TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Македонија утре ќе знае дали има птичји грип

А1 - 30.10.2005

Македонија најрано утре ќе знае дали во земјава има птичји грип. Лондонската лабораторија за А1 потврди, дека резултатите од примерокот кој по 10 дена пат стаса од Могила, ќе бидат готови најрано в понеделник, по што ќе и бидат соопштени на македонската ветеринарна управа.

Во Црна Гора нема птичји грип

А1 - 30.10.2005

Министерот на здравство на Црна Гора Миодраг Павличиќ денеска изјави дека во земјата нема птичји грип, но оти одговорните служби се подготвени за заштита од евентуална пандемија на овој опасен вирус. Павличиќ рече дека црногорската Влада усвоила Национален план за заштита од птичји грип, чија цел е ...

Две лица загинаа во Виетнам од птичји грип

А1 - 29.10.2005

Две болни лица во Виетнам деновиве починаа од симптоми за кои се стравува дека се предизвикани од птичји грип, јавија денеска виетнамските весници. Според извештаите, 14-годишно девојче кое починало минатата недела, како и 26-годишно момче кое почина во четвртокот, во исхраната користеле месо од ...

Ново жариште на Х5Н1 во Романија

Дневник - 29.10.2005

ПТИЧЈИ ГРИП НА БАЛКАНОТ Опасниот тип Х5Н1 од вирусот на птичјиот грип е регистриран и кај пцовисаната чапја што пред две недели беше откриена во Романија, близу до границата со Молдавија, јави Ројтерс. Во Романија претходно беа регистрирани уште две жаришта на птичји грип, во делтата на Дунав.

Резервирани 70 легла за евентуално заболени од птичји грип

Утрински - 29.10.2005

Како дел од мерките во Националната стратегија за справување со можната пандемија Жарко Караџовски не одговори како се случило СЗО да ја оквалификува нашата земја дека нема стратегија и за меѓународниот резил ги обвини новинарите ЈАСМИНА ЈОВАНОВСКА Во случај на појава на птичји грип кај луѓето, ...

Денеска првични резултати од испитувањето на могилка?

Утрински - 29.10.2005

Случајот со сомнителната кокошка Првичните резултати од испитувањето на мострите од сомнителната кокошка од Могила е можно да бидат објавени денеска доколку бидат доставени до нашата Ветеринарна управа. Директорот на Ветеринарната управа, Слободен Чокревски, не сакаше да шпекулира кога точно ќе ...

ФУСТАНЧЕТО НА МОНИКА

Вест - 29.10.2005

ЕВТИНИ ПРИКАЗНИ - Биљана Секуловска ДА ГО ОСТАВИМЕ ЧОКРЕ- САМО ОН Е СМРТ ЗА КОКОШКИТЕ Ова е успешна недела- летна кокошката која може да има птичји грип. И тоа после 10 дена. Прво требаше пред 5 дена , па сите славевме, ама се испостави дека заглавила на Косово.

Босанските власти оформија штаб за набљудување и превенција од птичјиот грип

Канал5 - 29.10.2005

Босанската влада воспостави штаб за набљудување и превенција од птичјиот грип. Со штабот раководи министерот за трговија со странство. Вирус H5N1 во Босна нема, но заразените лебеди во хрватска беа пронајдени недалеку од босанската граница.

Проблемот е кокошката!

Дневник - 29.10.2005

Милан Банов Колку успокојувачка вест: кокошката од Могила може да се чува во контејнерот на Ветеринарската управа подолго време на температура од 4 0С, при што не постои објективна шанса да го загуби постојниот статус на мртва птица со или без птичји грип.

Типизација на вирусот на птичји грип можеше да се направи во МАНУ

Време - 29.10.2005

АКАДЕМИК ЃОРЃИ ЕФРЕМОВ Детекција и типизација на вирусот на птичји грип можеше да се направи во лабораторијата на МАНУ и резултатите што ќе ги добиевме од Лондон ќе беа само потврда на она што ќе го утврдевме овде, вели академикот Ѓорѓи Ефремов, директор на лабораторијата во МАНУ.

Караџовски тврди дека обелил образ во Копенхаген

Дневник - 29.10.2005

РЗЗЗ ЗА СТРАТЕГИЈАТА ЗА ПТИЧЈИ ГРИП Раководителот на секторот за епидемиологија во Републичкиот завод за здравствена заштита, д-р Жарко Караџоски, кој бил на состанок за птичји грип во Копенхаген, вчера ги отфрли обвинувањата од СЗО дека Молдавија, Туркменистан и Македонија се единствените земји во ...

Животот во Кокошиње замира поради неасфалтираниот пат

А1 - 28.10.2005

Дури стаса информација од Лондон има или нема птичји грип во Могила, ние најдовме друго село во кое, барем според неговото име, опасноста од оваа болест треба да е најголема - кумановско Кокошиње, крстено по големиот број кокошки кои некогаш ги имало во секоја куќа.

Во февруари можна закана од птичји грип во Турција

А1 - 28.10.2005

Нова закана од појава на птичји грип во Турција се очекува во февруари следната година, предупредува доцент Јоздемир Адзел од Универзитетот во Ван. Според Адзел, тоа е период кога преселните птици ќе мигрираат во Турција преку Иран и Русија, каде беа регистрирани случаи на птичји грип.

Могилци ќе бидат обештетени наредниот месец

А1 - 28.10.2005

Жителите на битолското село Могила, каде беше спроведено масовно уништување на живината по појавата на сомнителниот случај на заболена кокошка од птичји грип, ќе бидат обештетени во текот на наредниот месец. Могилци се очекува да добијат по 250 денари за уништена кокошка, 350 денари за пајка, 1200 ...

Стратегијата за заштита од птичји грип испратена до СЗО

А1 - 28.10.2005

На Светската здравствена организација дури денеска и е испратена македонската стратегија за заштита од птичји грип. Тоа го сторило претставништвото на СЗО во Македонија кое вчера доби непреведената верзија. „Во текот на денешниот ден во утринските часови беше доставено до регионалната канцеларија, ...

Македонија нема стратегија за справување со птичји грип

Утрински - 28.10.2005

Светската здравствена организација и удри шлаканица на нашата Влада Според Министерството за здравство, ставот на СЗО е дезинформација, бидејќи Владата уште минатата недела изготвила национален план за справување со птичјиот грип Јасмина Јовановска Светската здравствена организација Ј удри ...

Птичјиот грип изгубен во преводот

Дневник - 28.10.2005

СЗО Не ОБВИНИ ДЕКА НЕМАМЕ СТРАТЕГИЈА Македонија, Туркменистан и Молдавија се единствените земји-членки на Светската здравствена организација од Европа што немаат стратегија за борба против птичјиот грип ако тој се претвори во пандемија, изјави шефот на СЗО за Европа, Марк Дензон.

Кокошката стигна во Лондон, резултатите за два дена

Утрински - 28.10.2005

Мостри Мострите на крв од сомнителната кокошка од село Могила и брисевите од другите кокошки веќе почнаа да се испитуваат во лабораторијата во Вејнбриџ, потврди директорот на Ветеринарната управа на Македонија, Слободен Чокревски.

Власта со птичјиот грип сакаше да ќари од ЕУ

Дневник - 28.10.2005

ЗЕМЈОДЕЛСКИОТ ЛИДЕР ТАНТАРОВ ТВРДИ Владата прерано информира за евентуална појавата на птичји грип во земјава, која стана хит на месецот, обвини Сојузот на земјоделците на Македонија (СЗМ). - Власта ја соопшти приказната за птичјиот грип во јавноста за да добие пари од Европската Унија.

Посомнителни од кокошката

Време - 28.10.2005

ЖАРКО ЈОРДАНОСКИ Значи нужна е некоја хаварија за да сфатиме какви луѓе ни водат некои важни институции во државата. Да не беше птичјиот грип, како ќе знаевме какви генијалци ни ја водат Ветеринарната управа. Ќе знаевме само дека таму седи некој Чокревски, веројатно „згрижен“ на тоа директорско ...

Македонија има стратегија за птичји грип

Време - 28.10.2005

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ЈА ДЕМАНТИРА СЗО Планот за справување со евентуална пандемија од птичји грип бил усвоен од Владата на 20 октомври и во средата вечер бил доставен до канцеларијата на СЗО во Скопје, велат од Министерството за здравство.

САД ја зголеми сумата за спречување на појавата на птичјиот грип

Канал5 - 28.10.2005

Американскиот Сенат ја удвои сумата, што пред еден месец беше одобрена за евентуалната пандемија на птичјиот грип. Американскиот Сенат ја удвои сумата, што пред еден месец беше одобрена за евентуалната пандемија на птичјиот грип.

Постепено се нормализира продажбата на живинарските производи

Канал5 - 28.10.2005

Состојбата со продажбата на јајца и пилешко месо на домашниот пазар постепено се нормализира. Во моментов проблем е делот од производството што се пласираше во соседните земји, велат живинарите две недели откако се јавија сомневањата за птичји грип во земјава.

Утре ќе се знае има ли птичји грип во Македонија

Канал5 - 28.10.2005

Најрано утре претпладне ќе се знае дали во Македонија има птичји грип. Во британската лабораторија Вејбриџ втор ден работат на испитување на мострите од могилските кокошки. Од што умреа тие, прв ќе дознае директорот на ветеринарната управа Чокревски.

Во Кина почина девојче од птичји грип

Утрински - 28.10.2005

Нова жртва во Азија на опасниот вирус Две лица во Франција под сомневање за птичји грип Едно 12-годишно девојче почина од симптоми на грип во село во централниот дел на Кина каде што беше пријавен трет случај на птичји грип за една недела, објави вчера "Саут чајна морнинг пост".

Дактилографката е крива за се!

Вест - 28.10.2005

САМО МАКЕДОНИЈА, МОЛДАВИЈА И ТУРКМЕНИСТАН НЕМААТ СТРАТЕГИЈА ЗА ПТИЧЈИОТ ГРИП Македонија допрва ќе го проследи својот план до СЗО, оти тој иако е подготвен, мора да се преведе од македонски на англиски јазик, а освен тоа, проблемот кај нас, според Министерството за здравство е во бирократските ...

Дактилографките на Владата не изрезилија во СЗО?!

Вечер Прес - 28.10.2005

Македонија, заедно со Туркменистан и Молдавија, се единствените земји-членки на Светската здравствена организација (СЗО) од Европа кои немаат изработено каква било стратегија во борба со птичјиот грип доколку тој се претвори во пандемија Ова, го изјавил шефот на СЗО за Европа, Марк Дензон, во ...

Нема птичји грип во кумановско

А1 - 27.10.2005

Републичкиот ветеринарен инспекторат и ветеринарната управа на Република Македонија по целосно извршените анализи на 13 диви гулаби, 8 кокошки и една шатка, потврдија дека во Куманово и Кумановско нема птичји грип, јавува Макфакс.

СЗО: Македонија нема стратегија за птичјиот грип

А1 - 27.10.2005

Европа е на нозе. Први два случаи на птичји грип во Франција. Двајцата туристи кои биле во посета на парк за птици во Тајланд имаат симптоми на болеста. Во петок со сигурност ќе се знае дали се работи за смртоносниот вирус. „И по нивното враќање, според нашите информации, Владата на Франција ...

Утврдени цените за уништените животни во Могила

А1 - 27.10.2005

Комисијата за надоместок и проценка на уништената живина во битолското село Могила денеска ги утврди цените за сите пердувести животни што беа уништени во превентивната ветеринарна акција, што беше спроведена поради масовно угинување на живината заболена од кокошкина чума.

Русија информира за нови случаи на птичји грип на Сибир

А1 - 27.10.2005

Во Сибир се регистрирани нови случаи на птичји грип кај кокошки и патки, соопштија регионалните ветеринарни служби, прецизирајќи оти околу 900 птици умреле во село Ротовка во Омската област. Тестовите покажале дека птиците биле заразени со вирусот на птичји грип Х5Н1, кој од 2003 година е причина ...

Кокошката за Лондон летна со "Аустријан ерлајнс"

Дневник - 27.10.2005

ПО ДЕВЕТ ДЕНА НЕИЗВЕСНОСТ Сомнителната мостра од Могила вчера доцна попладне полета за Лондон, со специјална карго-пратка на авиокомпанијата "Аустријан ерлајнс", бидејќи КФОР ја одбил пратката поради тоа што содржела контаминиран материјал.

Европската комисија тврди дека нема опасност од јадење јајца и живина во ЕУ

Вест - 27.10.2005

БРИСЕЛ, 27 октомври (Ројтерс) - Европската комисија вчера соопшти дека потрошувачите во ЕУ не се изложени на опасност со јадењето на јајца или месо од живина откако потрошувачката во државите во блокот нагло опадна поради појавата на птичјиот грип.

Во Сибир е регистрирано уште едно жариште на птичјиот грип

Канал5 - 27.10.2005

Во Русија нема заразени луѓе со овој смртоносен вирус. Големо олеснување и во Кина, откако анализите покажале дека неодамна починатото девојче и нејзиното братче, сепак, немале птичји грип. Во Русија нема заразени луѓе со овој смртоносен вирус.

Кокошката од Могила отпатува со „Аустријан ерлајнс“ наместо со авион на КФОР

Утрински - 27.10.2005

Примероците од сомнителната кокошка одлетаа од Приштина со карго-пратка на комерцијален лет АЛЕКСАНДРИЈА СТЕВКОВСКА Сомнителната мостра од Могила вчера попладне беше испратена во Лондон со специјална карго-пратка на авиокомпанијата "Аустријан ерлајнс", соопшти вчера директорот на Ветеринарната ...

Хрватските лебеди пцовисале од Х5Н1

Дневник - 27.10.2005

РЕЗУЛТАТИТЕ ОД БРИТАНИЈА СТИГНАА ДО ЗАГРЕБ Вирусот на птичји грип откриен кај дивите лебеди во Хрватска е од типот Х5Н1, кој може да биде смртоносен и за луѓето, потврдија испитувањата во лабораторијата во Вејбриџ, Британија, јави Ројтерс.

СЗО алармираше - Македонија меѓу трите земји во Европа без стратегија за птичјиот грип

Канал5 - 27.10.2005

Во лабораторијата во англиски Вејнбриџ почнаа анализите на мострите земени од могилските кокошки. Ова го тврди директорот на ветеринарната управа Чокревски,кој е во контакт со испитувачите. Во наредните денови од крвта и ткивото на кокошките треба да се утврдат од што умрела живината.

Живината се вакцинира од њукаселска болест

Време - 27.10.2005

ВО КУМАНОВСКО Само кај една кокошка од селото Нукуљане, Кумановско, е регистрирана болеста њукаселска чума, покажуваат резултатите на Ветеринарниот институтот Скопје. Вакцинирањето од оваа болест се одвива без проблеми. До петок се планира да бидат опфатени 10 села во околината на Никуљане и да ...

Птиците да се чуваат од преселниците

Дневник - 27.10.2005

ОРНИТОЛОЗИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ Во Македонија има висок ризик од појава на птичјиот грип бидејќи е на маршрутата на птиците преселници, поради што се препорачува живината да се држи затворена. Во Калишта, Струшко, домашната живина слободно се шета до езерото, каде што може да слетаат птици заразени со ...

Кокошка од Могила летна со "Аустриан Ерлајнс"

Вечер Прес - 27.10.2005

Сомнителната кокошка од Могила, вчера попладне, во 16.45 часот, конечно тргна за Лондон. "Мострите се испратени со специјална карго-пратка на авиокомпанијата 'Аустриан ерлајнс' од Приштина", соопшти вчера директорот на Ветеринарната управа, Слободен Чокревски.

Сматок

Вечер Прес - 27.10.2005

Македонската јавност веќе 10 дена си легнува и станува со кокошката од Могила. Тензијата и неизвесноста не попушта, "риалити шоуто" наречено птичји грип секојдневно е со нови содржини, а на јавноста во континуитет и се сервира само "сматок".

Кокошката од Могила конечно отпатува за Лондон

А1 - 26.10.2005

Конечно - после 10 дена сомнителниот примерок од кокошката од Могила попладнево отпатува за Лондон - со карго пратка на патнички авион на „Аустриан Ерлајнс“. За А1 од британската амбасада изјавија - дека во 21 часот таа ќе пристигне на аеродромот „Хитроу“ . „До вечер пратката треба да стигне.

Вирусот на птичји грип во Хрватска е од типот Х5Н1

А1 - 26.10.2005

Вирусот на птичји грип, регистриран во Хрватска, е од типот Х5Н1, што е смртоносен за луѓето, соопшти денеска претставник на хрватската ветеринарна управа, цитиран од агенцијата Франс прес. Според Владимир Савиќ од хрватската ветеринарна управа, смртоносниот тип на птичјиот грип е откриен при ...

Одговорноста на анализа во Вејбриџ

Дневник - 26.10.2005

Љубица Балабан Да знаеше сомнителната кокошка од Могила каква одисеја ја чека со превозот до Лондон, ќе направеше напор и самата ќе одлеташе до референтната лабораторија во Вејбриџ, пред да биде уништена. Повеќе од една недела, крвта и брисевите од единствената сомнителна и од уште осум други ...

ЕУ забрани увоз на птици од Хрватска

Дневник - 26.10.2005

ПОРАДИ ПОТВРДЕНИТЕ СЛУЧАИ НА ПТИЧЈИ ГРИП Европската Унија вчера забрани увоз на птици и на производи од живина од Хрватска откако во таа земја беше потврдено присуството на опасниот вирус на птичји грип, јави Ројтерс. Претседателот на хрватскиот Кризен штаб за одбрана од птичји грип, Мате Брстило, ...

Живинарите во Струмичко ги кријат случаите на мртвата живина

Утрински - 26.10.2005

Нови случаи на пцовисана живина во Босилово и во Смоларе СТРУМИЦА - Сакаме јавно да упатиме апел да граѓаните кои ќе забележат помасовен помор на живината веднаш да се обратат кај нас. Исто така, апелираме да не се кријат таквите случаи и сопствениците ништо да не преземаат на своја рака, бидејќи ...

Мострите од Могила ќе дадат точни резултати

Време - 26.10.2005

ЧОКРЕВСКИ ДЕМАНТИРА Резултатите од анализата на сомнителната мостра од Могила што треба да ги даде лабораторијата во Лондон ќе бидат точни, изјави директорот на Ветеринарната управа Слободен Чокревски. Специјалист за грип завчера обвини дека поради одолжувањето на постапката за испраќање на ...

И кокошката е доказ за кадарноста на Владата

Дневник - 26.10.2005

ВМРО-ДПМНЕ Баналната тема со превозот на една кокошка од Скопје до Лондон, поради нефункционирањето на државните институции, добива сериозни размери и може да има сериозни последици за живинарите, смета ВМРО-ДПМНЕ. - Случајот со кокошката е јасен показател за некомпетентноста и неспособноста на ...

Могилка прво ќе слета во Бања Лука

Вест - 26.10.2005

НОВА ЕПИЗОДА СО МОСТРИТЕ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПТИЧЈИ ГРИП Мострите од сомнителната кокошка Могилка и брисовите за испитување на птичји грип за Англија од Косово ќе летаат преку Бања Лука со специјален авион на британското воено воздухопловство.

Птиците под стреите се безопасни, тврдат ветеринарите

Утрински - 26.10.2005

Граѓаните стравуваат од присуството на гулаби, гаврани, врапци... Граѓаните не треба да паничат доколку забележат дека под нивните стреи се вгнездуваат птици, бидејќи од нив не се заканува опасност за пренесување птичји грип, велат ветеринарите.

Испитувањето на могилката ќе даде точни резултати

Утрински - 26.10.2005

И покрај повеќедневното доцнење со испораката на сомнителната кокошка во Лондон Закопувањето на живината во Могила е направено согласно со препораките на СЗО АЛЕКСАНДРИЈА СТЕВКОВСКА Директорот на Управата за ветеринарство, Слободен Чокревски, тврди дека испитувањето на мострата од Могила ќе даде ...

Брисел засега нема информации за птичји грип во Македонија

Утрински - 26.10.2005

Според портпарол на Европската комисија БРИСЕЛ - Според досегашните сознанија, во Македонија нема птичји грип, соопшти вчера Европската комисија, но додаде дека за конечна потврда треба да се извршат дополнителните анализи. "Колку што ми е познато, резултатите од извршените испитувања не покажуваат ...

Нашата кокошка ќе ја дочека и независноста на Косово

Дневник - 26.10.2005

бавна ЗАШТИТА ОД ПТИЧЈИ ГРИП На Ветеринарната управа # требаат околу 100 милиони денари за да ја контролира ситуацијата со чумата кај живината и со евентуалната појава на птичји грип Доцнењето на испораката нема да влијае врз мострите од кокошка од Могила, и резултатот од анализите во Англија ќе ...

Птичји грип во кинеската провинција Хунан

Канал5 - 26.10.2005

Кинеските власти пријавија појава на птичји грип во централната провинција Хунан, соопшти светската здравствена организација. Кинеските власти пријавија појава на птичји грип во централната провинција Хунан, соопшти светската здравствена организација.

Албанија го забрани ловот на птици на Охридското езеро

А1 - 25.10.2005

Албанија го забрани ловот на преселни птици во албанскиот дел на Охридско езеро заради птичји грип, пренесува МИА. Албанските ветеринари и медицински власти ги засилуваат набљудувањата во реонот за откривање мртви птици. Како што јави солунската агенција МПА, властите во Тирана ги засилиле ...

ЕК забрани увоз на живина од Хрватска

А1 - 25.10.2005

Европската комисија денеска воведе забрана за увоз на живи птици и живински производи од Хрватска, откако во земјата беа регистрирани три жаришта на птичјиот грип. „Одлуката е донесена врз основа на потврдените случаи на вирусот Х5 на птичјиот грип откриен кај диви птици во Хрватска.

Во Индонезија четврти смртен случај од птичји грип

А1 - 25.10.2005

Индонезиските власти соопштија дека е регистриран четврти смртен случај од птичји грип во земјата. Резултатите од испитувањата, направени во Хонгконг, покажале дека момчето, кое починало два дена откако било примено во болница, е заразено од птичји грип.

ЕК: Нема информации за птичји грип во Македонија

А1 - 25.10.2005

Според досегашните сознанија во Македонија нема птичји грип, соопшти денеска Европската комисија, но, додаде дека за конечна потврда треба да се извршат дополнителните анализи. „Колку што ми е познато, резултатите од извршените испитувања не покажуваат присуство на птичји грип, но, и покрај тоа, ...

Кокошката од Могила заглави во Косово

Утрински - 25.10.2005

Специјалниот контејнер со мострите и вчера не одлета за Лондон Според директорот на Ветеринарната управа, мострите од сомнителната кокошка ќе летнат за Лондон дури утре Јасмина Јовановска Мострите од сомнителната кокошка „могилка" заглавија во Косово.

Фармерите останаа без пари, живината без храна

Дневник - 25.10.2005

Стравот од ПТИЧЈИ ГРИП ГО УНИШТИ ПАЗАРОТ Живинарските фарми ќе бидат затворени, а околу 3.000 вработени ќе останат без работа ако Владата многу брзо не одобри парична помош за да се обезбеди храна за живината. Ова вчера го изјавија членови на Здружението на живинарскиет фарми, кои побараа од ...

Во Хрватска уште едно жариште на птичји грип

Утрински - 25.10.2005

СЛУЧАЈ Во Хрватска е откриено уште едно жариште на птичји грип во близина на Нашице, источна Хрватска. Ова е второ жариште во оваа земја регистрирано кај лебеди. И во Унгарија можен е птичји грип, но тој сў уште не е потврден кај дваесетина умрени гулаби.

Од ветеринар се бега, од снајперист не се бега

Дневник - 25.10.2005

МАСАКР НА ПТИЦИ ВО ХРВАТСКА Хрватски специјалци во местото Зоков Гај со снајпери и со автомати ги убивале птиците што успеале да им побегнат на ветеринарите, кои го чистеле местото во кое е откриена болеста птичји грип, јавија хрватски медиуми.

Продажбата на јајца намалена за 80 отсто

Време - 25.10.2005

ПО ИНФОРМАЦИЈАТА ЗА ЗАБОЛЕНИТЕ КОКОШКИ Александра К. Мишовска За речиси 80 отсто се намалени побарувачката и потрошувачката на јајца во повеќето продавници во земјава, откако надлежните најдоа кокошка за која се сомневаат дека го има вирусот на птичјиот грип, а Хрватска и Косово го запреа увозот на ...

ВО ИНДОНЕЗИЈА ЧЕТВРТИ СМРТЕН СЛУЧАЈ ОД ПТИЧЈИ ГРИП

Канал5 - 25.10.2005

Индонезиските власти соопштија дека е регистриран четврти смртен случај од птичји грип во земјата. Резултатите од испитувањата, направени во Хонгконг, покажале дека момчето, кое починало два дена откако било примено во болница, е заразено од птичји грип.

Живинарите се закануваат со колеж на половина милион кокошки

Утрински - 25.10.2005

Производителите на јајца и живинско месо бараат помош од државата Живинарите апелираат Владата во најкус рок да интервенира и да помогне со 45 милиони денари АЛЕКСАНДРИЈА СТЕВКОВСКА За пет-шест дена, живинарите ќе почнат со масовно колење на живината, бидејќи тие поседуваат резерви на храна за уште ...

Кокошката го прележа вирусот во Приштина

Дневник - 25.10.2005

СОМНИТЕЛНАТА МОСТРА НАЈВЕРОЈАТНО УТРЕ ВО ЛОНДОН Сомнителната мостра од Могила најверојатно утре изутрина со воен транспортер на КФОР ќе биде однесена во Велика Британија. Транспортот до лабораторијата во Вејбриџ доцни бидејќи КФОР побарал од УНМИК дополнителна документација за пратката, која се ...

ЕВРОКОМИСИЈАТА ЗАБРАНИ УВОЗ НА ЖИВИНА ОД ХРВАТСКА

Канал5 - 25.10.2005

Европската комисија денеска воведе забрана за увоз на живи птици и живински производи од Хрватска, откако во земјата беа регистрирани три жаришта на птичјиот грип. Брисел, 25 октомври (МИА) -Европската комисија денеска воведе забрана за увоз на живи птици и живински производи од Хрватска, откако во ...

Ќе ставиме клуч на живинарските фарми

Вест - 25.10.2005

АКО ВЛАДАТА НЕ ПОМОГНЕ СО 45 МИЛИОНИ ДЕНАРИ Македонските живинари бараат Владата инто да обезбеди 45 милиони денари за исхрана на кокошките, ако не даде пари тие ќе бидат принудени да им стават клуч на фармите. Тие трвдат дека во Македонија нема птичји грип и се противат на паушалните изјави за ...

Kомисија за земјоделство: за се помалата продажба на јајца и пилешко, криви се новинарските извештаи

Канал5 - 25.10.2005

Новинарите се виновни за штетата што ја трпат живинарите, затоа што сензационалистички и нерелано информираат за птичјиот грип. Ова е една од поентите од денешната дебата во собраниската Комисија за земјоделство, во која учествуваа и надлежните ветеринарни власти.

Могилчани тврдат дека не е уништена целата живина во селото

Утрински - 25.10.2005

Во Могила меѓу себе упатуваат сомневања за ноќни преселби на кокошките во соседните села ГОЦЕ КАРЕВСКИ БИТОЛА - Билансот од околу 4.500 кокошки, мисирки, пајки и гуски убиени во текот на тридневната ветеринарска кампања против птичјиот грип во регионов и уште 5.000 претходно пцовисани домашна ...

Вакцинирање на кокошките во кумановско Старо Нагоричане

Канал5 - 25.10.2005

Кумановските ветеринари ја почнаа вакцинацијата против болеста пипка или „њукасл“. Се имунизираат кокошките во селата кои гравитираат кон кумановско Никуљане, каде пред десетина дена од пипка умреа околу 400 птици. Кумановските ветеринари ја почнаа вакцинацијата против болеста пипка или њукасл .

Могилка ќе црвјоса во Косово

Вест - 25.10.2005

КОКОШКАТА ЗА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ЌЕ ЛЕТА ДУРИ УТРЕ Слободен Чокревски, директор на Ветеринарна Управа на Македонија тврди дека испраќањето на контејнерот со материјалот за испитување било одложено поради не целосна документација што КФОР ја побарал од УМНИК Мострите од сомнителната кокошка од Могила ...

Сомнителната кокошка дури в среда ќе отпатува за Лондон

Време - 25.10.2005

СПОРЕД ВЕТЕРИНАРНАТА УПРАВА Адријана Георгиев Сомнителната мостра од Могила во среда наутро со воен транспортер на КФОР треба да биде однесена во Велика Британија, изјави директорот на Ветеринарната управа на вчерашната прес-конференција.

Чокревски: И со "лирџетот" кокошката ќе ни ја вратеа од Лондон!

Вечер Прес - 25.10.2005

Мострите на сомнителната кокошка од Могила, за Велика Британија ќе отпатуваат в среда со воен транспортер на КФОР од Приштина. Според директорот на Ветеринарната управа, Слободен Чокревски, транспортот до Светската референтна лабораторија доцни поради дополнителната документација што КФОР ја ...

Европа забрани увоз на месо и живина од Хрватска

А1 - 24.10.2005

Европската денеска забрани увоз на месо од Хрватска и живина, по откритието дека од саботата таму има птичји грип. Грипот се шири во Хрватска по Славонија, случаи на птичји грип се пронајдени и во југоисточниот дел на земјата.

Брод во карантин на Малта поради страв од птичји грип

А1 - 24.10.2005

Товарен брод, кој пловел под кипарско знаме, е ставен во карантин во пристаништето на главниот град на Малта, Ла Валета, откако на бродот се откриени две мртви птици. Крајбрежните власти наредиле персоналот да остане на бродот и забраниле пристап до него.

Кокошката од Могила заглавена во Косово

А1 - 24.10.2005

Мострите од могилските заболени кокошки сеуште не стигнале во лондонската лабораторија. Заглавени се во Косово - им фалеле документи за да полетаат. „Мострата која што беше испратена во петокот со возилото на ФАО, беше проследена до УНМИК и УНМИК ја има проселедено до КФОР.

Живинарите тврдат дека во Македонија нема птичји грип

А1 - 24.10.2005

Живинарите од земјава бараат Владата итно да обезбеди 45 милиони денари за исхрана на кокошките. Тие тврдат дека во Македонија нема птичји грип и се против, како што велат, паушалните изјави за некакви сомнителни случаи. Според членовите на Здружението на живинари, за актуелната катастрофална ...

Кокошките ќе умрат од глад, а не од грип

А1 - 24.10.2005

Запрениот извоз, опаднатата продажба но и незаинтересираноста на власта - го уништува живинарството. Фармерите бараат под итно 45 милиони денари од Владата, за да можат да обезбедат храна за преку милион кокошки. Храна има само до крајот на неделава .

Да се укине на забраната за увоз на живина

Дневник - 24.10.2005

БАРАЊЕ ОД ГРЦИЈА Грчкото Министерство за земјоделство вчера побара од Македонија, Албанија и од Бугарија да ја укинат забраната за увоз на живина и живински производи од Грција, воведени по откривањето на сомнителните случаи на птичји грип кај јужниот сосед, јави МИА, повикувајќи се на атинската ...

Македонија допрва набавува тестови за докажување птичји грип

Утрински - 24.10.2005

Ветеринарната управа досега вирусот на грип кај птиците го утврдувала само преку антитела Според наши сознанија, мострите од кокошката-могилка уште не се заминати од Приштина и тоа може да се случи дури задутре. Најрано што може да се очекуваат резултати е до крајот на неделава ЈАСМИНА ЈОВАНОВСКА ...

Умрената кокошка од Могила се загуби на пат за Лондон

Канал5 - 24.10.2005

Сомнителната кокошка од Могила заглави во Косово и таму ќе останат до среда. Примероците кои треба да стигнат до светската референтна лабораторија во Веинбриџ, управата ги испрати уште во петокот со возило на ФАО, но КФОР не ја прифатил пратката поради нецелосна документација.

Мострите заглавија во бирократска процедура

Вест - 24.10.2005

ПРОДОЛЖЕНИЕ НА САПУНСКАТА ОПЕРА КОКОШКАТА ОД МОГИЛА Слободен Чокревски, директор на Ветеринарна Управа вели дека контејнерот со материјалот за испитување на птичји грип КФОР прво ќе предаде на Министерството за одбрана, од каде ќе се предаде на министерството на здравство, кое пак ќе го однесе во ...

Осумдесет процентен пад на продажбата на живинарските производи

Канал5 - 24.10.2005

Продажбата на пилешки производи и јајца паднала дури за 80 проценти, а извозот е стопиран. Вака Здружението на живинарите ја опишаа состојбата во која се наоѓаат, по информациите дека во земјава имало птичји грип. Продажбата на пилешки производи и јајца паднала дури за 80 проценти, а извозот е ...

Потврден вирусот на птичји грип и во Источна Хрватска

Канал5 - 24.10.2005

Присуство на вирус на птичји грип денеска е потврдено и во близина на Нашице, Источна Хрватска врз основа на земените примероци од пцовисаните лебеди. Присуство на вирус на птичји грип денеска е потврдено и во близина на Нашице, Источна Хрватска врз основа на земените примероци од пцовисаните ...

Сомнителната кокошка се загуби на пат за Лондон

Време - 24.10.2005

АДРИЈАНА ГЕОРГИЕВ Сомнителната кокошка од Могила, болна од птичји грип, се загуби на патот за Лондон. Ниту Ветеринарната управа, ниту кој било во државава, па дури ни македонската амбасада во Лондон не знаат каде е примерокот за анализа и кога ќе пристигне во лабораторијата во Велика Британија.

Кокошките ги прежалија - се свртија кон репката

Време - 24.10.2005

ПО ШОКАНТНАТА НЕДЕЛА ВО МОГИЛА Во саботата во Могила заврши превентивната акција за уништување на живината и за дезинфекција на теренот. По неколкудневно убедување, последните триесетина семејства се согласија доброволно да ја предадат живината, така што не беше потребна полициска асистенција.

Птичји грип во Хрватска и во Шведска

Дневник - 24.10.2005

СМРТОНОСНИОТ ВИРУС СЕ ШИРИ ВО ЕВРОПА Уништувањето на птиците се одвива според утврден план и тоа на живинарските фарми во радиус од 3 километри од местото каде што се пронајдени лебедите Смртоносниот вирус Х5Н1, што го предизвикува птичјиот грип и од кого можат да заболат и луѓето, е пронајден во ...

И Хрватска стана жртва на птичјиот грип

Време - 24.10.2005

НОВИ СЛУЧАИ НА ЗАБОЛЕНИ ПТИЦИ Првиот случај на птичји грип во петокот попладне бил потврден и во Хрватска. Во рибник во близината на Ораховица бил издвоен вирусот на птичји грип поттип Х5. Вирусот бил откриен кај шест од 12 угинати лебеди во рибникот.

Во хрватака прв случја на птичји грип

Вест - 24.10.2005

Десет илјади домашни птици се уништени во Хрватска за да се спречи ширењето на вирусот на птичји грип, кој во петокот беше откриен кај 12 угинати лебеди во близина на Зденица. испитувањето покажало дека се работи за поттип на вирусот кој не е опасен за луѓето.

Никој не знае каде е сомнителната кокошка

Време - 24.10.2005

ВЕТЕРИНАРНИОТ ИНСТИТУТ ЈА ГУБИ КОНТРОЛАТА Ветеринарната управа не знае кога точно примерокот за анализа од сомнителната кокошка од Могила ќе пристигне во лабораторијата во Лондон и кога ќе ги добиеме резултатите за тоа дали се работи за смртоносниот вирус на птичји грип Х5Н1.

Ќе се тепаме за секој гулаб!

Дневник - 24.10.2005

ВО БИТОЛСКО РАСТЕ ТЕНЗИЈАТА Откако во битолското село Могила се уништени 4.000 кокошки и друга живина, гулабарите од тој крај најавуваат дека нема "евтино да се продадат" и велат дека ќе бараат и по 100 евра за секој гулаб. - Ако платат за секој гулаб по 100 евра, ќе им ги дадеме.

ПТИЧЈИ ГРИП ОТКРИЕН И ВО ХРВАТСКА

Вечер Прес - 24.10.2005

Хрватскиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Младен Павиќ, соопшти дека во Хрватска е потврден првиот случај на птичји грип. Вирусот е откриен кај примероци од 12 угинати диви лебеди што биле пронајдени на рибник на еден земјоделски комбинат во местото Ораховица во источниот дел ...

Уништени 4000 парчиња живина

Вечер Прес - 24.10.2005

Во селото Могила заврши акцијата за уништување на живината како превентивна мерка против птичјиот грип. Во рок од три дена ветеринарни инспектори од Битола и Прилеп уништија над 4.000 кокошки, гуски, пајки и мисирки, а единствено во карантин се ставени некои ретки видови на гулаби.