TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Собранието ја избра Државната изборна комисија

А1 - 15.04.2006

Македонското Собрание со 80 гласови „за“ синоќа го избра составот на Државната изборна комисија за претстојните парламентарни избори. Изборот, покрај владеачките СДСМ, ДУИ и ЛДП го поддржаа и пратениците од опозицијата ВМРО ДПМНЕ, ВМРО-НП и Либералната Партија, додека опозиционата ДПА не ...

Хаос пред изборот на новата ДИК

Време - 15.04.2006

ПРАТЕНИЧКА РАСПРАВА Пратениците вчера доцна попладне едвај успеаја да почнат посериозна расправа за изборот на новиот составна ДИК, бидејќи претходно ВМРО-ДПМНЕ предложи нови членови, наспроти инсистирањата на мнозинството да остане предлог-листата од комисијата за избори и именувања.

ВМРО-ДПМНЕ не успеа да ги елиминира партиските луѓе на ДИК

Утрински - 15.04.2006

Партијата на Никола Груевски со амандмани сакаше да го смени составот на Државната изборна комисија Владејачкото мнозинство, заедно со ВМРО-Народна, остана на предлог-листата на ДИК што ја утврди Комисијата за избори и именување.

ВМРО-ДПМНЕ бара смена на четворица од ДИК

Дневник - 15.04.2006

Од новиот состав на Државната изборна комисија вчера неоспорни беа само претседателот Јован Јосифовски и неговиот заменик Субхи Јакупи. ВМРО-ДПМНЕ побара да се сменат четворица кандидати за членови на ДИК, бидејќи не ги исполнувале критериумите од конкурсот и бидејќи биле партиски војници.

ВМРО-ДПМНЕ не успеа да го смени составот на ДИК

Вечер Прес - 15.04.2006

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ не успеа на вчерашната седница да го промени предложениот состав на Државната изборна комисија. Претседателот на Комисијата за избори и именувања, Каме Петров, ги одби нивните амандмани, со кои се бараше, кандидатот за член на ДИК, Александар Новаковски, секретар во ...

Пратениците ги изгласаа членовите на ДИК

А1 - 14.04.2006

Конечно Државна изборна комисија. По бројни паузи и консултации меѓу пратеничките групи, пратениците ги изгласаа членовите. Претседател е Јован Јосифовски, потпретседател е заменик министерот за правда Субхи Јакупи, членови Александар Новаковски, Снежана Калеска, заменик министерот за локална Тања ...

Европската комисија се сомнева дека ДИК е партизирана

Утрински - 14.04.2006

По меѓупартиските обвинувања, новиот состав на ДИК на тапет и кај европските претставници Од Европската комисија очекуват од ДИК да работи професионално и непристрасно БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ Во пресрет на денешниот избор на новите членови на Државната изборна комисија, мисијата на Европската комисија во ...

ДИК без гласовите од ВМРО-ДПМНЕ

Дневник - 14.04.2006

Неизвесно е дали денеска ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за изборот на новиот состав на ДИК, иако е речиси извесно дека и без нивната пратеничка група Собранието ќе го обезбеди потребното двотретинско мнозинство. Партијата на Никола Груевски вчера попладне требаше да се координира за тоа прашање.

Претеничките групи повторно незадоволни од новиот состав на ДИК

Канал5 - 14.04.2006

Новиот состав на Државната изборна комисија ги спротивстави пратеничките групи. ВМРО ДПМНЕ бараше нови лица, СДСМ ги бранеше, а ВМРО Народна обвини дека со партиски договорања СДСМ и ВМРО ДПМНЕ ја дерогирале улогата на Собранието. Доцна попладнево пратениците го изгласаа составот на ДИК.

Парламентот ќе расправа за составот на ДИК

Канал5 - 14.04.2006

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 133-та седница на која единствена точка на дневниот ред е усвојување на Предлог одлуката за избор на претседател, заменик и членови на Државната изборна комисија. Скопје, 14 април (МИА) - Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи ...

Власта ја партизира ДИК

Време - 13.04.2006

ВМРО-ДПМНЕ Предложената листа на членови за Државната изборна комисија (ДИК) е доказ дека СДСМ го спроведува планот за целосна партизација на власта, објави ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната прес-конференција. Во партијата тоа го сметаат за доказ дека премиерот Владо Бучковски и СДСМ немаат намера да ја ...

ВМРО-ДПМНЕ се закани дека нема да гласа за ДИК

Утрински - 13.04.2006

Собрание Партијата на Груевски инсистира на поединечно гласање за ДИК ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Пред утрешната собраниска седница за изборот на Државната изборна комисија, ВМРО-ДПМНЕ се закани дека нема да гласа за новиот состав на ДИК доколку не се прифати нивното барање за поединечно изјаснување за ...

Јавен циркус за ДИК

Дневник - 13.04.2006

Со новиот состав на Државна изборна комисија, која е збир на претходно договорени партиски кадри, што најверојатно утре без проблем ќе помине во Собранието, политичарите само уште еднаш докажаа дека не се кадарни или не сакаат вистински реформи.

Биографиите кажуваат се' за ДИК

Дневник - 13.04.2006

Усвоената предлог-листа за членови на Државната изборна комисија од Собраниската комисија за избори и именувања е доказ дека СДСМ го спроведува планот за наполна партизација на изборите, смета ВМРО-ДПМНЕ. - Иако СДСМ се обидува да ги претстави предложените членови на ДИК како непартиски, ...

Ем партиски, ем стручни

Вест - 12.04.2006

СОСТАВЕНА ЛИСТАТА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ И ЧЛЕНОВИ НА ДИК Претседателот на Комисијата за избори и именувања Каме Петров призна дека имало политичко влијание при утврдувањето на листата за ДИК оти неа треба да ја гласаат 80 пратеници од разни политички партии во Собранието Собраниската Комисија за избори и ...

Професионалната комисија составена со партиски пазарења

Време - 12.04.2006

ИЗБРАНИ СЕДУМТЕ ФАВОРИТИ Власта се обидува да го партизира новиот состав на ДИК, обвини дел од опозицијата, коментирајќи ја предлог-листата од седум кандидати што вчера им беше понудена на членовите на собраниската комисија за избори и именувања.

Подготвен сум да го издржам политичкиот притисок

Утрински - 12.04.2006

КАНДИДАТ "Очекувам поостри реакции за моето именување за претседател на ДИК, но психолошки сум подготвен да го издржам тој притисок и обиди за компромитација, бидејќи моето убедување е да работам строго според законските прописи и компетентно", изјави за медиумите Јован Јосифовски по утврдувањето ...

ВМРО-ДПМНЕ се чувствува изиграна за ДИК

Утрински - 12.04.2006

Утврдена листата од седум кандидати за новиот состав на Државната изборна комисија ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА ВМРО-ДПМНЕ се чувствува изиграна за составот на Државната изборна комисија и вчера не гласаше за листата на членови на ДИК што ја утврди Комисијата за избори и именување, бидејќи се уверени дека ...

Наместо професионалци, познати партиски кадри

Дневник - 12.04.2006

Претседателот на Комисијата за избори и именувања Каме Петров призна дека не можеле да ја избегнат политизацијата при изборот на кандидатите, бидејќи ДИК се избира со двотретинско мнозинство Јован Јосифовски за претседател на Државната изборна комисија, Субхи Јакупи за заменик и Александар ...

ВМРО-ДПМНЕ: Усвоената листа со кандидатите за членови на ДИК обид за партизација на власта

Канал5 - 12.04.2006

Усвојувањето на предлог листата за членови на Државната изборна комисија од страна на собраниската Комисија за избори и именувања е доказ дека СДСМ го спроведува планот за потполна партизација на власта, смета ВМРО-ДПМНЕ. Скопје, 12 април (МИА) - Усвојувањето на предлог листата за членови на ...

Не сум партиски човек

Вечер Прес - 12.04.2006

Советникот во Собранието на РМ, Јован Јосифовски, е предлогот на опозицијата за претседател на Државната изборна комисија, со кој се согласи и власта. Неговата кандидатура вчера беше поддржана од собраниската Комисија за избори и именувања, но конечната верификација од парламентарното мнозинство се ...

ВМРО-ДПМНЕ нема свој член во ДИК

А1 - 11.04.2006

Државната Изборна Комисија е комплетна. Извиси само ВМРО-ДПМНЕ, нема свој член во ДИК. Меѓу шесте членови нема ниту еден професионалец. Сите се партиски луѓе. Четворица на власта, двајца на опозицијата. На списокот се: ВМРО-ДПМНЕ обвини дека комисијата за избори и именувања е имитација на ...

Јордановски ја чека ДИК за да закаже гласање

Време - 11.04.2006

ОДБРОЈУВАЊЕ ПРЕД ПОЧЕТОКОТ НА ИЗБОРНАТА ТРКА Александра М. Митевска Спикерот Љупчо Јордановски ќе ги распише изборите, откако Собранието ќе го избере новиот состав на ДИК, на седница што се очекува да почне в петок. На конкурсот за членови на ДИК се пријавиле 35 кандидати, главно правници со ...

ДИК-тиран конкурс

Време - 11.04.2006

АЛЕКСАНДРА М. МИТЕВСКА Зошто да биде просто, кога може да биде сложено? Тоа, се чини, е девизата што ја употребија политичките лидери, обидувајќи се да не залажат дека претстојните избори ќе ги организира професионална и деполитизирана изборна власт.

Заменик-министрите во игра за членови на ДИК

Утрински - 11.04.2006

Државната изборна комисија, сепак, партиски се екипира Резултатот од изборите е неизвесен, па членството во ДИК е посакувано На јавниот конкурс за членови на Државната изборна комисија се пријавиле и високи државни функционери - заменик-министри, државни секретари од редовите на СДСМ и на ДУИ.

Не се плашам од притисоци

Дневник - 11.04.2006

Треба да им е јасно на сите партиски лидери дека претседателот на ДИК мора да е непристрасен, вели Јосифовски Државниот советник во Собранието Јован Јосифовски деновиве, буквално преку ноќ, од анонимен службеник стана најинтересната личност за јавноста.

ДПА ќе го спори Јакупи за втор човек на ДИК

Дневник - 11.04.2006

Во ДУИ се сигурни дека ДПА ќе „си легне на брашното“ бидејќи, во спротивно, тие ќе го проблематизирале нивниот предлог Џемаил Саити за член на ДИК Откако власта и опозицијата се договорија Јован Јосифовски да биде предложен за прв човек на Државната изборна комисија, неизвесно е дали ...

Утврден предлог составот на ДИК

Канал5 - 11.04.2006

За 24 часа комисијата за избори и именувања го стокми составот на ДИК. И покрај декларативните заложби за професионализација, партиите ги делегираа своите членови За 24 часа комисијата за избори и именувања го стокми составот на ДИК.

ДПА против Субхи Јакупи да биде потпретседател на ДИК

А1 - 10.04.2006

Откако Бучковски и Груевски одвај се договорија за претседателот на ДИК, во ДПА најавуваат дека ќе нема да се сложат Субхи Јакупи да биде потпретседател. Бил партиски и владин функционер на ДУИ, велат во ДПА. Од ДУИ возвраќаат, доколку Јакупи биде оспорен, тие ќе го блокираат кандидатот на ДПА, екс ...

Јосифовски им се погоди

Вест - 10.04.2006

ГРУЕВСКИ И БУЧКОВСКИ СЕ ДОГОВОРИЈА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДИК Јован Јосифовски, државен советник во Собранието на Република Македонија е кандидатот за претседател на Државната изборна комисија, кого премиерот Владо Бучковски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски го договорија на завчерашната средба.

Јован Јосифовски претседател на ДИК

Време - 10.04.2006

БУЧКОВСКИ И ГРУЕВСКИ СЕ ДОГОВОРИЈА Јован Јосифовски, државен советник во Собранието, е кандидатот за претседател на Државната изборна комисија (ДИК) што на завчерашната средба го договорија премиерот Владо Бучковски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Парламентот в петок ќе го избира новиот состав на ДИК

Утрински - 10.04.2006

Власта и опозицијата се договорија за челната позиција во Државната изборна комисија Бучковски и Груевски неколку часа пред истекот на законскиот рок се договорија Јован Јосифовски од собраниските служби да биде новиот претседател на ДИК ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Македонскиот парламент в петок ќе го избира ...

За роденден номинација за шеф на ДИК

Утрински - 10.04.2006

Јован Јосифовски, кандидат за претседател на ДИК Секретарот на собраниската Комисија за политички систем, Јован Јосифовски, два дена пред неговиот 58. роденден ја доби понудата од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, а потоа и визата од премиерот и лидер на СДСМ, Владо Бучковски, да се кандидира ...

Јован Јосифовски - претседател на ДИК

Дневник - 10.04.2006

Јосифовски има триесетгодишно работно искуство, од кое 20 години во разни служби во Собранието. Моментно е државен советник во Собранието. Бучковски го одби првичниот предлог на Груевски - тоа место да го добие претседателката на Хелсиншкиот комитет, Мирјана Најчевска.

Професионализација на државната изборна комисија со партиски кандидати

Канал5 - 10.04.2006

Триесет и седум се кандидирале за седум места во ДИК. Правници, адвокати, судии, но и заменици – министри. Селекцијата ќе ја направи, задача на Комисијата за избори и именувања. Но, уште на стартот критики за партиската припадност на дел од пријавените кандидати и покрај концептот за ...

Јован Јосифовски претседател на ДИК

Вечер Прес - 10.04.2006

Јован Јосифовски е новиот претседател на Државната изборна комисија. Тој беше предложен од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, а ја доби и поддршката и од премиерот и претседетел на СДСМ, Владо Бучковски. По договорот меѓу двајцата лидери, Јосифовски, кој работи како државен советник во ...