TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Катастрофална година за бизнисот со млеко

А1 - 10.06.2006

Катастрофална година за бизнисот со млеко. Млечната криза и евтиното увозно млеко ги уништи млекопроизводителите. Решение за вишокот млеко Владата не успеаја да најде. И годинава ги остави фармерите сами да се справуваат. Не само што не им помогна, туку уште повеќе им го загрози бизнисот.

Ќе се утврдува потеклото на босанското млеко

Дневник - 09.06.2006

Владата не воведе царина за млекото што доаѓа од Босна и Херцеговина, туку им нареди на надлежните државни органи да ја посетат тузланската млекарница за да утврдат дали спорното млеко е словенечко или босанско. Од Владата завчера соопштија дека постои основано сомневање дека увезеното млеко од ...

Владата во Тузла ќе испитува какво млеко увезува

Време - 09.06.2006

НАМЕСТО ДА ГО ЗАБРАНИ Владата нема да го забрани увозот на босанското млеко, а владини претставници допрва ќе го испитуваат потеклото на млекото увезено од босанската фабрика во Тузла. Премиерот, иако најави дека ќе има забрана, на завчерашната седница само им наложи на Санде Џамбазовски, ...

БиХ го крши договорот за слободна трговија?!

Вечер Прес - 09.06.2006

Претставници од Министерството за земјоделство и од Царината ќе заминат во Босна и Херцеговина, во инспекција на млекарницата во Тузла, за да утврдат дали оттаму наместо босанско се увезува словенечко алпско млеко. Владата завчера на седница ја донесе оваа одлука поради сомнеж дека БиХ ја крши ...

Млекарницата од Тузла тврди дека нема злоупотреба со млекото.

А1 - 08.06.2006

Млекарницата од Тузла тврди дека нема злоупотреба со млекото. Реагира по вчерашната владината одлука во Босна да се испрати тим кој треба да утврди дали е прекршен договорот за слободна трговија со Босна по основаните сомневања дека увезеното млеко од Босна е со потекло од словенија.

Босанското млеко ќе се увезува со царина

Утрински - 08.06.2006

Мерка Босанското млеко кое досега во земјава влегуваше без царина, согласно со Договорот за слободна трговија, отсега ќе се увезува со царина, информираат од Царинската управа. Оваа одлука е донесена откако се увидело дека резултатите од испитувањето на потеклото на босанското млеко не ги ...

Царината откри дека босанското млеко не е од БиХ

Дневник - 08.06.2006

Босанското млеко во земјава треба да се увезува со плаќање полна царина. Ваква препорака вчера донесе Царинската управа, а се очекуваше таа да биде прифатена и од Владата на седницата што се одржа вчера доцна попладнето. Испитувањата на Царината за потеклото на босанското млеко покажале дека тоа не ...

По ригорозна контрола на млекото од БиХ за да се избегне можноста за манипулации за неговото потекло

Канал5 - 08.06.2006

Босанското млеко ќе се увезува со поригорозна контрола. Македонската Царина по препорака на Владата воведува депозит кој треба да се плати за увезеното млеко од Босна. Ова ќе се применува се додека целосно не се испита потеклото на млекото информираат од царината.

Истрага за увозот на млекото од БиХ

Макфакс - 08.06.2006

Скопје Владата на Македонија нареди спроведување на истрага за утврдување на млекото увезено од тузланската млекара во Босна и Херцеговина (БиХ). „Постои основано сомнение дека увезеното млеко е Алпско млеко со потекло од Словенија“, се наведува во соопштението од владината седница, дистрибуирано ...

Владата ќе го преиспитува увозот на босанското млеко

А1 - 07.06.2006

Владата наместо да го забрани, допрва ќе го преиспитува увозот на босанското млеко. Ваквиот владин став доаѓа по неколкумесечното предупредување на млекопроизводителите дека млекото што се внесува од Босна е всушност словенечко, а само се пакувало во Тузла.

Во маркетите се продава алпско млеко произведено во БиХ

Утрински - 07.06.2006

За првите шест месеци од годинава во земјава се влезени 3 милиони литри млеко од БиХ АЛЕКСАНДРИЈА СТЕВКОВСКА Во скопските маркети може да се набави „алпско млеко“ на „Љубљанске млекарне“ кое, според приложената производствена декларација, е произведено во Босна и Херцеговина, поточно во Тузла, од ...

Се дига рампа за босанското млеко?

Дневник - 07.06.2006

До јуни годинава во земјава влегле три милиони литри млеко од Босна, а надлежните служби го испитуваат нивното потекло поради сомневањата дека тоа е словенечко Слободниот увоз на млеко од Босна и Херцеговина во земјава е доведен во прашање.

Владата нареди истрага за млекото од БиХ

Макфакс - 07.06.2006

Скопје Владата на Македонија нареди спроведување на истрага за утврдување на млекото увезено од тузланската млекара во Босна и Херцеговина (БиХ). „Постои основано сомнение дека увезеното млеко е Алпско млеко со потекло од Словенија“, се наведува во соопштението од владината седница, дистрибуирано ...

Утре ќе се забрани увозот на босанско млеко?

Утрински - 06.06.2006

Постојат сомневања дека се увезува алпско млеко, препакувано во Босна Утре ќе се забрани увозот на босанско млеко доколку се потврдат сомневањата дека во земјава, всушност, се увезува алпско млеко, препакувано во Босна, во млекарницата во Тузла, најави премиерот Владо Бучковски.