ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ И по две недели откако од грипот „велингтон“ почна да коси во Македонија, Републичкиот завод за здравствена заштита се уште регистрира по илјада новозаболени дневно. Така, според информациите на Заводот се регистрирани 18.799 болни, а само вчера имало нови 994 случаи.
ИЗОЛИРАН И ПОДВИД НА ВИРУСОТ Најмалку по илјада лица дневно заболуваат од грип во последните неколку дена, а до вчера се пријавени вкупно 16.800 случаи во целата земја. Најмногу грипозни има во Прилеп - 3.826 болни, Скопје - 2.900, Струмица - 2063, Битола - 1278 итн.
НАЈПОСЛЕ МЕРКИ ПРОТИВ ВИРУСОТ Бројот на болните од грип вчера достигна до 15.814 болни, а само во текот на понеделникот се регистрирани нови 5.610 заболени. Поради ваквото нагло зголемување на инфицирани од вирусот инфлуенца тип „А“, Републичкиот завод за здравствен заштита до Министерството за ...
Бројот на заболените од грип и натаму се зголемува. Според официјалните податоци на Републичкиот завод за здравствена заштита, заклучно со вчерашниот ден се евидентирани 15.860 случаи на оваа дијагноза, односно за 5.000 повеќе (поради викендот) во споредба со претходниот ден.
Прилеп На детското одделение во прилепската болница се бара кревет повеќе поради алармантната состојба со грипот. Само вчераутро биле примени 50 деца со грип и компликации, иако во одделението има место само за 39, информираат од болницата.
Нови 2.917 случаи на грип за време на викендот и денеска регистрирал Републичкиот завод за здравствена заштита. Само во еден ден, во петокот официјално се пријавени 1.176 новозаболени. Со тоа вкупниот број на заболени од грип се зголеми на 10.204 случаи не вклучувајќи ги новорегистрираните од ...
ПОРАДИ ПОВИСОКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ Зголемените температури и потоплиот бран што од петокот ја зафати Македонија нагло ќе го зголеми бројот на заболените од грип, предупредуваат епидемиолозите. Тие велат дека вирусот на инфлуенцата брзо се размножува и се шири кога надворешната температура е околу нулата.