TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Добро е што во Брисел одиме договорени

Време - 12.02.2005

ПАРЛАМЕНТАРНАТА ОПОЗИЦИЈА ПРЕСРЕЌНА Добро е што и претставник на опозицијата ќе биде дел од владината делегација што задутре ќе оди во Брисел за да ги предаде одговорите на прашалникот на Европската Унија, заклучија претставниците на опозициските партии во Парламентот.

Андов потврди- оди во Брисел

Вест - 12.02.2005

Лидерот на Либералната партија и пратеник Стојан Андов, вчера се сретна со претставници на опозициските политички партии застапени во Парламентот, по повод предавањето на одговорите на прашалникот на Европската комисија во Брисел.

Андов ја пофали Владата што ја вклучи опозицијата за Брисел

Утрински - 12.02.2005

Опозициските претставници на брифинг кај лидерот на либералите Андов ја бранеше определбата на Владата во Брисел да отпатува многубројна делегација, а планираните трошоци по тој повод ги смета за вообичаени Опозицијата во државава е задоволна од најавите на Владата за нејзино поактивно вклучување ...

Опозицијата задоволна од власта

Дневник - 12.02.2005

ПРЕД ЗАМИНУВАЊЕТО ВО БРИСЕЛ Опозицијата е задоволна што ќе биде застапена при предавањето на одговорите на европскиот прашалник во Брисел и очекува да биде вклучена во преговорите за зачленување на Македонија во ЕУ. Стојан Андов, лидер на ЛП и пратеник, вчера ги информираше опозициските пратеници ...

Пратениците не се јавност

Вечер Прес - 12.02.2005

Паѓаат ѕидиштата меѓу опозиционите партии и власта, изјави Стојан Андов на средбата со претставниците од опозиционите пратенички групи во Собранието, не криејќи го задоволството од изборот на Премиерот, токму тој да ја претставува опозицијата при предавањето на одговорите во Брисел.

Андов бара да се намали конфликтот меѓу опозицијата и позицијата

А1 - 11.02.2005

Еден од најголемите критичари на последните социјалдемократски влади, либералот Стојан Андов, денеска со изненадувачки конструктивен настап во Собранието. Јавно застана зад идејата, конфликтот меѓу опозицијата и позицијата да се сведе на минимум.

Опозицијата на координација кај Стојан Андов, последна пред неговото заминување за Брисел.

Канал5 - 11.02.2005

Опозицијата на координација кај Стојан Андов, последна пред неговото заминување за Брисел.. Либералот ќе биде опозицискиот претставник на чинот на предавањето на одговорениот евро-прашалник в понеделник.. Како ретко кога власта и опозицијата сложни за зач Опозицијата на координација кај Стојан ...

Партиите потпишаа пакт за во Европа

Време - 10.02.2005

ПО ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА КАЈ ПРЕМИЕРОТ БУЧКОВСКИ Боби Христов Да се формира посебен национален совет за евроинтеграции на парламентарните партии раководен од опозицијата, а интелектуалците, експертите и невладиниот сектор да се здружат во посебен национален форум се двете клучни одлуки што ги донесоа ...

Се формира "Коалиција за Европа"

Вест - 10.02.2005

Парламентарните политички партии на Собранието ќе му предложат да донесе одлука за основање национален совет за евроинтеграции, кој ќе претставува "Коалиција за Европа", со задача да даде свој придонес во подготовките за членство на Македонија во Европската унија.

Потврден консензусот за ЕУ

Утрински - 10.02.2005

Премиерот Бучковски се сретна со лидерите на политичките партии околу предавањето на одговорите на прашалникот Партиите потпишаа заедничка изјава за евроинтеграциите Борис Георгиевски Парламентарните политички партии постигнаа консензус за заедничко дејствување во процесот на подготовките за ...

Андов на предавањето на одговорите во Брисел

Дневник - 10.02.2005

ПРЕМИЕРОТ И ПАРТИИТЕ СЕ ДОГОВОРИЈА Лидерот на Либералната партија Стојан Андов ќе ја претставува опозицијата при предавањето на одговорите на европскиот прашалник во Брисел, беше решено на вчерашната средба на премиерот Владо Бучковски со претседателите на 14 парламентарни политички партии.

Опозицијата ќе и припомага на Владата

Вечер Прес - 10.02.2005

Парламентарните политички партии вчера постигнаа консензус за заедничко дејствување во процесот за зачленување на Република Македонија во Европската унија, за што наскоро ќе се конституираат две нови тела: Национален совет и Национален форум.

Власта и опозицијата формираа Коалиција за Европа

А1 - 09.02.2005

Сите до една од повиканите парламентарните политички партии ставија параф на документот со кој е постигнат политички консензус на патот до членство во Европската унија. По угледот на Хрватска и Словенија овој модел премиерот им го понуди на политичките партии со цел во Брисел да покаже дека во ...

Бучковски ќе им бара „еврозаклетва“ на партиските лидери

Време - 09.02.2005

ПАРТИИТЕ НА РАБОТЕН СОСТАНОК КАЈ ПРЕМИЕРОТ Претставници на 14 парламентарни политички партии денеска ќе се сретнат со премиерот Владо Бучковски на работен состанок, од кој се очекува заедничка изјава за евроинтеграциите на Македонија, како и договор како власта и опозиција во иднина да ја подобрат ...

Власта и опозицијата во Македонија денеска склучија коалиција за Европа..

Канал5 - 09.02.2005

Тоа е неформалното име за формалното тело кое наскоро ќе се основа со одлука на парламентот.. Станува збор за национален совет за евроинтеграции со кој ќе раководи претставник од опозицијата.. Договорот беше направен на денешниот состанок во премиерск Тоа е неформалното име за формалното тело кое ...

Консензус за членството во ЕУ

Макфакс - 09.02.2005

Скопје Изјава за заедничко дејствување во процесот на подготовки за полноправно членство на Македонија во Европската унија, потпишаа денеска во Скопје лидерите на сите парламентарни партии во земјата. ’Парламентарните партии го гледаат членството на Македонија во ЕУ како израз на консензуална ...

Партиските лидери поканети на средба со Бучковски

Макфакс - 09.02.2005

Скопје Премиерот Владо Бучковски ги повика лидерите на парламентарните партии денеска да одржат средба посветена на европрашалникот и договарањето заедничка стратегија за подготовките на земјата за членство во ЕУ. На средбата, како што е соопштено, ќе биде предложена заедничка изјава за ...

Владата бара консензус од опозицијата за евроинтеграциите

Утрински - 08.02.2005

Премиерот испрати писмо-покана за средба со 13 лидери По повод утврдувањето на одговорите на прашалникот на Европската комисија, премиерот Владо Бучковски вчера испрати писмо до лидерите на уште 13 парламентарни партии од државата за средба во Владата.

Заеднички одговор на европрашалникот

Дневник - 08.02.2005

БУЧКОВСКИ ГИ КАНИ ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ПАРТИИ Премиерот Владо Бучковски ги повика парламентарните политички партии утре да договорат заедничка стратегија за европрашалникот, односно за подготовките на Македонија за членство во ЕУ.

Бучковски ги кани парламентарните партии на средба за евроинтеграциите

А1 - 07.02.2005

Премиерот ги кани парламентарните политички партии да помогнат во процесот на евроинтеграција. На средбата, закажана за в среда во Владата, Бучковски ќе предложи конкретни форми, преку кои сите партии поактивно би се вклучиле во процесот на приближување кон ЕУ.

Премиерот Владо Бучковски ги кани сите 13 парламентарни партии да потпишат изјава за заедничко делување

Канал5 - 07.02.2005

Премиерот Владо Бучковски ги кани сите 13 парламентарни партии да потпишат изјава за заедничко делување во подготовките на Македонија за полноправно членство во Европската унија.. Во пресрет на предавањето на одговорениот прашалник за една седмица во Премиерот Владо Бучковски ги кани сите 13 ...