиќ, вчера се сретна со уредувачкиот тим на катарската телевизија Ал Џезира, при што му било овозможено да ја види снимката на која оваа телевизија ...

Фуад доби копија од снимката со егзекуцијата

Време - 22.10.2004

КУМАНОВЦИ НА РАБОТА ВО ИРАК Ивана Серафимова <> Копија од видеолентата на која е прикажана егзекуцијата на кумановците Зоран Насковски и Далибор Лазаревски вчера и била предадена на македонската делегација што во Доха ја предводи Фуад Хасановиќ, заменик-министерот за надворешни работи.

ПОТВРДЕНО УБИСТВОТО НА ТРОЈЦАТА КУМАНОВЧАНИ ВО ИРАК

Канал5 - 22.10.2004

Прелиминарниот извештај на експертскиот тим, подготвен по визуелното прегледување на интегралниот снимен материјал потврдува дека на снимката на трите усмртени тела од Катарската телевизија Ал Џезеира се работи за Далибор Лазаревски, Зоран Насковски и Дра Прелиминарниот извештај на експертскиот ...

Кумановци ги оправдуваат сограѓаните што заминуваат за Ирак

Утрински - 22.10.2004

По веста дека не стивнува интересирањето за заминување во кризни региони "Лавовите" најмногубројни на списокот за пат во Ирак КУМАНОВО - И вчера во Куманово полицијата работеше на прибирање информации за идентификација на лицата кои се инволвирани како посредници за испраќање нова група работници ...

Семејствата први ќе дознаат што има на снимката

Дневник - 22.10.2004

МАКЕДОНСКИТЕ ЕКСПЕРТИ Ја ПРЕГЛЕДАА ВИДЕОлентата во катарската телевизиЈа АЛ ЏЕЗИРА Во американската база Ал-Асад во Ирак 19 Македонци уште чекаат да полетаат за Скопје Заменик-министерот за надворешни работи Фуад Хасановиќ и експертите од Министерството за внатрешни работи и од Агенцијата за ...

Хасановиќ со извештај ќе каже дали видел убиени кумановци

Вест - 22.10.2004

ЕКСПЕРТСКИОТ ТИМ НА МНР ЈА ПРЕГЛЕДАЛ ВИДЕО ЛЕНТАТА СО ЕГЗЕКУЦИЈАТА НА ДВАЈЦАТА МАКЕДОНЦИ Според изјавата на уредникот на катарската телевизија "Ал Џазира", членовите на македонскиот експертски тим биле ужаснати од тоа што го гледаат, ја прегледувале лентата речиси цел час и земале белешки и потоа ...

ТИМОТ СЕ ВРАЌА СО ТВ-ДОКАЗИТЕ

Вечер Прес - 22.10.2004

Егзекутираните на снимката на "Ал Џезира", најверојатно, се Далибор Лазаревски и Зоран Насковски. Како што неофицијално дознаваме, снимката на катарската телевизија вчера по имеил стигнала во Скопје и дел од нашите телевизиски ку- ќи веќе имале можност да ја видат и да ги препознаат егзекутираните, ...

Eкспертскиoт тим ја прегледа касетата

А1 - 21.10.2004

Македонскиот експерстки тим предводен од заменик министерот за надворешни работи Фуад Хасановиќ денеска ја прегледал целосната снимка од егзекуцијата на Далибор Лазаревски и Зоран Наскоски. Главниот уредник на арапската телевизија Ал Џезеира за А1 потврди дека Хасановиќ со уште двајца експерти ...

Семејствата се молат да заврши овој пекол

А1 - 21.10.2004

Изминува и овој ден, а семејствата Лазаревски и Насковски се уште немаат информации од македонските власти за тоа што тимот предводен од заменик министерот за МНР Фуад Хасановиќ го виде во телевизијата Ал Џезеира. Семејствата велат дека веќе ги издава силата, а неизвесноста ги убива.

Шмирер: „Се е можно во случајот со кумановците“

А1 - 21.10.2004

Втората дестинација на македонските експерти треба да биде Багдад. Таму ги чекаат во американската амбасада и кризното тело за заложници. Но никој од Македонска страна никој не најавил посета. „Не знам дали нашите колеги во Катар имале контакти со нив, но јас сум немал никакви контакти со нив“, ...

Кер престана да работи во Ирак по грабнувањето на шефицата

Вест - 21.10.2004

БАГДАД, 21 октомври (Ројтерс) - Една од најголемите хуманитарни агенции во светот "Кер интернешенал" го паузира работењето во Ирак и вчера соопшти дека може сосема да прекине да работи поради киднапирањето на ирачката менаџерка со британско потекло.

Во недостиг од докази, се ројат шпекулации за киднапираните

Утрински - 21.10.2004

Експерти денеска во Доха ќе ја проверуваат автентичноста на снимката на Ал Џезира Неуспешен вчерашниот обид да се направи безбедносен коридор за 19-те преостанати кумановци да заминат од базата "Ал Асад" за Скопје Сашко Димевски Македонската јавност и вчера не доби официјална потврда или демант на ...

Хуманитарна група ја прекина работата во Багдад

Утрински - 21.10.2004

По грабнувањето на Британката Маргарет Хасан БАГДАД - Киднапирањето на британски хуманитарен претставник во Ирак може да ја натера неговата организација Кеар Интернешенел да се повлече од Ирак, соопшти вчера директорот на организацијата.

Костов: Немавме никаква информација за локацијата на киднапираните

Утрински - 21.10.2004

ИЗЈАВА Во изминатите два месеца немавме никаква комуникацилија или информација од ирачките власти, која укажуваше за можната локација на киднапираните кумановци, изјави вчера премиерот Хари Костов.Тој денеска очекува од македонската екипа која замина за Ирак да ги добие првите информации по ...

Крај на ужасот или ужасен крај

Дневник - 21.10.2004

ШТО ЌЕ ВИДАТ МАКЕДОНСКИ ЕКСПЕРТИ НА СНИМКАТА ВО телевизиЈата АЛ ЏЕЗИРА во катар Денеска се очекува да дојдат 19 македонски работници од американската база "Ал-Асад" Македонската делегација, предводена од заменик-министерот за надворешни работи Фуад Хасановиќ, вчера попладне требаше да стигне во ...

Триесетина кумановци денеска ќе заминат за Ирак!?

Утрински - 21.10.2004

И покрај големата трагедија, во Куманово не спласнува интересирањето за работа на Блискиот Исток Вчера околу 13 часот од Службата за аналитика на СВР- Куманово известија дека имаат основани сознанија дека денеска за Кувајт ќе замине нова група од 30 работници, кои потоа требало да бидат ангажирани ...

Британските парламентарци против прераспределување на трупите во Ирак

Вест - 21.10.2004

ЛОНДОН, 21 октомври (АП) - Британскиот премиер Тони Блер вчера се соочи со револт од пратениците поради американското барање да се распоредат британски војници во близината на Багдад. 45 пратеници од кои 44 членови на владејачката Лабуристичка партија, потпишаа петиција со која бараат од Долниот ...

Митрева: Македонија не се повлекува од Ирак

Утрински - 21.10.2004

Шефот на македонската дипломатија по шокантните вести од Ирак ТАМАРА ГРНЧАРОСКА Она што им се случи на двајцата Македонци во Ирак не го доведува во прашање учеството на Македонија во Ирак и антитерористичката коалиција, изјави вчера министерката за надворешни работи на Македонија, Илинка Митрева.

Андов: Сите Македонци да се вратат дома

Време - 21.10.2004

Сите Македонци на работа во Ирак треба да се повикаат, да се соберат на исто место, во една база, и колку што е можно побрзо да им се обезбеди организирано враќање дома. Треба да се биде трпелив, а 19-те кумановци да не излегуваат од базата каде што се сместени додека не им се обезбеди враќањето - ...

СНИМКАТА ЌЕ СЕ ПРОВЕРУВА ДЕНЕСКА

Вечер Прес - 21.10.2004

Експертскиот тим на МНР денес ќе ја гледа видеолентата на која е прикажана егзекуцијата на Далибор Лазаревски и Зоран Насковски за да ја утврди нејзината автентичност. Тимот во главниот град на Катар - Доха пристигна вчера вечер по речиси 20 часовно патување преку Софија, Истанбул и Дубаи.

МАКЕДОНСКИТЕ ВОЈНИЦИ ОСТАНУВААТ ВО ИРАК

Вечер Прес - 21.10.2004

Она што се случи со киднапираните Кумановци не го доведува во прашање престојот на македонските војници во Ирак ниту, пак, учеството на Македонија во меѓународната антитерористич ка коалиција, изјави вчера министерката за надворешни работи Илинка Митрева која истакна дека до денес до македонските ...

Првите информации за Далибор и Зоран се очекуваат утре

А1 - 20.10.2004

Првите информации за судбината на Лазаревски и Насковски може да се очекуваат утре, откако експертскиот тим кој отпатува од Македонија за Катар ќе ја погледне снимката на која Ал Џезеира тврди дека се гледа егзекуцијата на македонските граѓани.

Семејствата на кумановците во очекување на вистината

А1 - 20.10.2004

Незнам како ќе го минеме овој ден, велат семејставата Лазаревски и Насковски кои утре очекуваат да ја слушната вистината за Далибор и Зоран. Дали тие се убиени како што објави телевизијата Ал Џезаира или снимката од егзекуцијата е монтажа.

Во Куманово нелегално се ангажираат работници за Кувајт

А1 - 20.10.2004

33-ца кумановци се подготвуваат за пат во Кувајт каде треба да работат како чувари и да обезбедуваат објекти. За таква работа потпишале договори, ветената плата била помеѓу 2 и 3.000 долари, а извадиле и лекарски уверенија. Но во полицијата се сомневаат дека кумановците може да бидат препратени и ...

Живо незаинтересирани

Дневник - 20.10.2004

Коментар - Тодор Пендаров Трагичниот крај на двајцата македонски заложници во Ирак, обезглавени од Исламската армија на Ирак, уште еднаш ја покажа целокупната неспособност на македонската држава да ги заштити своите граѓани, и дека уште помалку знае што да направи кога ќе се случат вакви трагедии.

Криминалци ги киднапирале Македонците, па ги продале на екстремисти?

Утрински - 20.10.2004

Причините за егзекуцијата на Лазаревски и Насковски остануваат нејасни во целиот хаос во Ирак Новозеландски весник тврди дека македонските власти преговарале за плаќање откуп Слободанка Јовановска Снимката за наводната егзекуција на двајцата Македонци, што ја емитуваше арапската телевизија Ал ...

Грабната раководителката на КАРЕ за Ирак

Време - 20.10.2004

ВО БАГДАД Маргарет Хасан, шеф на разгранокот на хуманитарната организација КАРЕ за Ирак, вчера била грабната во Багдад. Вчера немаше повеќе информации за грабнувањето и за тоа дали грабнувачите побарале откуп. Хасан е Ирачанка што 30 години работела на проекти во својата татковина.

Зоран беше семеен човек и голем домаќин

Утрински - 20.10.2004

Очај на Верка Насковска и нејзините две ќерки Зоран Насковски беше професионален возач со над 20-годишно работно искуство Само голема мака може да го натера човек како кумановецот Зоран Насковски да остави семејство и да тргне на опасен пат во потрага по корка леб, на простори на кои моментално се ...

Надежта се уште живее

Дневник - 20.10.2004

по веста дека се погубени дваЈца кумановци во ирак Власта се уште нема официјална потврда на трагичниот настан Семејствата на Далибор Лазаревски и Зоран Наскоски живеат во страв и неизвесноста за судбината на своите најблиски и се уште чекаат абер кој ќе ја демантира информацијата дека тие се ...

Од мака ставија глава в торба, а сега се молиме да се живи!

Време - 20.10.2004

Ивана Серафимова „Дали“ и „зошто“, „вистина ли е“, „мораше ли“, „кој е виновен“ се прашањата што во солзи ги поставуваат членовите на семејствата на Зоран Насковски, Далибор Лазаревски и на Драган Марковиќ, киднапираните кумановски работници во Ирак. „Чекаме некој да ни каже што се случува.

Британските сили ќе се селат поблизу до Багдад

Вест - 20.10.2004

ЛОНДОН, 20 октомври (АП) - Британската влада има "големо разбирање" за американското барање британските војници да бидат поместени поблиску со Багдад за да се ослободат американските сили за операциите за сузбивање на бунтовите, изјави вчера министерост за надворешна политика Џек Стро.

Македонски експерти одлетаа во Катар за да ја проверат вистинитоста

Време - 20.10.2004

ПО СНИМКАТА НА ТЕЛЕВИЗИЈАТА „АЛ ЏЕЗИРА“ Емил Зафировски Експертски тим од Македонија вчера попладне требаше да замине во Катар за да ја провери вистинитоста на видеоснимката емитувана од телевизијата „Ал џезира“, на која се Македонците Далибор Лазаревски и Зоран Насковски, за кои катарската ...

Семејствата Лазаревски и Насковски и овој ден го минуваат во неизвесност и очекување на официјална информација што се ...

Канал5 - 20.10.2004

Семејствата Лазаревски и Насковски и овој ден го минуваат во неизвесност и очекување на официјална информација што се случило со Далибор и Зоран. Велат, ќе преживаат до утре кога македонската делегација во Катар ќе им ја каже вистината за нивните бли Семејствата Лазаревски и Насковски и овој ден го ...

Војниците остануваат во Ирак

Дневник - 20.10.2004

владо БУЧКОВСКИ Нема директна врска помеѓу евентуалното погубување на двајцата кумановци и присуството на македонски трупи во Ирак, а одлука за повлекување или за промена на мисијата на контингентот може да донесе само Собранието, оцени вчера министерот за одбрана Владо Бучковски.

Снимката во Ал Џезеира ќе се прегледува утре.. Фуад Хасановиќ и експертскиот тим денот го минаа по аеродроми на ...

Канал5 - 20.10.2004

Делегацијата која рано наутро полета од Софија, со прелети преку Истанбул па Дубаи доцна вечерва треба да стигне во главниот град на Катар - Доха.. Оваа изјава заменик-министерот за надворешни работи ни ја даде денеска попладне додека тој и другит Делегацијата која рано наутро полета од Софија, со ...

Фуад Хасановиќ ќе ја бара видеоснимката од Ал џезира

Дневник - 20.10.2004

МАКЕДОНСКА ДЕЛЕГАЦИЈА ЗАМИНА ЗА КАТАР Се очекува денеска од Ирак со специјален лет да се вратат дваесетина Македонци Заменик-министер за надворешни работи, Фуад Хасановиќ, вчера попладне требаше да замине за Катар за да ја побара лентата од телевизијата "Ал Џезира" со снимка од наводното погубување ...

Опозицијата бара одговорност од Владата

Утрински - 20.10.2004

По веста за егзекуцијата на двајцата кумановци во Ирак ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Опозицијата вчера ја критикуваше Владата дека не успеала да стапи во контакт со терористичката организација во Ирак и да почнат преговори за ослободување на исечезнатите Македонци.

"Не направивте ништо да ги најдете"

Дневник - 20.10.2004

НЕИЗВЕСНОСТ И РЕВОЛТ ВО СЕМЕЈСТВАТА ЛАЗАРЕВСКИ И НАСКОСКИ Како можеше да не се покрене никаква истрага за нашите откако тие беа киднапирани, го прашаа семејствата заменик-министерот за надворешни работи Страв и неизвесност за судбината на своите најблиски од завчера владеат во семејствата на ...

Отидоа по пари за свадба

Вест - 20.10.2004

македонија во шок по ликвидацијата на кумановците во ирак Зоран и Далибор, идните дедо и зет, пред два и пол месеци заминале за Ирак за да спечалат пари и по враќањето да направат свадба, за да ја прослават долгогодишната љубов на Далибор и Билјана и да си ги ородат семејс Семејствата Лазаровски и ...

Интернет страница на која се објавени сите обезглавувања од исламската армија на Ирак

Канал5 - 20.10.2004

На оваа интернет страница се објавени сите досегашни егзекуции на заложниците на ,,Исламската Армија на Ирак,,. На 18 октомври – денот кога Ал Џезеира ја објави снимката од киднапираните македонци речиси истовремено на оваа интернет страница беше о На оваа интернет страница се објавени сите ...

Наместо свадба, плач во куќите на Лазаревски и на Насковски

Утрински - 20.10.2004

Веста на катарската телевизија Ал Џезира ги скамени срцата на семејствата на настраданите Далибор заминал за Ирак со својот несуден дедо Зоран за да заработи за свадба Жаклина Ѓорѓевиќ На улицата ?Правда Спасовска" број 40 во кумановската дива населба, од завчера се слушаат лелеци и плач.

Британската "Црна стража° се сели во Багдад?

Утрински - 20.10.2004

Предлогот на Пентагон за прераспределба на силите во Ирак ги вознемири Британците Воена команда во Ирак бара од британската војска дел од своите трупи сместени во реонот на Басра да се префрлат во Багдад Од нашиот дописник Томислав Ивановски ЛОНДОН - Информацијата дека американската воена команда ...

Негрижа за киднапираните

Дневник - 20.10.2004

реакции Пратениците со болка реагираа на веста за убиството на кумановците Зоран Наскоски и Далибор Лазаревски во Ирак. Опозициските пратеници ја обвинија власта дека нема капацитет да ги заштити македонските граѓани и побараа одговорност, а пратениците од владејачкото мнозинство сметаат дека ...

Кумановците влегле илегално во Ирак!

Утрински - 20.10.2004

Заминувањето на Македонците на работа во Ирак организиран хаос За да ги врати дома, МНР им вади излезни визи на работниците Слободанка Јовановска Иако македонската Влада пред два месеца објави предупредување до македонските граѓани да не патуваат во Ирак поради хаотичната и крајно опасна ...

Насковски и Лазаревски биле убиени уште во август?!

Дневник - 20.10.2004

Снимката со прошталните зборови на македонските државјани Зоран Насковски и Далибор Лазаревски и на бруталната егзекуција, објавена на катарската телевизија "Ал џезира", укажува на можноста злосторството да било извршено уште во август, неколку дена откако беа грабнати.

Шефицата на хуманитарната Кер грабната во Багдад

Вест - 20.10.2004

ЛОНДОН, 20 октомври (Ројтерс) - Добротворната оргзанизација "Кер интернешнл" соопшти дека нивната шефица на оперативата во Ирак бил киднапирана вчера во Багдад. Портпаролката на организацијата рече дека Мар ЛОНДОН, 20 октомври (Ројтерс) - Добротворната оргзанизација "Кер интернешнл" соопшти дека ...

Македонија со страв ги чека доказите за погубувањето

Утрински - 20.10.2004

Никој од надележните не ја потврдува егзекуцијата по веста на катарската телевизија Фуад Хасановиќ ќе ја прегледа снимката на Ал Џезира Сашко Димевски Веста за убиство на двајца Македонци во Ирак, пренесена завчера попладне од катарската телевизија Ал Џезира, македонските власти и вчера не беа во ...

Далибор не ми беше само внук, туку и другар

Утрински - 20.10.2004

Дедото Славко не може да поверува дека неговиот внук е убиен Секое утро, пред да тргне на работа со таксито, спортски ќе се поздравевме Дивата населба во Куманово е претежно со граѓани од албанско етничко потекло, но нема човек што не го познава семејството Лазаревски, чиј син Далибор, убаво 24 ...

Владата да ги повика Македонците да се вратат од Ирак

Време - 20.10.2004

ЛИБЕРАЛНА ПАРТИЈА Владата треба да ги повика македонските граѓани што работат во Ирак да ја напуштат таа земја и заедно со Американците да формира штаб што ќе ја забрза нивната евакуација. Тоа на вчерашната прес-конференција го побара лидерот на либералите Стојан Андов.

ОСТАНАТИТЕ КУМАНОВЦИ СЕ ВРАЌАААТ ДОМА

Вечер Прес - 20.10.2004

Деветнаесетмина Македонци, главно од Куманово кои, се; уште, се на работа во Ирак, попладнево со специјален лет се враќаат дома. МНР помага во нивното враќање, поради тоа што влегувањето во Ирак и заминувањето оттаму е исклучително тешко и опасно.

СЕМЕЈСТВАТА ЧЕКААТ ОФИЦИЈАЛНА ИНФОРМАЦИЈА

Вечер Прес - 20.10.2004

КУМАНОВО, 20 ОКТОМВРИ.- Шокантната вест објавена на катарската телевизиска мрежа "Ал Џезира", уште повеќе внесе немир кај семејствата на тројцата кумановци, Далибор Лазаревски (24), Зоран Насковски (48) и Драган Марковиќ (45).

Стејт департментот нема коментар за убиството

А1 - 19.10.2004

И денеска нема коментари од официјални лица на Стејт департментот во врска со свирепото убиство на двајцата Македонци во Ирак. Веста ја пренесоа кратко големите ТВ мрежи и весници, но без реакција на американските власти. Жалиме за трагичниот настан, но американското министерство за одбрана не е ...

Семејствата Лазаревски и Насковски се уште во очекување

А1 - 19.10.2004

Дали Далибор и Зоран се живи или кобната вест, која ја објави телевизијата Ал Џезеира, дека тие се убиени, е точна? Во ваква неизвесност од вчера живеат семејствата на Далибор Лазаревски и Зоран Насковски. Во очекување на официјална потврда или демант од Владата, семејствата велат дека слушаат ...

Андов: „Владата да повика Македонците да го напуштат Ирак“

А1 - 19.10.2004

Либералите денеска побараа од владата под итно да ги евакуира сите македонски државјани кои работат во Ирак и да забрани Македонци да заминуваат таму за да се спречи друга катастрофа. Андов смета дека владата вложила максимални напори за да ги пронајде тројцата киднапирани Кумановци, но и покрај ...

Костов ги посети семејствата на киднапираните

А1 - 19.10.2004

По едночасовната вечерна посета на премиерот Костов роднините на киднапираните кумановци во Ирак не дознаа ништо ново. Посетата се одвиваше далеку од медиумите, обезбедувањето на Костов ја отстрани екипата на А1 од пред куќата на Љубе Лазаревски, таткото на 24-годишниот Далибор киднапиран во Ирак.

Власта не успеа да утврди ниту како се киднапирани

А1 - 19.10.2004

За 57 дена меѓу киднапирањето на тројцата работници и веста на Ал Џезира македонските власти не дознаа ниту како се киднапирани, ниту пак смислија како тие да бидат ослободени. Првите денови од заложничката драма, во Ирак замина државен советник од МНР Игор Попов, се врати со празни раце.

Македонските власти се уште со празни раце за кумановците

А1 - 19.10.2004

Цели 24 часа по објавувањето на веста за егзекуцијата на Далибор Лазаревски и Зоран Наскоски македонските власти се уште со празни раце. Нема ниту, трага ни глас и од Драган Марковиќ, третиот киднапиран Македонец, чија судбина е се уште неизвесна.

Убиени двајца македонски заложници во Ирак?

Време - 19.10.2004

„АЛ ЏЕЗИРА“ ЕМИТУВА СНИМКА Ирачка бунтовничка група убила двајца македонски заложници, е веста што светските медиуми ја пренесоа од катарската телевизија „Ал Џезира“. Во македонското Министерство за надворешни работи се проверува веродостојноста на информацијата за убиството на двајца македонски ...

Погубени двајца Македонци

Утрински - 19.10.2004

Според тврдењата на телевизијата Ал Џезира Арапската телевизиска станица Ал Џезира објави вчера дека двајца Македонци биле егзекутирани од т.н. Исламска армија на Ирак поради обвинение дека „шпионирале во корист на американските сили“.

Ликвидирани двајца заложници од Македонија во Ирак

Вест - 19.10.2004

СПОРЕД АРАПСКАТА ТЕЛЕВИЗИЈА "АЛ ЏЕЗИРА" Никој во Македонија не може да каже за кои лица станува збор Милитантна група во Ирак соопштила дека убила двајца македонски заложници кои ги обвинила дека шпионирале за САД, информираа вчера новинските агенции Ројтерс и АП, повикувајќи се на арапската ...

Македонија во шок по веста од Багдад

Утрински - 19.10.2004

Никој не можеше да поверува во веста што вчера попладне стигна од Ирак Роднините немаа никакви информации од денот кога беа киднапирани Сашко Димевски Никој вчера попладне не можеше да верува во веста што поладнето пристигна од Заливот, преку извештајот на катарската телевизија Ал Џезира.

Далибор несуден зет на Зоран?

Дневник - 19.10.2004

Родителите на Далибор Лазаревски вчера ја виделе потресната снимка и го препознале својот син. Тие сега безнадежно чекаат само официјална потврда на информацијата. Далибор и Зоран Наскоски се поврзани на начин што уште повеќе ја зголемува трагедијата на двете семејства: Далибор бил момче на ќерката ...

Заклани двајца Македонци во Ирак

Дневник - 19.10.2004

СПОРЕД ТЕЛЕВИЗИЈАТА "АЛ ЏЕЗИРА" На снимката од егзекуцијата се прикажани кумановците Зоран Наскоски и Далибор Лазаревски Двајца македонски граѓани, кои, најверојатно, се кумановците Зоран Наскоски и Далибор Лазаревски, биле заклани од милитантната група Исламска армија во Ирак, која ги обвинила ...

Либерална партија и порачува на Владата да ги повика Македонците да се вратат од Ирак

Канал5 - 19.10.2004

Да ги собере сите податоци за бројот на Македонците што работат во Ирак и да забрани понатамошно регрутирање на Македонски државјани за работа во оваа земја. Тоа се заклучоците што Либералната партија бара да ги усвои кабинетот на Костов.

Катарската телевизиска куќа Ал Џезеира ќе им дозволи на македонските власти да ја видат во целост видео снимката

Канал5 - 19.10.2004

Катарската телевизиска куќа Ал Џезеира ќе им дозволи на македонските власти да ја видат во целост видео снимката на која го има чинот на егзегуција на двјацата македонски државјни, дел кој вчера не беше емитуван на телевизијата..

Семејствата Лазаревски и Насковски шокирани, Куманово во тага

Утрински - 19.10.2004

По дознавањето на веста за убиството на двајца Македонци во Ирак Жаклина Ѓорѓевиќ - Столе Божиновски Куманово - Шок, солзи и неверување на лицата на семејствата на киднапираните Далибор Лазаревски и Зоран Насковски, владееше сношти, неколку часа по дознавањето на веста од Ирак за егзекуцијата на ...

Нема веќе одмор за Британците

Време - 19.10.2004

БОРБИ ВО ИРАК Британските сили во Ирак се подготвуваат за прекоманда, од мирниот југ на земјата, кој досега го обезбедуваа, право во опасните краишта јужно од Багдад. Британија има повеќе од 9.000 војници во Ирак, кои се со база во јужниот шиитски град Басра.

ДВАЈЦА МАКЕДОНЦИ УБИЕНИ ВО ИРАК

Вечер Прес - 19.10.2004

Ирачка бунтовничка група убила двајца македонски заложници поради “шпионирање во корист на американските сили”, јави арапската телевизија Ал Џезира. Во македонското Министерство за надвореш ни работи се проверува веродостојноста на веста за убиството на двајца македонски заложници.

Семејствата Лазаревски и Насковски во неизвесност

А1 - 18.10.2004

Се уште трае неизвесноста на семејството на киднапираниот Далибор Лазаревски. Неговите најблиски се во очекување на било каква официјална вест за нивниот син Далибор, еден од двајцата убиени, за кои јави арапската телевизија Ал Џазеира или се работи за некои други Македонци.

Семејствата Лазаревски и Насковски минуваат низ вистински пекол

А1 - 18.10.2004

Откако ја слушнаа веста дека Далибор Лазаревски и Зоран Насковски се убиени, нивните семејства во отсуство на официјална потврда, минуваат низ вистински пекол. По првичниот шок, кога ја видоа фотографијата на нивниот син Далибор, објавена на медиумите, Љубе и Славица Лазаревски по 57 денови ...

Егзекутирани двајца од киднапираните кумановци во Ирак

А1 - 18.10.2004

„Се објавува дека двајца Македонци се погубени. Објавено е дека пред 2-3 месеци, Мухамеданците виделе дека тие помагаат на американски локации. Ирачаните нападнале и заробиле двајца. Мухамеданците им порачуваат на Американците дека заробените се егзекутирани на тајно место.

Фуад Хасановиќ во Куманово кај семејството Лазаревски

Канал5 - 18.10.2004

Нема официјална потврда дека Далибор Лазаревски и Зоран Насковски се убиени. Како претставник на државната власт не можам да се повикам на веста што ја објавија медиумите. Ова го изјави заменик-министерот за надворешни работи, Фуад Хасанович по едноч Нема официјална потврда дека Далибор Лазаревски ...

“АЛ ЏЕЗИРА”: УБИЕНИ ДВАЈЦА МАКЕДОНСКИ ЗАЛОЖНИЦИ ВО ИРАК

Канал5 - 18.10.2004

Двајца македонски државјани се убиени денеска во Ирак, јави катарската телевизија Ал-Џезеира.. На дел од снимката која ја емитувала оваа телевизија се гледаат двајцата заложници кои зборуваат пред камерата, а потоа и инсерт од нивните пасоши..