TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Ахмети влегува, Тачи се мисли

Време - 28.06.2008

ПРОДОЛЖУВААТ ПРЕГОВОРИТЕ Со вчерашните одделни средби со лидерите на ДУИ и на ДПА, Мендух Тачи и Али Ахмети, мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ ги продолжи разговорите за проширување на владиното мнозинство. Официјално, најмалку една албанска партија ќе се најде во новата влада.

Не прифаќаме решение славомакедонија или ПЈРМ

Вечер Прес - 28.06.2008

Со мандатарот Никола Груевски се разговарало за приближување на ставовите, но не и за можна коалиција заедно со ДПА ДУИ го поддржува уставното име на државата, но ако се најде некое решение со Грција, Албанците сакаат да бидат дел од тоа решение.

Ахмети пак бара мултиетничко име

Дневник - 27.06.2008

Преговорите за тоа која партија на Албанците ќе влезе во владата, мандатарот Никола Груевски ќе ги продолжи денеска со одделни средби со лидерите на ДПА и на ДУИ, Мендух Тачи и Али Ахмети. Во ДПА велат дека голем дел од програмата на ВМРО-ДПМНЕ е прифатлива за нив, а Тачи се изјасни за решение за ...

Сите во влада, но не заедно

Време - 27.06.2008

ТАЧИ И АХМЕТИ МУ ОДГОВОРИЈА НА МАНДАТАРОТ ГРУЕВСКИ Кабинетот на мандатарот Никола Груевски најави дека тој денеска ќе има нова средба со лидерите на ДУИ и ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи. На средбата ќе продолжат разговорите за евентуалното идно коалицирање во новата влада.

Ди Карло се сретна и со лидерите на ДУИ и ДПА

Канал5 - 27.06.2008

Мандатарот Груевски ги продолжи консултациите со лидерите на ДУИ и на ДПА за евентуално коалицирање во новата влада. Ахмети и Тачи не дадоа изјави по средбите со Груевски. Владиниот портпарол Боцевски соопшти дека и по денешната рунда преговори нема договор за албански партнер во власта.

Тачи и Ахмети на нова симултанка во Владата

Време - 26.06.2008

В ПОНЕДЕЛНИК НОВИ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛАДИНА КОАЛИЦИЈА Следната недела, најверојатно, ќе продолжат средбите на мандатарот Никола Груевски со Али Ахмети и со Мендух Тачи, како и средбите на партиските комисии на кои ќе треба да се разговара за понудата двете партии на Албанците да влезат во Владата.

За ДУИ и за ДПА пет министерства

Дневник - 26.06.2008

Мандатарот Никола Груевски најверојатно ќе ги покани двете партии на Албанците за партнери во новата влада и ќе им понуди пет министерства, дознаваме неофицијално. Лидерите на ДПА и на ДУИ, Мендух Тачи и Али Ахмети, ќе треба да одговорат дали за нив е прифатлива програмата на ВМРО-ДПМНЕ, ставот за ...

ДУИ сака во Владата, ДПА се дума

Вест - 26.06.2008

ГРУЕВСКИ НА АХМЕТИ МУ ДАВА ПОВЕЌЕ РЕСОРИ ОТКОЛКУ НА ТАЧИ Партиски извори велат дека бидејќи мандатарот Никола Груевски немал намера да излегува од шемата нецела третина од власта да ја сподели со албанскиот партнер, ДПА се чувствувала загрозена од ДУИ, на која и се нудело поголемо парче од колачот ...

Се бара начин и ДУИ и ДПА да влезат во владата

Утрински - 26.06.2008

Неофицијално, Груевски им нуди на двете албански партии да поделат пет министерски места Светлана Унковска По одржаните први консултации со претседателите на ДПА и на ДУИ, Мендух Тачи и Али Ахмети, мандатарот Никола Груевски им остава простор и на двајцата лидери да одлучат дали ќе прифатат заедно ...

И ДУИ и ДПА се гледаат во владата

Дневник - 25.06.2008

Барањето за оставка на претседателот на ДИК Јован Јосифовски е едно од прашањата за кои лидерот на ДПА Мендух Тачи и мандатарот Никола Груевски не можеле да се усогласат Барањето за оставка на претседателот на ДИК Јован Јосифовски е едно од прашањата за кои лидерот на ДПА Мендух Тачи и мандатарот ...

Фуере се среќава со Ахмети и Тачи пред формирањето на новата влада

Канал5 - 25.06.2008

Таинственост и од Владата и од албанските партии за разговорите на мандатарот Груевски со Ахмети и Тачи за формирање на новата влада – официјалното продолжение на разговорите се најавува за деновиве. Денеска европретставникот Фуере на средба со Али Ахмети во Собранието - не коментираше дали го ...

Груевски доби мандат, Ахмети и Тачи добија покани

Време - 24.06.2008

ПОЧНА ДА ТЕЧЕ РОКОТ ЗА СОСТАВУВАЊЕ НОВА ВЛАДА Рокот за состав на новата влада официјално почна вчера на пладне откако шефот на државата Бранко Црвенковски му го довери мандатот за состав на влада на старо-новиот мандатар Никола Груевски. Крајниот рок да се комплетира владиниот кабинет е 12 јули.

Дилема - Тачи или Ахмети во владата?

Утрински - 24.06.2008

Груевски има 20 дена за составување на новата влада Светлана Унковска Непосредно по официјалното добивање на мандатот од претседателот Бранко Црвенковски, вчера мандатарот Никола Груевски ги започна разговорите со двете партии на Албанците - ДПА и ДУИ, за состав на новата влада.

Груевски сака влада ден поскоро

Дневник - 24.06.2008

Со одвоени средби со лидерите на ДПА и ДУИ, Тачи и Ахмети, мандатарот ги почна преговорите за влез на албански партнер во владата Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вчера откако го доби мандатот за состав на новата влада од претседателот Бранко Црвенковски веднаш на одвоени средби со лидерите на ...

Црвенковски му го додели мандатот на Груевски

Вечер Прес - 24.06.2008

Веднаш по добивањето на мандатот, Груевски ги започна консултациите со лидерите на ДУИ и ДПА, Мендух Тачи и Али Ахмети. Тачи побара оставка од претседателот на ДИК, Јован Јосифовски, за што рече дека разговарале и со Груевски.

Црвенковски го врачи мандатот за состав на Влада

А1 - 23.06.2008

Претседателот Црвенковски денеска на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски му го врачи мандатот за состав на новата Влада. Груевски има рок од 20 дена да ги заврши консултациите со партиите и до Собранието да го достави составот на новиот владин кабинет и програмата.

Ахмети за „Стандард“: ДУИ ќе биде дел од новата влада

Канал5 - 23.06.2008

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во интервју за албанскиот весник „Стандард“ вели дека е убеден оти со победата на изборите ќе биде дел од новата македонска влада, јави дописникот на МИА од Тирана. Тирана, 23 јуни (МИА) - Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во интервју за албанскиот весник Стандард вели дека е ...

ДПА го бојкотира новиот Парламент

Вест - 23.06.2008

Имер Алиу, член на највисокото раководство на ДПА, завчера изјави дека неговата партија не ги признава изборните резултати. Пратениците на Демократската партија на Албанците завчера ја бојкотираа конститутивната седница на Собранието, на која беа верификувани и нивните мандати.

Груевски доби мандат за формирање на нова влада

Канал5 - 23.06.2008

Груевски од денеска има рок од 20 дена да го состави новиот владин кабинет и да го достави на избор во Собранието откако Црвенковски му го даде мандатот да формира нова влада. Мандатарот не сакаше да прогнозира дали новата влада ќе ја формира пред истекот на крајниот рок зашто притиска решавањето ...

Средби на премиерот Груевски со Мендух Тачи и Али Ахмети

Канал5 - 23.06.2008

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски денеска ќе има одделни средби со лидерите на Демократската партија на Албанците Мендух Тачи и на Демократската унија за интеграција Али Ахмети. Скопје, 23 јуни (МИА) - Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски ...