Палестинскиот лидер Јасер Арафат вчера ги осуди авионските напади врз светскјиот трговски центар во Њујорк, и врз Пентагон во Вашингтон. "Го изразувам моето сочувство и сочувството на палестинскиот народ на американскиот претседател Буш и на американскиот народ за овој ужасен чин. Го осудуваме ова.
Четворица Палестинци биле повредени во текот на ноќта кога израелски тенкови го опколиле градот Јенин во палестинската автономна област на Западниот Брег, соопшти Армијата на Израел. Израелците акцијата ја спровеле со цел да биде спречено навлегувањето на нови бомбаши самоубици на израелска ...
Тел Авив, 11 септември - Израел го одби предлогот на палестинскиот лидер Јасер Арафат за итна средба со шефот на изреалската дипломатија Шимон Перес во египетската престолнина Каиро, на која би се разговарало за перкинот на огнот, јави вчера израелското радио.
МАДРИД, 11 септември (Ројтерс) - Израелскиот премиер за надворешни работи Шимон Перез планира денес да се сретне со палестинскиот лидер Јасер Арафат и покрај ескалацијата на насилството во регионот, извести министерот за надворешни работи Хосе Пике.
БЛИСКИ ИСТОК Палестинскиот претседател Јасер Арафат има желба и е спремен во кој било момент да се сретне со шефот на израелската дипломатија Шимон Перес за да се издејствува прекин на огнот во регионите Западен брег и Газа, јави Ројтерс.
Штабот на Фатах во Рамалах по израелскиот напад Тел Авив, 10 септември - Најмалку петмина Израелци се убиени, а 30-на повредени вчера во двата самоубиствени напад на Палестинци во градовите Нахарија и Нетанија, соопшти израелското радио.
ПРЕД ПРЕГОВОРИТЕ МЕЃУ АРАФАТ И ПЕРЕС Во предвечерјето на најавените преговори меѓу Јасер Арафат и Шимон Перес палестински терористи вчера извршија серија напади во кои загинаа 7 лица, јави Ројтерс. Првиот напад се случил кај еврејска доселеничка населба во долината на реката Јордан.
ЗАВРШИ КОНФЕРЕНЦИЈАТА ВО ДУРБАН Во јужноафриканското пристаниште Дурбан завчера заврши Конференцијата за расизам на Обединетите нации, која уште пред да почне беше обележана како катастрофа, јави Ројтерс. Американската и израелската делегација ја напуштија конференцијата, на која, според нив, ...