TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Осма жртва на студот во Бугарија

Дневник - 08.01.2008

Студениот бран во Бугарија ја однесе и осмата жртва, иако состојбата на патиштата почна да се нормализира, а температурите да растат. Телото на 64-годишен чувар е пронајдено во саботата на подрачјето на градот Пазарџик, на југот на Бугарија, а претходно од студ починаа седум лица.

Студот и мразот блокираа се!

Вечер Прес - 08.01.2008

Голем дел од Бугарија се уште е парализиран поради невремето, а во централната област Сопот е прогласена вонредна состојба. Во Унгарија патиштата се оковани во мраз, железничкиот сообраќај е во застој, а автобусите сообраќаат со големи задоцнувања.

Вонредна состојба поради студот во Бугарија

А1 - 07.01.2008

Голем дел од Бугарија денеска е парализиран поради невреме, а вонредна состојба е прогласена и во централната област Сопот. Ова денеска го јавуваат бугарските медиуми, кои информираат дека во тој дел на државата се затворени училиштата, а властите ги советуваат граѓаните да не тргнуваат на пат, ...

Бугарија и Унгарија парализирани од студениот бран

Канал5 - 07.01.2008

Голем дел од Бугарија и денеска е парализиран поради невремето, а во централната област Сопот е прогласена вонредна состојба. Во Унгарија патиштата се оковани во мраз, железничкиот сообраќај е во застој, а автобусите сообраќаат со големи задоцнувања.

Вонредна состојба и затворени училишта поради студот во Бугарија

Макфакс - 07.01.2008

Софија Голем дел од Бугарија денеска е парализиран поради невреме, а вонредна состојба е прогласена и во централната област Сопот. Ова денеска го јавуваат бугарските медиуми, кои информираат дека во тој дел на државата се затворени училиштата, а властите ги советуваат граѓаните да не тргнуваат на ...