TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Побарано известување од Грција за убиството на калуѓерките

Дневник - 13.06.2007

Македонската амбасада во Грција вчера официјално побарала да биде известена за двајцата македонски државјани што се осомничени за убиство на две грчки калуѓерки, што се случило во април во женскиот манастир „Артокостас“. Во текот на вчерашниот ден грчките власти не испратиле известување ниту до ...

Македонската амбасада се уште не знае ништо за уапсениот Македонец

Вечер Прес - 13.06.2007

Четири дена по апсењето на македонскиот државјанин осомничен за убиството на двете калуѓерки во манастир во Грција, грчките власти молчат. "Нашата амбасада, вчера, официјално побара соопштение за случајот, иако тоа требаше тие самите да го испратат, но се уште нема никаков одговор од грчка страна" ...

Грк и двајца Македонци задушиле две калуѓерки

Време - 12.06.2007

РАСВЕТЛЕНО УБИСТВО ВО ГРЦИЈА Грчки провалник познат на тамошната полиција и уште двајца македонски државјани ги убиле двете калуѓерки во манастирот „Успение на Богородица Артокоста“ на Пелопонез, во Грција, во текот на април годинава, соопшти грчката полиција. Гркот и едниот Македонец биле уапсени.

Двајца Македонци убиле калуѓерки на грчкиот остров Пелопонез

Утрински - 12.06.2007

Полицијата го уапсила едниот Македонец, додека другиот се претпоставува дека пребегал во земјава Македонец и Грк се уапсени во Грција поради убиство на калуѓерки во манастирот „Артокостас“ во близина на градот Астрос на источен Пелопонез.

Македонци уапсени за убиство на калуѓерки во Грција

Дневник - 12.06.2007

Двајца македонски државјани се уапсени под сомнение дека во април годинава убиле две грчки калуѓерки и украле 20.300 евра, 3.000 долари, 21 златна монета , изложени икони и вреден крст Грчката полиција деновиве уапсила двајца македонски државјани и еден Грк под сомнение дека пред околу два месеца ...

Еден македонски државјанин е уапсен, а друг е во бегство

Вечер Прес - 12.06.2007

Со перниците на кои спиеле арамиите ги угушиле калуѓерките Макрина (86) и Макариа (83), по што од манастирот ги зеле вредните икони, 21 златен сувенир, скапоцен крст, 20 илјади евра и 3,5 илјади американски долари Двајца македонски државјани и еден Грк се осомничени за убиство на две калуѓерки во ...

Двајца Македонци учествувале во убиство во грчки манастир

А1 - 11.06.2007

Двајца македонски државјани учествувале во грозоморно убиство на две 80-годишни калуѓерки во манастир во Грција. Ова е веста која денеска ја објавија грчките медиуми. Убиството се случило на 24 април, врз калуѓерките во манастирот Артокоста кај градот Астрос на Пелопонез.