Вистината доцни, но не заборава. Вака, со народна изрека, лидерот на ДУИ Али Ахмети ја поздравува резолуцијата на Европскиот парламент во која, како што вели, е опфатен поголем дел од платформата на ДУИ. За Ахмети ова претставува уште еден силен и праведен доказ за издржаноста и легитимните барања ...
ЕВРОПАРЛАМЕНТОТ ГО ИЗГЛАСА ИЗВЕШТАЈОТ ЗА МАКЕДОНИЈА Со 558 гласови за и 47 против Европскиот парламент во Стразбур вчера го изгласа Извештајот за напредокот на Македонија во 2006 година, во кој стојат повеќе критики и само неколку пофалби за развојот на земјата и нејзиниот пат кон Европската унија.
НСДП ќе го поддржи новиот собраниски деловник. Според нивниот пратеник Горан Мисовски, поддршката на деловникот не е повразана со барање до премиерот Никола Груевски ВМРО-ДПМНЕ да гласа за законот за стечајните работници, иако тој се надева дека ќе добијат поддршка за нивниот предлог.
Пратениците на владејачката НСДП ќе го поддржат собранискиот деловник, што го предложи ВМРО-ДПМНЕ, најавија вчера во партијата на Тито Петковски. Според пратеникот Горан Мисовски, поддршката не ја условуваат со прифаќање на нивниот предлог за решавање на статусот на стечајците.
Европскиот парламент вчера го прифати Извештајот за напредокот на Македонија за 2006 година. Со 552 гласа "за" и 47 "против" Парламентот го усвои извештајот на Ерик Маилер. Притоа биле вметнати уште 10 нови амандмани, кои според македонската делегација која беше во Стразбур и одат во прилог на ...
ДЕЛОВНИКОТ ЌЕ ГО „ЗАГЛАВИ“ СОБРАНИЕТО Околу 2.000 амандмани ќе поднесе СДСМ за да го спречи донесувањето на новиот собраниски деловник откако ВМРО-ДПМНЕ одби да го повлече предлогот за деловник со кој мнозинството партии во парламентот не се согласуваат.
Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јани Макрадули, вчера во Собранието на Република Македонија, одговарајќи на новинарско прашање колку амандмани имаат поднесено за измените и дополнувањата на деловникот за работа на Собранието, рече дека СДСМ поднесе околу 1.900 амандмани за подобрување ...
СДСМ вчера поднесе 1.900 амандмани и процени дека за деловникот ќе се расправа половина година Можно е новиот деловник целосно да ја блокира работата на Собранието ако ВМРО-ДПМНЕ, од една страна, и ДПА и опозицијата, од друга, до понеделник не ги надминат различните ставови.
Опозициската СДСМ вчера ги поднесе најавените близу 2.000 амандмани, со кои ќе се обиде да го блокира донесувањето на новиот собраниски деловник, што го предложи ВМРО-ДПМНЕ. Тие бараат широк консензус за деловникот и негово носење во две фази.
По блокираните судски реформи опозицијата има стратегија како да ја натера власта да се откаже од носење на новиот собраниски деловник, со кој драстично ќе се скратат собраниските говори. Со денеска поднесените 1.800 амандмани, тие очекуваат да ја премислат власта.
ПРОДОЛЖУВА ДИЈАЛОГОТ МЕЃУ ВМРО - ДПМНЕ И ДУИ Употребата на албанскиот јазик и статусот на припадниците од поранешна ОНА биле тема на завчерашната средба на работните групи на ВМРО - ДПМНЕ и ДУИ. Средбата е по обвинувањата на ДУИ дека Груевски доцни со исполнување на договореното.
Пратеникот Влатко Ѓорчев обвинува дека СДСМ сака Собранието да биде нефункционално и да не ги носи законите Опозициската СДСМ вчера ја повика ВМРО-ДПМНЕ да ја повлече од процедура најновата верзија на собранискиот деловник, зашто во спротивно неговото донесување ќе го блокираат со доставување на ...
Пратеничката група на СДСМ бара повлекување на Предлог-деловникот или да не се донесува во една фаза Гордана Дувњак Пратеничката група на СДСМ вчера побара повлекување на Предлог-собранискиот деловник или предлагачите да се откажат од намерата тој да биде донесен во една фаза.
Освен од опозицијата, деловникот не доби поддршка ниту од владејачките ДПА и ЛП Новиот деловник, во кој се вклучени и 46-те закони од договорот меѓу лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, Никола Груевски и Али Ахмети, вчера не помина во матичната собраниска комисија.
Околу 2000 амандмани се поднесени за собранискиот деловник кој го предлага ВМРО-ДПМНЕ. Само СДСМ има 1800, откако ВМРО-ДПМНЕ одби да го повлече предлогот. Опозициската партија препознава противуставни решенија и предлози што се косат со досегашната пракса.
По неуспешниот обид за проширување на дијалогот со останатите парламентарни партии, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ завчера се договориле сами да ги продолжат разговорите за агендата што ја усогласија Груевски и Ахмети. Во двете партии вчера ја потврдија средбата во Парламентот, но официјално не соопштија детали ...
Во присуство на странци синоќа во Собранието ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ отвориле две од петте прашања од договорот меѓу Груевски и Ахмети - законот за јазиците и статусот на припадниците на ОНА. Со кафе муабет биле разгледани варијанти како да се решат најбезболно.
ПАРТИСКИ СРЕДБИ Премиерот Никола Груевски завчера преку писмо ја покани ДУИ да учествува на разговорите за судските реформи, потврди Ермира Мехмети, портпаролката на ДУИ. Груевски, исто така, писмено ја покани и лидерката на СДСМ Радмила Шеќеринска да учествува на дијалогот што Владата го води со ...
ПРОПАДНА ОБИДОТ ЗА ДИЈАЛОГ МЕЃУ ВЛАСТА И ОПОЗИЦИЈАТА ВО СОБРАНИЕ СДСМ тврди дека премиерот Никола Груевски прво треба да појасни дали има договор со ДУИ, а после да ја кани на разговори, а ДУИ бара ВМРО-ДПМНЕ да го почитува договорот со неа Опозицијата не дојде на вчерашната средба на ...
Новиот челник на ДПА, Мендух Тачи, вчера уште еднаш го покани на средба лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој деновиве ја одби неговата последна понуда како несериозна. „Не сум среќен поради тоа што Ахмети ја одби мојата последна покана, бидејќи ДУИ се' уште води политика на конфронтација, која е ...
Опозицијата го одби барањето за политички дијалог, зашто не сака да биде нем посматрач на преговорите меѓу ВМРО и ДУИ Гордана Дувњак Опозицијата вчера го бојкотираше повикот на премиерот Груевски за продолжување на политичкиот дијалог упатен на крајот на викендот, но овој пат меѓу сите поголеми ...
Во Собранието не дојдоа опозициските СДСМ, ДУИ и ЛДП, а се поделија присутните од владејачката коалиција ВМРО-ДПМНЕ и ДПА Пропадна обидот на премиерот Никола Груевски да го спроведе договореното помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и во дебатата да ги вклучи релевантните парламентарни партии.
Предлогот на нов деловник кој влезе во собраниска процедура ја има поддршката само на ВМРО-ДПМНЕ. ДПА и либералите гласаа воздржано на комисијата за деловнички и мандатно- имунитетни прашања. Предлогот на нов деловник кој влезе во собраниска процедура ја има поддршката само на ВМРО-ДПМНЕ.
Договорот Груевски Ахмети за барање решенија за јазикот и борците на ОНА почна да се реализира. Откако опозицијата категорично одби да се вклучи во дијалогот ВМРО-ДПМНЕ ДУИ, вчеравечер се сретнаа работните на двете партии. Договорот Груевски Ахмети за барање решенија за јазикот и борците на ОНА ...
Пропадна обидот на премиерот Никола Груевски, во договорот со ДУИ да ги вклучи и останатите парламентарни партии. На поканата за средба на работните групи во Собранието, вчера се одзваа само коалиционите партнери на ВМРО-ДПМНЕ, но и тие беа воздржани за прашањата за кои претходно се усогласија ...
Опозицијата не сака да го игра тангото на Груевски и Ахмети. СДСМ му порача на Груевски, тоа што го договорил со лидерот на ДУИ сами да го реализираат и да не бара да ја споделува одговорноста со други. „На Груевски не му требаше СДСМ кога одлучи да разговара сам со Ахмети, тогаш го истурна СДСМ од ...
ПО ПОКАНИТЕ НА ТАЧИ ЗА СРЕДБА СО АХМЕТИ Наместо албанско - македонски, ДПА сака меѓуалбански дијалог, се вели на партискиот сајт на ДУИ како одговор на поканите на Мендух Тачи за средба со Али Ахмети. ДУИ смета дека поканите на Тачи се само тактика за префрлање на проблемот од меѓуетнички на ...
Не оди дијалогот и тоа не само меѓу власта и опозицијата туку и во самата владејачка коалиција. На една недела пред гласањето за новиот деловник, со кој 46 бадентерови закони договорени меѓу Груевски и Ахмети треба да станат дел од собранискиот правилник, Мендух Тачи најавува дека неговата ДПА ќе ...